За проектот

Полски знаци во Македонија

Кога се зборува за Македонија тешко е да се најде врска со Полонија. Не е ни возможно да се замисли таквонешто како македонски Полјаци. Кои би требало тие да бидат?! Од која причина би се нашле во оваа мала држава, која се наоѓа во самото срце на Балканскиот Полуостров?! – Но цепак тие постојат. И покрај тоа што Полјаците немаат некоја посебна причина која ги натерала да живеат во Македонија, сепак скоро секој граѓанин на оваа мала држава знае некој кој е по потекло од Полска.

Кога за прв пат ја посетивме Македонија, многу ни беше чудно кога слушавме луѓе кои не поздравуваа на полски јазик. Бевме изненадени од приказните раскажувани за нивните тетки, соседи, колеги од работа кои се Полјаци. Честите траги од Полјаците во Македонија не инспирираа да ги пронајдеме и да го разбереме нивниот живот во оваа земја.

Во август 2012 година бевме веќе организирана група на истражувачи, поврзани со организацијата „Pracownia Etnograficzna”. Посетивме тогаш околу 40 лица, кои имаат полско потекло или  на некој начин се поврзани со Полска, а живеат во Македонија. Истовремено ги баравме историски личности, Полјаците, кои одиграле важна улога во историјата на Македонија.

Со оваа веб страна сакаме да ве потикнеме да ја посетите Македонија и да ги запознаете луѓето, чии судбини ги опишавме. Повелете на овој заеднички пат!

Маргарета Чижевска и Магдалена Турковска

Главни организатори и координатори на проектот: Маргарета Чижевска и Магдалена Турковска

Група на изтражувачи:Агњешка Милковска, Александра Фориш, Магдалена Турковска, Маргарета Чижевска, Марта Гапињска, Михаил Глушек

Идеја за изложбата: Маргарета Чижевска и Магдалена Турковска

Уредник: Каја Којдер – Демска, Михаил Глушек

Kонсултации: проф. Ана Eнкeлгинг, д-р Мачеј Фаlски

Превод: Александра Мијакоска, Катерина Микрут

Проект на изложбата: Камила Тињец

Веб Страна: Михаил Шота

Пројектот е реализиран од здружението „Pracownia Etnograficzna” Витолд Диновски. Пројектор е финансиран од средствата на Министерството на Надворешни Работи во текот на јавниот конкурс за реализацја на задачата за Соработка на Полонија и Полјаците во странство.