Irena Trajkovska
1
2
3

Биографија

Ирена е родена во 1959 година во Вроцкавски Конти. По завршувањето на основното училиште се запишува во медицинското средно училиште во Вроцлав каде што се подготвува да биде медицинска сестра. По завршување на средното образование започнува да работи во Вроцлав како анестезиолог. Во 1979 година на одомор на камп во Варшава го запознава нејзиниот иден сопруг. По 4 години, доаѓањата на идниот сопруг во Полска, пишување на писма, одлучиле да склучат брак. Се регистрирале во 1983 година. По една година барањето работа Ирена се вработува во домот за деца без родители, најпрво во кујна, потоа како воспитувачка „една се откажала од ова место, а другите си ги зеле документите и ова место беше слободно, тоа беше тешка работа во кујна, но и ова го учевме па јас останав на тоа место. Со плачење си доаѓав од работа толку бев преморена. Во Полска на вакво место би работеле 3 жени. И така ден по ден. Имав искуство затоа што мајка ми готвеше. Морав да подготвам јадење за бебињата и поголемите деца. Работев таму 4 месеци (…) Директорот многу беше задоволен од мене како ги исполнував сите обврски, измислил дека не е добро кујната да ја води странец но не сакаше да ме изгуби како вработена па направи таков внатрешен конкурс и ме пренесе кај децата како воспитувачка “. После ликвидирањето на домот за деца без родители и неговото вклучување во зградата на ортопедската клиника Ирена нашла работа како медицински персонал. До ден денес работи таму како заменик на директорката на медицинските сестри во болницата и многу е гора на тоа.

Пред заминувањето

Ирена потекнува од фамилија со многу деца – има шест браќа и сестри. Основното училиште го завршила во Вроцлавски Конти и до ден денес има контакт со нејзиното друштво од детството. Веднаш после завршувањето на петгодишното медицинско средно училиште започнала да работи како анестезиолог. Во 1979 со другарка и отишла на одмор во Варшава, каде биле сместени на камп под шатори. Судбината беше дека до нив имале шатор нејзиниот иден сопруг со неговиот другар. Следувале 4 години пишување писма (со помош на руско- српско-хрватски речник, македонско-полски речник тогаш уште не постоел): „тој имаше некаков руско-полски речник, беше смешно затоа што да се напише неколку реченици потребно бепе неколку часа“. Се гледале само за време на кратките посети на идниот сопруг во Полска. Во ова време Ирена не можела да одпатува од Полска. Со оглед на тешкотиите во комуникацијата кои биле резултат на незнаење на јазикот имало понекогаш забавни ситуации: „тој ми прати телеграма <<ќе тргнам на пат тој ден>> а јас мислев дека овој ден ќе стигне а него го нема, јас чекам. Си помислив- можеби не доаѓа. А тој дојде следниот ден, јас не го пречекав па разочаран дојде со такси“.

Заминувањето - мотивација

Основната мотивација на Ирена да дојде во Македонија била љубовта кон идниот сопруг. Но уште пред да се одлучи дефинитивно за заминувањето дошла во Македонија да ја види земјата (во која немала одено порано) да го запознае семејството на сопругот. „Почнавме да размислуваме дека сакаме да бидеме заедно, дека јас ќе дојдам. А за да можам да дојдам требаше да ги поднесам документите дека сакам да се омажам за странец, но јас реков дека ако не ми се допадне купив повратна карта за да не сум зависна од никого. Дојдов тука на почетокот на мај и после еден месец се омажив, одлучив дека со овој маж сакам да живеам“. На нејзиното заминување му беше противна мајка и, а свекрвата многу се израдува.
Ирена за голем плус смета дека од почетокот живееле со мажот и сами и затоа миграцијата не и била толку голем шок. Приклучувајќи и се на новато семејство не морала да се прилагодува кон никого, меѓу друго и во кулинарната сфера – мажот и ја сакаше полската кујна, посебно супи.

Irena Trajkovska

Mиграција - прилагодување

Од гледната точка на Ирена Македонија и дојде како убава смена – во споредба со тогашниот живот во Полска (каде што била тогаш вонредна состојба, на полиците во продавници имало само оцет и ловоров лист). Многу и се допаданле луѓето, нивната отвореност, директност и гостопримливост буделе кај Ирена симпатија кон овој мал балкански народ која трае до ден денес. „Ми се допаѓаше дека луѓето беа отворени. Мажот ми имаше многу пријатели: му доаѓале на гости, разговарале, убаво се поздравувале…во Полска го немаше тоа <<здраво-здраво>> луѓето поминуваат покрај себе и толку, не застануваат да поразговарат. Овде е многу спонтано.“
Не ја одминаа и проблемите. Најмногу ја кочел македонскиот јазик, кој го научила преку контакт со Македонците. „Сите зборуваат македонски. Концентрирана бев да ги разделам зборовите и нивното значење, што тие зборуваат. Почна да ме боли глава од тоа. Ти се чини дека ова е некаква река на зборови кога не разбираш. Ама морав да зборувам.“ Сега забележува дека после 30 години сеуште и се случуваат грешки во јазикот. Благодарејќи на работата со Македонсите научила не само јазик ама исто така и многу рецепти за локалните специјалитети а познавањето на многуте полски и македонски рецепти денес многу ја збогатува нејзината кујна. „секако, ги носеле и специјалитетите, тие пити, ова беше нешто ново, што е тоа, како се прави? Сепак јас правам полски плескавици, не на скара само, многу примив од македонската кујна и го сметам ова за позитивно, имам повеќе можности“.

Секојдневниот живот во Македонија

Денес Ирена работи како заменик на директорката на медицинските сестри во ортопедската клиника во Скопје. И покрај тоа што веќе 30 години живее во Македонија постојано ги одржува контактите со пријателите од детството и школските години. Во Скопје ги одржува добрите релации со Полјаците и Македонците – пред се со тие кои ги запознала на работа. Добрите односи со соработниците и овозможуваат да земе слободни денови за полските празници да може да ги прослави. Колешките не и прават проблеми и ги разменуваат деновите на дежурставта во болницата.
Ирена многу се труди да го одржува контактот со полската култура – на пример преку учество во културните настани како изложби и проекции на полските филмови. Се труди да ги одржува и полските традиции – уште на самиот почеток се договориле со мажот и да слават двојно Божиќ и Велигден. Свесноста за полските корени се трудела да им ја вгради и на децата, кои учеле полски јазик, оделе на летните кампови а на крај отишле да студираат во Полска. Денес контактите со семејството и со Полска ги олеснува модерната технологија за комуникација, на пример Skype.

Идентитет

Ирена се чуствува пред се како Полјакиња „Апсолутно сум Полјакиња, никогаш не се чуствував Македонка. Сум Полјакиња која живее во Македонија“. Како Полјакиња се среќавала со симпатијата од страната на Македонците, кои памтеле како праќале пакети од Југославија во Полска. Ирена им го завидуваше односот кој го имале кон политичкиот систем тогаш во Југославија: „тие беа задоволни од системот. Кога отидов од Полска луѓето беа незадоволни, затоа имало штрајкови. Јас им завидував дека толку го обожаваат Тито. Јас пораснав во средина, каде што татко ми го слушал радиото Слободна Европа ми кажувал дека ова е пропаганда. Никогаш не бил политички активен, беше просечен полски човек (…). Но јас така си мислам, дека овде луѓето се радувале од животот, затоа што имале многу слобода. Ова беше таков период во Југославија кога не беше тоа ниту социјалистичка ниту капиталистичка држава…тоа беше голема разлика“.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS