Maria Dimitrowa
66 години, Скопје
1
2
3

Биографија

Марија Димитрова е родена во Полска во 1946 година. Е многу срдечна, друштвена и сака да помага. Од таков агол ги гледа луѓето со кој се среќава. Потекнува од Поможе – таа и нејзините двајца помлади браќа се родени во Гдиња. Татко и починал кога била дете и мајка и самостално ги воспитувала децата. Основното и средното училиште ги завшила во својот роден град. Во Гданск ги започнала педагошките студии. Мајка и им ги изнајмувала собите на туристите и така Марија го запознала идниот сопруг – Македонец. Го прекинала факултетот и кон крајот на шеесеттите години се омажила и заминала кај сопругот. Првите две години живееле во Кочани а потоа се преселиле во Скопје. Во Полска оди секогаш кога може но нејзиниот дом е во Македонија. Тука живее мажот и, децата, внуците. Сега Марија е во пензија. Им помага на членовите на семејството, ги чува внуците, активна е во Здружење на полско-македонското пријателство – Бисла.

Пред заминувањето

Родена е на Поможе во Гдиња. Таму растела. Кога имала дванаесет години починал татко и и од тогаш мајка и се грижела за семејството. Требало самостојно да ги воспитува Марија и нејзините двајца помлади браќа. На мајка и и помагале роднините, освен тоа по сопругот добила пензија, а и работела. Цел живот се трудела на децата да не им недостасува ништо. Марија ги сакала заедничките игри со другарите и другарките во дворот. Животот во Гдиња бил добар, затоа што соседите си помагале меѓусебно и биле мили еден спрема друг. Во нејзиниот роден град ги завршила основното и средното училиште а потоа ги започнала педагошките студии во Гдањск. Како младата девојка сакала да оди на журки со другарите и другарките, да оди во Сопот каде во клубот Нон Стоп можело да се слуша во живо групите како што на пример Црвени Гитари. Во тој период во Полска тешко било да се купи убава и модна облека но таа и нејзините другарки добро се снаоѓале и правеле од ништо нешто. Мајка и на Марија изнајмувала соби за туристи. Еднаш некој препорачал на еден студент од Варшавска Академија на уметност, кој сакал на неговиот другар кој го запознал на одмор во Бугарија, да изнајмат соба кај нив. Овој другар бил идниот сопруг на Марија.

Заминувањето - мотивација

Гдиња во втора половина на шедесетите години. Во сончевиот ден Марија со другарка и го поминувале времето дома гледајќи ги туритите кои престојувале кај нив. Еден од нив бил од Варшава а другиот од далечната Македонија. Девојките не биле заинтересирани толку за мажите, повеќето за кошулите кои ги донел странецот и испрани ги пружил, такви немало во Полска. Марија многу брзо ја заборавила средбата и воопшто не мислела на гостите во нејзиниот дом. И наеднаш кога шетала низ Сопот се појавил пред неа овој Македонец. „И тука на кеј во Сопот…тој…И тогаш во Сопот се запознавме. Тој бил кај мене дома но почнал да зборува со мене во Сопот. И отидовме кај Златниот Ул на кафе, па на друго место на чај…“ Така започна најголемата авантура во живототт на Марија, значи љубовта кон мажот и. Тој отишол во Југославија и им останало да пишуват писма, се до следната година која таа дошл кај него. Потоа се сретнале во зима, пак во Гдиња но овој пат за да го склучат бракот. Марија требало да го прекине факултетот и да се раздели со семејствотот но не жалела, сакала да е со саканиот. Почнале да живеат заедно во Кочани.

Maria Dimitrowa

Mиграција - прилагодување

Кочани е мал град кој кон крајот на шеесеттите години токму се развивал. Немало таму многу простор за забава, имало дом на култура, кино и фамилиарен живот. Марија живеела таму само две години но многу добро се сеќава на овој период, токму таму научила како да живее во Македонија. Требало истовремено да учи и српски и македонски. На полски можела да разговара само со една другарка Полјакиња која што ја запознала веќе таму но таа брзо заминала во Австралија. Но Марија успеала да воспостави контакт со другите жени од Полска кои живееле во другите места. Многу добро ја примиле семејството на сопругот и соседите. „Луѓето се посетувале едни со други, соседот одел кај друг сосед, пријателот кај друг пријател, си помагале“. Најмногу се сеќава на Васка, сосетката од горниот спрат која ја учела на кујната и обичаите. „Оваа била жена со полна душа кај неа дома било секогаш полно луѓе“. Во Кочани им се родил син Драган. Иако во Кочани било добро на Марија и недостасувал животот во голем град и семејството се преселило во Скопје. Еден период Марија студирала на универзитет таму но тешко и било да ги усогласи учењето и воспитување на детето и затоа се откажала. По некое време им се родила ќерка, Магдалена, а Марија почнала да работи во…каде што работел и сопругот. Таму даесети пет години работела како референтка во канцеларија. Во тој период воспоставила контакти со Полјаците кои живеат во Македонија.

Секојдневниот живот во Македонија

Марија веќе неколку години е во пензија, но цело време се труди да е активна. Со нејзината харизматичност им даа поддршка на сопругот и децата. Таа е жена која сака да прави нешто за другите. Е членка на полското здружење Висла, каде што заедно со другите активистки помага во организирањето на средби за Полјаците и заинтаресирани за Полска Во Скопје и на други места. Во текот на летниот одмор одела со децата на кампови како воспитачка на групите на пример во околината на пулави. Празниците ги слави и католичките и православните. Го сака својот живот во Македонија и како што вели „Во македонија никој не се чуствува како странец“. Не мисли да се врати за постојано во татковината, сега нејзиниот дом е во Скопје, но само ако може оди во Полска а пред се на Поможе. Се трудила да ги одржува контактите со пријателите од детството, но за жал овие врски со текот на годините ослабнале. Сега се труди да ги обнови. Никогаш не ги терала децата, внуците или сопругот да имаат симпатија кон земјата од која потекнува но земјата им е на целото семејство многу блиска.

Идентитет

Во Македонија многу добро и се живее, не се чуствува таму како сранец, но истовремено не се чуствува дека е од таму. Марија е Полјакиња во Македонија. Таму живее веќе преку 40 години но и недостасува Полска и Гдиња: „Кога гледам море во телевизија…кога го гледам морето го чуствувам и мирисот како да сум таму.“ Кај Полјаците ја цени личната култура и тоа дека сакаат ред, во Македонците ја цени друштвеноста и тоа дека се отворени и си помагаат. Никогаш не го наметновала нејзиниот идентитет на децата ниту на внуците.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS