Krystyna Mihailidis
48 години, Гостивар
1
2
3

Биографија

Кристина Михаилидис, моминското презиме – Кужава, е родена во 1964 година во Згожелец. Во 1984 година заминала на одмор во Македонија кај брат и. Поради интригата на брат и уште во истата година го склучила бракот со неговиот сосед, во амбасадата во Белград. Пола година подоцна мажот и имал сериозна несреќа а неговото заздравување траело скоро 4 години. Седејќи покрај болничкиот кревет со медицинските сестри Кристина учела да го пие кафето кое никогаш порано немала пиено. Во истото време кога се случил овој настан, Кристина се вработила во шивачката работилница во Гостивар. Благодарејќи и на работата склучила многу пријателства со граѓанките од Гостивар. Била дури и кума на свадбата на братот на една од нејзините другарки што е во Македонија доста голема чест.
Кристина активно учествувала во животот на Полонијата. Скоро после раѓањето на детето почнала да води школо за полски јазик во Гостивар каде што учеле не само полските деца но исто така и албанските. Денес постојано живее во Гостивар со сопругот и двајца синови. Работи како тапицер.

Пред заминувањето

Кристина е родена во Згожелец. На почетокот живеела со родителите и тројца браќа и сестри во Стојаново, после тоа семејството се преселило во Пиенск, каде што таа го завршила основното училиште. Во Згожелец учела во стручното училиште за шивачка. Следниот чекор во нејзината едукација била висока школа за шиење облека во Валбжих (поради тоа требало да се пресели во Свидница). За жал поради лошата финансиска ситуација во која се нашло нејзиното семејство откако починал нејзиниот татко, морала да го прекине образовањето, да се врати во Пиенск каде почнала да работи во фабриката за стакло. Во 1984 заминала на одмор кај брат и кој бил оженет за Егејка и заедно со неа се преселил во Македонија, во Гостивар. Напуштајќи ја Полска не знаела дека заминува за постојано. Не знаела исто така дека брат и заедно со неговиот сосед веќе порано измислиле дека таа ќе му биде жена.

Заминувањето - мотивација

Кристина, заминувајќи од Полска во 1984 година не мислела дека ќе остане во Македонија. Брат и сакал да остане во Македонија поради тоа што ситуацијата во Полска станувала се понестабилна, тоа беше периодот на движења, штрајкови – времињата на „Солидарност“. Како што вели Кристина „атмосферата беше густа“. За да ја задржи сестрата во Гостивар братот решил да ја запознае со неговиот сосед – егејскиот Македонец, кој порано се вратил од Чешка заедно со родителите (сестра му не се вратила со нив и се омажи за Чех). После доаѓањето на Кристина нејзиниот брат немал многу време да и посвети, соседот и предложил дека ќе и ја покаже Македонија. Во истото време брат и почнал да преговара со неа да склучи брак со соседот да добие југословенски пасош. Конечно брат и ја убедил Кристина. Иако бракот требало да има фиктивниот карактер Кристина беше изненадена од грижливоста на мажот и и поддшка во тешките ситуации. За жал бракот не беше добро прифатен од страната на семејството на мажот и бидејќи тие планирале да го оженат со нивната соседка.

Krystyna Mihailidis

Mиграција - прилагодување

Кристина на почетокот имала многу тешкотии со прилагодувањето. Пред се требало да се соочи со многуте културни разлики кои ги има измеѓу Полска и Македонија (која тогаш била повеќе конзервативна). Една од работите што најмногу ја забележала беше тоа дека жената не би требало да излегува во кафич или да се шета сама низ градот. Истовремено цело време ја гледале жителите на градот што прави и веднаш ги информирале нејзините најблиски „така да, кога се вратив дома, сите, мажот ми и брат ми знаеле каде седев, што јадев, што пиев и каде бев“.
Проблематична била исто така и облеката – овдешните жени не носеле панталони, што било многу чудно за Кристина: „Овде жена едноставно не можеше да облече панталони, а јас бев научена по фармерки. И овде тоа беше шок…жена, мажена, со фармерки…бевме овде атракција!“ Требало исто така да се одкаже од носење на нејзините најомилени фустани што ги донела од Полска поради тоа што имале цветен дезен а такви тука носеле само Албанките. Проблематичен бил исто така локалниот savoir-vivre: еднаш, кога дошле на гости пријателите на мажот и им понуди веднаш кафе, што било искоментирано дека „уште не влеговме а таа веќе сака да си одиме“. Има работи што може да се научат, од некои можеме да се откажеме, но што треба да се направи кога семејството на мажот не се согласува децата да бидат крстени како католици? Кристина ги крстила тајно децата во куќата на другарката.

Секојдневниот живот во Македонија

Денес Кристина работи како тапицер во фирмата водена од Турчин, работи понекогаш и во недела. Поради сопствениот карактер денес има многу пријатели, пред се жени со кои соработувала. Меѓу нив има Македонки и Албанки. Ја почитуваат поради тоа што не го напуштила мажот и во тешката ситуација. За тоа колку блиски се релациите може да зборува на пример тоа дека кога лежела болна дома другарките го организирале бадникот за неа – да се задржи традицијата на годишните средби покрај нејзината маса.
Сите тие години Кристина се трудела да го одржува контактот со Полска и Полјаците – не само со тие кои заминале за постојано во Македонија. Се трудела да го организира домот за војниците од КФОР. Вреди да се наведе една приказка: „Кога таа (жена на војникот) дошла да го посети мажот, но не го нашла во единицата, тогаш од единицата ја пратиле во Гостивар. Доаѓа во Гостивар да види каде е мажот и. Влегува во домот каде што имало многу весела атмосфера, сите свират, пеат, свиреле на армоника и нејзе толку и се допадна тоа дека до ден денес контактира со нас. Остана тогаш кај мене, не се врати во единицата, спиеше на душекот. “
Повеќе од десет години го водеше школото за полски јазик, кое било посетувано не само од полските но исто така и од албанските деца – нејзините поранешни ученици денес ја поздравуваат на улица на полски јазик. Со големиот сентимент се сеќава на времето поминато со нив.

Идентитет

Кристина постојано се чуствува како Полјакиња. Многу позитивно ја оценува Македонија и Македонците – како луѓе со многу топлина. Во текот на нејзините посети во Полска забележува дека нејзините познати многу се измениле: „немаат толку жешко сце како порано. Некако се…можеби оваа трка по богатството, по друг живот ги загуби некако“.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS