Vladimir Djokić (Džaka)
32 години, Скопје
1
2

Биографија

Владимир Џокиќ (Џака) е роден во 1980 година во Скопје. Мајка му е Полјакиња, татко му е полу Албанец, полу Хрват. Растел во Скопје во Карпош. Уште во раната младост почнал да се занимава со музика. Како дете многупати ја посетил Полска – семејството на мајка ми од Долни Бжег и Вроцлав. Меѓу 1996-1999 година учел во средно училиште со техничкиот профил во Скопје. По завршувањето на средното училиште заминал со мајка му во Полска. Причината за заминувањето била тогашната ситуација во Југославија, немање на перспективи во Македонија и семејната ситуација. Бомбардирањето на Белград предизвикало и во Македонија ситуацијата да стане напната. По доаѓањето во Полска живееле во Долни Бжег но Џака заминал во Вроцлав каде што работел како столар во работилницата на вујко му. Токму во Полска научил да зборува полски, затоа што во семејниот дом во Скопје се зборувало македонски. По една година помината во Полска Владимир одлучил да се врати назад во Македонија каде живее до денес. По враќањето со неговата група снимиле прв албум кој бил успешен и му придонесе голема популарност.

Пред заминувањето

Татко му на Џака од 1976 година работел во Полска во Долни Бжег, каде ја запознал неговата идна сопруга. Бракот го склучиле во Полска (двајцата се католици) и веднаш, кон крајот на седумдесетите години заминале за постојано во Македонија. „Тогаш Полска не била толку за живеење…комунизам…а Југославија била тогаш како Америка…И се вратиле тука. Татко ми имал тука пари, добра работа, добри услови за животот“ – раскажува денес Џака. „Татко ми е полу Албанец полу Хрват. Се родил во Скопје, но татко му зачи дедо ми потекнувал од Тетово а баба ми живеела во Косово а нејзиното семејство во Хрватска. Мајката на мајка ми, значи баба ми од полската страна живеела некаде во Украина, така да имам корени дури и таму…(се смее). Немам никаква македонска крв.“ – признава Владимир. „Скоро во секоја балканска држава имам тетка или вујко, некои подалечни роднини. Во Приштина, Белград, Загреб, Лубљана, но и секако во Полска во Вроцлав…“ – додава.

Заминувањето - мотивација

Родителите на Владимир ја напуштиле Полска кон крајот на седумдесетите години од причина на политичката реалност. За место за живеењто ја одбрале Македонија. Ситуацијата во Југославија била тогаш многу подобра. Двајцата имале подобри перспективи. Така останало околу дваесет години.
Но во 1999 кога НАТО ја бомбардирало Србија и кога политичка ситуација почнала да се менува и во Македонија, Владимир со Мајка му одлучиле да ја напуштат Македонија и да одат во Полска:
„Одлучивме да одиме назад во Полска. Си помислив – ќе видиме како ќе биде таму. Се работеше за условите за животот, овде се летна во воздух. Немав што да изгубам, «nothing to loose», знаеш се или ништо. Ајде да одиме – помислив. Немав никакви конкретни планови што ќе правам таму, но немав и никаков избор. Одлуката за одењето во Полска била очигледна.“

По една година помината во Вроцлав се вратил во Македонија. На оваа одлука имала влијание професијата со која се занимавал – снимање на хип-хоп музика.

За времето кога Џака бил во Полска, во1999-2000 година, хип-хоп сцената се развивала. Денес раскажува дека ги прател групите како на пример Warszafski Deszcz, 3H, Wzgórze Ya-Pa 3. Во Македонија музичката хип-хоп сцена не постоела. Тогаш одлучил дека токму во Македонија ќе направи нешто ново со пријателите со кои си ги пробал силите уште за времето на школските години. Затоа се решил да се врати во Скопје.

Желбата да се искористи знаењето стекнато во Полска и заклучоците од набљудувањето од полската музичка сцена го натерале Џака да се врати во Скопје кај неговите пријатели, за да го реализира веќе одамна планираниот музички проект токму таму. Почетоците биле тешки но сепак успеале и се занимаваат со тоа досега.
„Музиката е во центарот на нашиот живот. Секогаш ме привлекуваше тоа. Да не земаме дрога и да не си правиме проблеми, се занимававме со музиката.“ – раскажува денес.
„Првиот албум раскажува токму за тоа, како се во Југославија «летнало во воздух», кога луѓето почнале да се убиваат, настапила голема криза, тоа бил голем стрес и за децата, кои тогаш имале 10 години“ – забележува денес.

Vladimir Djokić (Džaka)

Mиграција - прилагодување

Џака се родил во Скопје. Неговите родители од почетокот зборувале македонски, тој учел во македонското училиште, и затоа никогаш немал проблеми со прилагодувањето кон средината. Неговото потекло никогаш не претставувало никаков проблем:

„Тука одев во нормално училиште, учев македонски од самиот почеток. Полскиот воопшто не го учев, знаев само неколку зборови. (…) Со мене учеа Македонците, Албанците, Ромите, потекнувале од различни места, мешавина таква…Никогаш немав проблеми на училиште(…)
А мојата врска со албанската страна се корените на дедо ми“ – признава. „Жал ми е, но знаеш…татко ми ми го даде името Владимир, а Владимир не е албанско име. Мојот дедо од Полска се викал Владислав. Но затоа што живеевме во Македонија ме нарекоа Владимир по мојот дедо.“ – раскажува. Иако дедото бил Албанец ниту културата ниту јазикот немале влијание на формирањето на неговиот идентитет.

На Џака презимето му е Џокиќ, но тоа е презимето на баба му која потекнувала од Хрватска. Пред тоа имал презиме Џафери, но тоа е албанското презиме, и затоа според него Владимир Џафери звучело малку неприродно. Кога во 2001 година испукнал македонско- албански конфликт, се чуствувал како да треба да се постави на нечија страна, што не сакал да го направи. „Реши се, одлучи се…Јас реков тогаш дека сакам да носам хрватско презиме. И ако Македонците и Албанците сакаат да се убиваат, нека се убиваат, но јас не сакам да учествувам во тоа.“- признава.
По доаѓањето во Полска во 1999 година живееле кај семејството на мајка му и таму со помош на најблиските почнал да зборува полски. Потоа почнал да работи во работилницата на вујко му. Досега неговиот контакт со Полска е многу близок, ги одржува релациите со семејството и пријателие.

Секојдневниот живот во Македонија

Џака е рапер и ја креира хип-хоп музика. И припаѓа на популарната група Легија. Од пред некое време снима исто така сам под прекарот Џака Накот. До 1999 година со семејството често оделе во Полска, пред се за летен распуст, празниците претежно ги поминувале во Македонија. Татко му на Џака и неговото семејство биле католици, така да немало големи разлики во начинот на славење на празниците.
Џака кога зборува, истакнува дека многу ги сака Полјаците и Полска. Го одржува контактот со семејството во Вроцлав и Долни Бжег. Со оглед на тоа дека во својот живот се занимава пред се со музиката, ги прати измените и новостите на полската музичка сцена, пред се хи-хоп сцената. Ова е неговата професија но исто така и голема страст. Како дете често ја посетувал Полска а потоа живеел и во Вроцлав што многу ја зацврсти неговара врска со Полска. Тогаш научил да зборува полски, затоа што во семејниот дом се зборувало на македонски.
„Врската со Полска постои за мене пред се преку вкусовите, затоа што кога мислам на Полска има полскиот леб, печурки…Лебот, печурките и тоа овошје…толку ситно, црвено…рибизли. Тоа е мојата асоцијација со Полска. И мечето Ушко.“ – раскажува денес. Сеќавањта од детството биле и инспирација за да ја напише песната „Мечето Ушко“. Контакт со Полјаците и контакт со полскиот јазик се одвива пред се преку неговото семејство во Полска. Повеќето врсници со полското потекло заминала од Македонија во Полска или во други држави од Европската Унија. Во секојдневните ситуации ретко го користи полскиот јазик. „Во нашата група сме двајца Полсјаци и групата се вика Легија, како Легија Варшава (се смее) и од време на време си зборуваме малку на полски. Мајка му на мојот другар исто е Полјакиња“ – раскажува. Сака да учествува во животот на Полонијата, во средбите кои ги организираат полските здружења, ги прати настапите на полските уметници во Македонија.

Идентитет

„Татко ми е полу Албанец, полу Хрват. Роден е во Скопје а неговиот татко, значи мојот дедо потекнува од Тетово, баба ми живеела во Косово а нејзиното семејство во Хрватска. Мајка на мајка ми, баба ми од полската страна живеела некаде во Украина, така да имам корени дури и таму…(се смее). Немам никаква македонска крв“- признава Владимир. Како што вели самиот неговиот идентитет е европски – „European”. „Имам корени секаде, јас не сум Македонец, ама се што направив во животот, мојата музика, е на македонски.“

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS