Franciszek Sokulski

Биографија

Франчишек Сокулски, 1811-1893 или 1896. Им припаѓа на историските личности кои оставиле трага во Македонија. Образованиот инжиниер, бил ангажиран во движението за независноста на Полска. Учествувал во Ноемвриското и Јануарското Востание во Полска. Тогаш бил миграциски активист во Турција (тогашната Отоманска Империја), каде што бил конструктор на телеграфски линии.

Пред заминувањето

Франчишек Сокулски бил роден во 1811 година во имотот Бжежани, во не многу богато семејство. Учел во гимназија на језуитите во Тарнопол, каде што како сам опишал во својот споменар имал прилика да разговара со самиот цар Јозеф. По овој разговор еден од учителите му предвидел кариера како војник. Пред да се заангажирал во борбата за независноста на Полска ги посетувал курсевите по филозофија и право на универзитетот во Лвов. Еден период работел како воспитувач во имотот во Жабин. На тоа место најде информација за Ноемвриското Востание и Франчишек без да се колеба отишол во Варшава да учествува во борбата. Почнал да служи војска како подофицер, но многу брзо ги доцениле неговите способности а исто така и скромноста и љубов кон работа и по неколку борби авансирал на подпоручник. Неуспехот на востанието го натера Сокулски слично како и другите учесници да побегне од Полска. На пролет 1832 година успеал да стигне во Франција.

Заминувањето - мотивација

Франција е почетокот на миграција на Франчишек Сокулски. На почетокот стигнал во Нормандија, каде работел во фабрика. Благодарејќи и на работата се поврзал со Здружението на демократијата и ги одржувал контактите со француската опозиција. Овие нови релации и врски влијаат на мислењата на Сокулски. Станува демократ. Почнува да ги забележува проблемите на пониските класи, сака да се бори не само за слоботата на неговата земја но исто и за рамноправност на сите луѓе. Како што спомнува сам во споменарите на оваа луѓето тогаш гледале како на опасна утопија. Поради неговите контакти и новите мислења започнал неговиот конфликт со француските власти. Бил одстранет од Нормандија и извесно време патувал низ Франција. Решил да се запише на двегодишните инжиниерски студии. По две години благодарејќи на Здружението на демократијата се нашол во Париз, каде ја посетувал двогодишната војничка обука и ги надополнувал инжиниерските студии со хемија и физика. По овие две години работел на градењето на патишта и мостови- бил и на градилиштата и во канцелариите.
1848 година придонела следната измена во неговиот живот. Сокулски се вратил во родната земја и сакал пак да се ангажира во борбата. Во Полска дејствува да се отстрани крепосништвото и на крај се ангажира во востанието во Унгарија. Но по неуспехот на востанието пак треба да бега, овој пат емигрира во Турција.

Mиграција - прилагодување

Франчишек Сокулски по неуспешното востание во Унгарија дошол во Истамбул, кој во тоа време бил еден од поголемите центри на полската емигарација. Владата на Империјата многу сакала да ги прима полските емигранти, бегалците од Ноемвриското Востание, Јануарското Востание. Причина за тоа биле напнатите односи меѓу Отоманската Империја и Руското Царство, кое истовремено било една од силите која и ја одзеде на Полска независноста. Сокулски исто така како многу други Полјаци нашол азил во Истамбул и веднаш се ангажирал во политичкото дејство. Како агент на Здруженнието на демократијата на Истокот се обврзал да се спротивстави на руската пропаганда водена меѓу балканските Словени. Сокулски тука гледал пред се желба на Русија да доминира над следните земји. Учествувал во основањето на Полскиот легион, но на крај основањето го презел Михал Чајковски. Долго време Сокулски се занимавал со дополнителните работи како преведувач, дописникорт на весниците. Бил разочаран од полската емиграција, која ја гледал како испокарана меѓу себе група на луѓе кој се борат за сопствените интереси, од која не може да се очекува помош. Во 1845 година благодарејќи и на поддршката од америчкиот конзул за кој повремено работел, бил вработен од страната на турската влада на изградбата на првата телеграфска линија во Отоманската Империја. За оваа работа биле ангажирани пред се емигрантите од Полска.

Секојдневниот живот во Македонија

Франчишек Сокулски благодарејќи и на работата се нашол на територијата на денешната Република Македонија – тогаш дел од Империјата. Втората телеграфска линија на која работел Сокулски се наоѓала на територијата на Битола и Охрид. Двата градови се важни места поврзани со македонската култура и историја. Иако Сокулски не пишува многуи за Македонија во неговите споменари, има добри сеќавања на средбите со жители на оваа територија. Иако работел за отоманската Империја која што за жителите на Балканот била исто како Руското Царство за Полска, без сомнение и придонел технолошкиот развој на територијата.

Идентитет

Иако Франчишек Сокулски многу години живеел во Турција и бил таму ценет инжинер, во 1881 година се решил да се врати во Полска. Покрај големиот придонес во Империјата на крај останал без работа и немал шанси да добие пензија. Можеби ако би се решил да премине на исламот како што направиле многу Полјаци, би имал полесен живот таму. Но Сокулски си останувал верен на себе си и своите мислења. И затоа покрај многу години поминати на емиграција остана Полјак. Полјак ангажиран во борба за независноста и во помош на неговите државјани.
По години поминати на емиграција се вратил на територијата на Галиција каде работел на изградбата на патиштата. Таму работел 7 години, потоа отишол во пензија, живеел во куќата на неговиот пријател. Таму починал во 1893 или 1896 година.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS