Władysława Kiprevska
74 години, Тетово
1
2
3

Биографија

Владислава е родена во 1938 година во селото Птаки (сега се наоѓа во покраината „Подлаские“), како трето од шест деца. Родителите имале мали фарми но по втората светска војна морале да се преселат на Мазури, каде ја презеле постгерманската фарма. Во Птаки останал гробот на сестрата на Владислава, Јанина. Селото во кое се преселиле се викало Кжики. Владислава живеела таму до нејзините шеснаесет години. Татко и како резултат на несреќа ја загубил раката и Владислава по преговори со брат и се преселила во Валбжих за да работи таму и да го спаси семејниот буџет. Не го продолжила образованието во Валбжих поради тоа што немала ниту време ниту можности за тоа. Меѓу друго работела и во пивара. Тогаш го запознала првиот сопруг, за жал врската не обстанала, но им се родила ќерка – Ева. Неколку години живеела и работела во Чехословачка, каде го запознала вториот сопруг. Таму се родиле близнаците Јан и Пиотр. На почетокот на седумдесетите години целото семејство се преселило во Македонија. .Одтогаш до денес Владислава живее во Тетово. Неколку години работела се до моментот кога добила пензија од Чехословачка. Во 1986 година починал нејзиниот сопруг. Сега Владислава живее мирен живот и се радува дека семејството е покрај неа.

Пред заминувањето

Се родила во селото Птаки во близина на границата со Белорусија. Била трето дете во семејството, имала постар брат и сестра, која починала многу рано и три помлади сестри. Таму живеела до нејзините седум години а потоа со семејствиото се преселила на Мазури. Живееле во постгерманското село. Имало таму училиште но само со четири одделења. За да може да го продолжи образованието после четвртата година требало да пешачи секој ден по пет километри во еден правец а не секогаш имала време за тоа бидејќи им помагала на родителите со работата на фармата. Татко и во несреќа ја загубил раката а фармата била голема и немало кој да работи. На семејството му било се потешко. Брат и заминал во Валбжих за да работи и ги натерал неговите најблиски да го направат истото. Владистава тогаш имала шеснаесет години но немала време за училиште и друштвениот живот. Како најстара по брат и требало да оди на работа иако и било жал што поради тоа не може да го продолжи образованието. Немала друг избор. Нејзината прва работа била во локалната пивара, потоа работела уште на неколку други места. Овие не биле лесни и пријатни занимации, но Владислава се трудела се да работи со љубов. „Јас каде и да работев знаев да сум со луѓето и да ја научам работата, така да сум најдобра од сите.“ Во Полска работела седум години потоа заминала во Чехословачка.

Заминувањето - мотивација

Уште првиот ден од престојот во Чехословачка Владислава го запознала нејзиниот втор сопруг, по потекло од Егејска Македонија. Веднаш му се допаднала но тој требало малку да се потруди да ја убеди неа. Немало пречки во јазикот, затоа што момчето зборувало полски. Владислава работела во хотел и обезбедила документи за нејзината ќеркичка Ева, која не можела да дојде заедно со неа. По некое време Владислава се осмелила повторно да го отвори срцето и се омажила за Македонец. Тројцата почнале да живеат заедно, тие и малата Ева. По неколку години во семејството се појавиле уште близнаци Јан и Пиотр. Родителите на Владислава немале ништо против тоа и не се интересирале премногу за судбината на ќерката, Владислава од секогаш знаела дека може да смета само на себе „Јас се што направив во животот, го направив сама“. Во 1972 година заминале на одмор во Македонија. Македонија била за Владислава егзотична земја за која никогаш порано не слушнала ништо. Таму веќе живеело семејството на мажот и, така да исто и тие се одлучиле да се преселат. Го добиле станот во Тетово.

Władysława Kiprevska

Mиграција - прилагодување

Почетоците на животот во Македонија не биле лесни за Владислава. Уште во Чехословачка била болна а кога дошле требало да оди во болница. По преселувањето се било за неа ново: климата, религијата, јазикот. Полека се навикнала на животот во Македонија. Успеала да се вработи но по неколку години заминала во пензија. Во средината на осумдесетите години починал нејзиниот сопруг, но Владислава се изборила и со тоа бидејќи ги имала покрај себе децата со кои била многу поврзана. Ја одржува полската култура и традиција: „Се додека ќе бидам жива ќе се слават празниците како во Полска. “ Сака да чита на полски јазик и да гледа телевизија на овој јазик. И се допаѓа дека Полјаците се гостопримливи, отворени и кај нив нема бруталност. Во Полска била пред десет години и кажува дека нема повеќе да оди: „Јас се помирив со тоа, бидејќи немам каде да одам, немам кај кого да се вратам, во Полска имам само една сестра, немам каде да се вратам.“

Секојдневниот живот во Македонија

Животот на Владислава тече во мирниот ритам. Ги поминала и немирните моменти во текот на конфкликтот во 2001 година. Најмногу се плашела за нејзините најблиски, повеќе одколку за себе си, а најмногу за синот и – дека ќе треба да се бори со неговите колеги и соседи. Морала на некое време да го напушти нејзиниот стан и да ги пречека тешките моменти во Скопје. За среќа можела да се потпре на нејзините соседи кои и го гледале имотот се додека била отсутна. Секогаш се трудела да живее добро со други луѓе без разлика каква е нивната религија и јазикот. И луѓето чуствуваат дека Владислава (овде ја викаат тетка Ванда) е човек со душа. Ја почитуваат и ја сакаат и албанските и македонските соседи. По конфликтот таа се вратила во станот и се се вратило во нормала. Не зборува дали во Македонија добро се живее, бидејќи луѓето ја одредуваат нејзината среќа а не местото. Живее заедно со нејзиниот син Пиотр и снаата Мажена, која е за неа голема потпора. Има и внуци кои многу сака да ги разглалува. Ева со семејството исто така живее во Тетово а Јан во Скопје. Единствено што и треба на Владислава е мирен живот и здравје за децата и внуците.

Идентитет

Владислава се идентификува со земјата во која се родила: „Може да се има десет државјанства но националност само една“. За себе кажува дека е Полјакиња. Не мисли да се врати во Полска. Здравјето веќе не и дозволува толку далеко патување а од нејзините блиски останала само сестра и. Би сакала да го посети селото Птаки каде што останал гроб на сестра и Јанина.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS