Teresa Prokopowicz-Šaurek
Скопје
1
2
3

Биографија

Тереса Прокопович Шаурек повеќе од 30 години живее во Македонија во Скопје. Родена е во Полска во околината на Лоџ. Со оглед на историјата на нивното семејство и конфликтот со комунистичката влада на Полска кој го имале многу често се селеле. Уште како дете сонувала да биде лекар а нејзината друга страст била музика. Во Полска го завршила средното музичко училиште. Но за факултет ја одбрала медицина. На деветнаесет години започнала да студира во Медицинска Академија во Лоџ. Во Лоџ го запознала нејзиниот иден сопруг, Македонец од Југославија. После едногодишна врска заминала со него во Македонија. Не го знаела добро јазикот и медицината ја оставила за подоцна и се запишала на Музичката Академија на Педагошкиот Факултет а потоа на југословенската книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Со такво образование завршила во Радио и телевизија во Скопје. Страст кон музиката победила. Уште во текот на факултетот се појавиле децата, но не се откажала ниту од работата ниту од семејниот живот. Истовремено работела во радиото, заедно со мажот и работеле на реализацијата на театарските претстави. Се занимавала секако и со куќата. Во осумдесеттите години била ангажирана во дејството на полските здружења во кои е активна и денес, но за жал не работи повеќе во радиото.

Пред заминувањето

Тереса е родена во Полска во Пабианице во близина на градот Лоџ. Заедно со семејството често се селиле. Главната причина биле недоразбирања со комунистичката влада на Република Полска. „Затоа јас во Полска живеев на различни места, моите родители биле преместувани, цело време на други места. Татко ми бил прогонуван поради потеклото и на тој начин му кажувале дека го пратат цело време.“ Уште како деде сонувала за медицина. Можеби инспирацијата за неа биле родителите – двајцата лекари. Неговата друга страст била музиката. Но не го врзувала животот со музиката. Го завршила средното музичко училиште, но на факултет се запишала на Медцинската Академија во Лоџ. Не го завшила факултетот, во првата година на деветнаесет години го запознала нејзиниот иден сопруг – Македонец кој бил во Полска поради стипендијата од полската влада.
Сопругот, тогаш уште нејзиниот дечко беше театарскиот режисер и патувал низ целата Полска. Немале многу вереме да се запознат.

Заминувањето - мотивација

И покрај тоа што мажот и Тереса го познавала не цела година, покрај тоа што родителите сакале прво да го заврши факултетот и покрај силните врски со семејството, државата и градот Тереса одлучила да замине во Македонија. Пред тоа го склучиле бракот во Полска. Сопругот на Тереса ја завршувал стипендијата а таа сама признава: „јас бев прво многу заљубена, второ, сакав да се најдам малку во друг дел на светот (…). сакав да видам како изгледа вистинскиот свет, малку поинаков.“. На почетокот мислела да оди само на малку но работата, новите пријателства, срдечноста од страната на семејството на мажот и ја одалечувале мислата на враќањето. Главната мотивација била пред се љубовта кон сопругот и заинтересирањето за неговата работа но исто така желба да се запознае светот. Љубовта и била вратата преку која можела да ја запознае другата реалност не само таа што ја знаела од комунистичката Полска

Teresa Prokopowicz-Šaurek

Mиграција - прилагодување

На Тереса тешко и е да определи кога се почуствувала како дома, дали тоа воопшто се случило? Цело време и недостасува Полска и цело време сонува и планира да се врати. Иако во текот на нашите разговори на кафе признава дека не ја разбира денешната Полска и се губи во брзањето таму. Во Македонија имала многу активен живот, со работата во радиото, театарските претстави, полските здружења, преводи на книгите, помош на Полјакините да се прилагодат кон новите услови: „И покрај тоа што многу срдечно ме примиле, и семејството и луѓето на работа и на факултетот….но толку ми недостасува Лоџ, Полска, нашите…цело време мислев дека тоа ќе биде само малку па ќе се вратам, и со таа мисла живеев но животот одеше брзо, се појавија децата и немав време да размислувам, децата требаше да одат на школо. Некако немаше време, темпото на животот беше слично како денес и секогаш со мажот ми имавме полни раце работа. “ Сето тоа придонело дека си го нашла местото но поради работата имала постојан контакт со Полска. Признава исто така дека животот во Југославија бил полесен во споредба со комунистичката Полска и со денешната Македонија. Југославија овозможувала слобода на контактите, патувања, економската стабилност. Сегашноста разочарува и според Тереса е потешка за младите.

Секојдневниот живот во Македонија

Сега Тереса е во пензија. Цел живот работела во радиото како реализатор на звукот. Поради работата имаше постојан контакт со Полска, соработувала со Полското Радио, ги промовирала полските уметници. Покрај работата се занимавала и со куќата, каде што се грижела да се зачува полскиот јазик, традициите и обичаите поврзани со Божиќ или Велигден. Но секогаш исто така ја почитувала традицијата во кој израснал мажот и, на земјата во која живее. Во осумдесеттите години по добивањето на вести за воведувањето на вонредната состојба се ангажирала во организирањето на полското здружење во Македонија. Сега е претседател на една од организациите Клуб Полонија кој беше основан во рамките на Полко-македонкото друштво на пријателство. Сеуште се труди да ги активира Полјаците, пред се Полјакините кои живеат во Македонија, ги организира вечерите на поезијата или празничните средби. Често организира помош за сиромашните, постарите лица или жени во несреќните бракови. Многу сака да прима гости и им раскажува за Македонија, нудејќи колачи и смокви од нејзината градина. Нејзиниот омилен град е Охрид а во Скопје многу ја сака улицата покрај Здружењето на Македонските Писатели.

Идентитет

Тереса се чуствува Полјакиња и нема никакви сомнежи околу тоа. Тоа го истакнува работејќи во полското здружење. Секој ден се труди да им го предава знаењето за Полска на другите, интересот за нејзината историја, културата, јазикот. Јазикот е за неа мерка за идентитетот, не може тој да се заборави и треба да се пренесува од генерација на генерација. Нејзините деца и внуци исто така зборуваат полски. Целиот дом има исто така многу полски карактеристики и елементи – слики, сувенири а пред се книги. Често се гледа полската програма ТВ Полонија на телевизијата. Во кујната исто така Тереса водеде многу полски елементи – пред се поради празниците се грижи јадењата да имаат традиционален вкус. Затоа пријателите уште во септември и носат од Полска печурки. За Македонците често вели „тие“ но Македонија и е домот исто така. Има тука свои омилени места, убави сеќавања и многу планови. Цело време сонува да се врати во Полска.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS