Zofia Samaradzińska
Скопје
1
2
3

Биографија

Софија е родена во Лубин. Возраста нема значење за неа и затоа не ја кажува. Најмлада е од трите деца. Детството било за неа многу убаво време, затоа што семејството многу се сакало и почитувало. Татко и починал кога имала четиринаесет години и тој имал најголемото влијание на нејзиниот карактер. Уште како дете била многу активна и сакала да се ангажира посебно во уметничките дејности. Во Лубин го завршила основното и средното училиште. Студирала театарска режија во Лублин. Кога ја посетувала сестра и која била мажена во Македонија сосем случајно го запознала нејзиниот сопруг. Младите почнале да живеат заедно во Скопје. На почетокот имале финансиски проблеми но со текот на време ситуацијата се стабилизирала. Софија доста брзо го научила јазикот. Во Скопје се родени двајцата синови – постариот Александар и помладиот Даниел. И недостасува Полска но го сака својот живот во Македонија. Работи како преведувач, им помага на полските војници во Косово и Македонија.

Пред заминувањето

Софија е родена во Лубин, на последниот ден од знакот бик – раскажува. Нејзиното семејство се преселило таму од околината на Лоџ. Татко и пред втората светска војна бил директор на училиштето во Виелун, а по војната бил пратен да работи во регионот вратен во границите на Полска од источната страна. Овој човек активно работел за локалното население, во Лубин сите го знаеле и почитувале. Софија се чуствувала многу поврзана со нејзиното семејство: „Имав прекрасни родители. Пракрасниот брат, сестра, баба.“, но најмногу била поврзана со татко и кој премногу рано починал а кој ја оформил како човек: „Имав татко кој многу го сакав, кој ме напуштил кога имав четиринаесет години, но тие четиринаесет години живеење со него го изградило целиот мој карактер.“ Никогаш не и било здодевно, немала време да се досадува затоа што била воспитана на човек на кој му треба да работи нешто важно во животот и не само за себе. Многу го сакала гратчето, имала таму многу пријатели и пријателки, таму го завршила училиштето со музичкиот профил. По завршувањето на средното училиште по убедувањето од директорот на домот на култура заминала во Лублин да студира театарска режисерија. Го завршила факултетот и била многу задоволна: „Бев шефица на масовните настани и го водев куклениот театар, оваа е прилика да се развива фантазијата.“ Но судбината сакала ж никогаш повеќе да не ја работи режисеријата.

Заминувањето - мотивација

Се заљубила на неочекуваното место и ситуацијата. Постарата сестра на Софија во Полска запознала Македонец, кој заедно со семејството избегал од Грција каде имало граѓанска војна. Се запознале во Лубин, се заљубиле и по склучувањето на бракот заминале во Македонија. Таму живееле во Гостивар. Првите години не им биле лесни од економската гледна точка, во Полска им било подобро. Загрижена за сетра и Софија одлучила да ја посети и да ги убеди да се вратат: „И кога дојдов да ги убедам да се вратат, несакајќи го запознав мојот сопруг, тоа беше навистина случајно“. Кога Софија со другарката која дошла со неа се шетале низ центарот на Скопје ја забележал Јордан кој продавал честитки. Заедно ја поминале Нова Година кај сестра и а потоа година и пол си пишувале писма. Во лето тој дошол кај неа во Полска за да се заедно засекогаш. Софија, како сестра и, заминала во Македонија и му поставила на сопругот само еден услов: „Или во Скопје или никаде.“

Mиграција - прилагодување

Двајца млади, образовани и полни енергија луѓе би можело да бидат на сигурен пат кон успехот но понекогаш судбината сака да биде поинаку. Така било во случајот на Софија и Јордан. Таа не можела да добије легална работа затоа што имала проблеми со одобрувањето на престојот. Тој не можел да најде работа да му одговара на неговото образование. Младоста и многу енергија им помогнале да го преживеат овој тежок период. Софија го научила македонскиот јазик и се поврзала со Полјаци кои живееле во Македонија. Кога не работела му се посветила на културниот живот на пример организирала изложби на уметност. Во Полска одела само кога можела, но никогаш не се решила да се врати. Во Македонија им се родиле двајца синови. Благодарјќи и на нејзината работа има постојан контакт со Полјаците, но има и многу македонски пријатели и познати. Во новата татковина се почуствувала како дома во моментот кога луѓето почнале да ја поздравуваат на улица: „Да, од моментот кога сите ми велат <<Добар ден, како сте?>>.“ Откако има работа, од која е задоволна, не миси да се врати во Полска, затоа што во Македонија има се што и е најважно. Семејство, дом и работа.

Секојдневниот живот во Македонија

Од секогаш била активна и сакала да помага. Благодарејќи му на воспитанието кое го имала од дома ја доценила и полската влада. „Ова се е изнесено од дома, традицијата…Сега добив медал од Министарството за Одбрана. Министерот ми го даде за активност за Полјаците во странство.“ Многу работи, но не и пречи тоа, затоа што тоа со што се занимава и придонесува задоволство. Контакт со другите луѓе и можноста да им помага на луѓето е многу убава работа за Софија. Меѓу другото се занимава и со преведувањето. Постојано ги одржува контактите со членовите на полското здружење иако нема веќе многу време за тоа, но ако некој и побара помош, секогаш помага. Кога има веќе слободно време најмногу сака да го помине со внуците разгалувајќи ги. Многу важно е за неа да се одржуват полските традиции. „Ова беше семејство со големите традиции со кои јас многу се поврзав и се трудам да ги развивам. Постојано се трудам да го славам Божиќ“. Порано одела во Полска неколку пати годишно, сега нема време толку често да патува.

Идентитет

Софија е многу поврзана со полската традиција и култура, но не чуствуа потреба да го определува нејзиниот идентиитет: „Нема значење тоа, ние не се определуваме, ние сме“ Важно е каков човек си а не од која националност. Ги почитува Полјаците и нивните вредности, но не ги цени повеќе одколку Македонците. Нејзиното срце го дели меѓу двата народи.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS