Danuta Ananieva
1
2
3

Биографија

Данута е родена во 1950 година во Шчечин. Го завршила факултетот на универзитетот во Познањ со дипломата магистер за историја. После факултетот работела во претпријатијето ПКС (Полско транспортно претпријатие) во одделот за реклама и информации каде што се издавал весник, се правеле информативни материјали. Оваа работа и придонесувала многу сатисфакција бидејќи имала можност да запознае многу интересни луѓе.

Нејзниниот сопруг го запознала на одморот во Бугарија каде што се виделе само 2 часа и само што стигнале да ги разменат адресите. Кога се вратила стигнало првото писмо од него во кое и предлагал брак. Тогаш за неа тоа било многу смешно поради тоа што не се познавале, но го поканила да дојде во Полска. Како што се сеќава Данута сопругот и дошол тогаш на празникот на 1 номември кога во возовите имало голема гужва. Специјално за неа заљубениот Македонец ги научил основите на полскиот јазик.
Денес Данута работи како директор на градската библиотека во Кочани. Има две деца – син и ќерка.

Пред заминувањето

Данута е родена во Шчечин во 1950 година. Таму ја завршила гимназијата. На факултет се запишала на универзитетот во Познањ, каде дипломирала како магистер за историја. По завршувањето на факултетот се вработила во ПКС (Полско транспортно претпријатије) во одделот за реклама и информации, и се допаѓала енергијата на местото и овој период го смета како за интересното искуство поради контактите со интересни луѓе.
Идниот сопруг го запознава на одмор во Бугарија. Во 1976 година оди во Македонија, за да живее таму со сопругот. Нејзинато семејство позитивно ја прима нејзината одлука, освен една „тетка“: „Имам една тетка во Варшава, не вистинска тетка туку пријателка на мајка ми. Таа беше најмногу …против мојот брак. Кога бевме во Полска и отидовме кај неа со мажот ми Стојан, таа го подготви ручекот и печурки…а Стојан не јадеше, само шампињонки и кога ги виде ме праша <<дали таа сака да ме отруе?>>Таа не знаеше дека тој се разбира, ме начека во кујна и ми рече <<Размисли си…таму е како во Турција, ќе треба да му ги чистиш чевлите…>> Кога дојдов внимавав да не му ги чистам чевлите“

Заминувањето - мотивација

Данута отишла во Македонија поради љубовта кон сопругот. Не е ништо чудно во тоа, тој бил згоден маж според тоа што раскажува Данута „тој е…изгледа како типичен балкански маж. Има потемен тен на кожата, црни очи, црна коса – значи имаше, сега му обеле. Се случува…се регистриравме во Полска во Шчечин, правевме фотографии и кога отидов кај фотографот да ги земам сликите имаше пред мене две девојки и тие коментираа <<гледај колку фино момче, црно, а девојката просечна…но момчето е фантастично>> Тоа значи на Полјакињите им се допаѓаат мажи со источниот изглед, како Арапите со вакви црни мустаки…“ И така во 1976 година Данута, многу заљубена дошла во Македонија.
На почетокот живееле со сопругот кај мајка му, вдовица. После некое време успеале га ја изградат сопствената куќа. Во 1978 година Данута ја добила работата во градската библиотека. Во вработувањето многу и помогнала одлуката на Тито за да се вработуваат сите лица со високото образование – Данута како магистер секако го исполнувала тој услов.

Danuta Ananieva

Mиграција - прилагодување

Прилагодувањето кон новата средина поминувало постепено. Со сигурност многу олеснување и придонел постојаниот контакт со Македонците на работа а исто така широкиот круг на познатите. Во Кочани воспоставила многу пријателски контакти со пријателите на сопругот како и соработниците. Денес има широк круг на пријатели. Приликата за заедничките средби се на пример имендени. Но поради тоа што во Македонија овој празник не функионира: „немаме именден, немаме дома, овде малку поинаку се слават имендени…тие се денови кои ги слават имињата на светците, а дома немавме ваков ден, нашите пријатели сите си имаа свој именден а кај нас доаѓаа на прв ден на Божиќ. Бадникот го славам задолжително со целата фамилија, сега доаѓа и зетот, а на Божиќ доаѓаат соседите, пријателите“.
Во случај на Данута проблемите поврзани со селењето во Македонија имале различен карактер. Пред се како забележува Данута има многу разлики измеѓу животот во Полска и во Македонија, поврзани на пример со статусот на жената „мислам дека потешко е да се живее во Македонија. И на жената и е потешко, јас додека бев во Полска – мислам дека статусот на жената во Полска е повисок одколку тука …(…) Мислам дека е потежок животот, зависи и од мажот но овде мажите помалку им помагаат на жените одколку Полјаците. Не зборувам за мажот ми – тој многу ми помага дома – ќе зготви нешто ќе исчисти…но претежно Македонците не помагаат“.

Секојдневниот живот во Македонија

Денес Данута работи во градската библиотека но сега е директор на оваа институција. Нејзиното дејствување на полето на културата не е ограничено само на библиотеката, бидејќи била и активен член на едно од полските здружења. Во рамките на нејзиното дејствување во асоцјацијата на полско-македонското пријателство организирала две изложби во Кочани. Првата го прикажувала творештвото на современите полски сликари, другата била поврзана со полските книги преведени на македонскиот јазик, или на српско-хрватскиот. Данута исто така ја превела на македонски јазик поезијата на Артур Оппман која беше издадена на двата јазици во Македонија„ја преведов поемата Шопеновиот Концерт на македонски јазик, затоа што често доаѓаа од Полската Филхармонија и се читаше оваа поема на полски јазик, мене ми беше сон да ја преведам, да го преведам Шопеновиот Концерт на Артур Оппман. Мислам дека мојот превод бил неколку пати читан на свеченостите во Скопје, Битола, Прилеп и Тетово. “

Идентитет

Односот кон сопствениот идентитет во случај на Данута е комплициран. Од една страна е свесна дека за толку години многу се поврзала со Македонија и нејзините жители. Истовремено се чуствува постојано како Полјакиња „живеејќи во Македонија сега повеќе се чуствувам како Македонка затоа што го живеам македонскиот живот…но кога имам контакт со Полска се чуствувам…нормално, ова не може да се изгуби. Ние имаме полско државјанство – јас, ќерката и синот. И секогаш се лути сопругот дека и тој би требало да има полски пасош чим толку години се мачи со нас Полјаците“.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS