Stefan Popovski
79 години, Варшава- Скопје
1
2
3

Биографија

Стефан Поповски е роден на 7 март 1933 година во Скопје. По образованието е педагог и новинар а неговата страст е сликартвото. Татко е на две ќерки. Бил женет три пати. Мајка му е по потекло Македонка, татко му е Србин. Има помлад брат. Во текот на втората светска војна бил заедно со баба му во градот Кочани, каде меѓу друго тајно им пренесувал писмата на партизаните. По војната се вратил во Скопје и на петнаесетгодишната возраст се запишал на вонредните курсеви за педагози, кои ги завршил. Неколку години работел како учител, најпрво во село а потоа во Скопје. Во текот а работењето во Скопје почнал да студира новинарство. Тоа му овозможило да се откаже од педагошката кериера во која не се гледал себе си. Во 1963 година во текот на земјотресот бил во Скопје. Ова трауматично искуство сосем го изменило изгледот на неговиот омилен град. Во шеесеттите години работел како новинар. Во 1971 година заминал на стипендија во Париз каде живеел 5-6 години. Таму работел во телевизија и се развивал како уметник. Се оженил со Полјакиња и во 1976 година почнале да живеат заедно во Варшава. Во тој период ја направил една од неговите најубави слики. Во 1993 го добил полското државјанство. По разводот со третата жена почнал пак да живее во Скопје но контактите со Полска цело време биле интензивни. Сега се вратил во Полска за постојано, таму планира да отвори ателје. Цело време работи како уметник.

Пред заминувањето

Роден е во март 1933 година. Има помлад брат. Неговиот татко по потекло бил Србин, бил правник и работел канцелариска работа. Мајка му била Македонка, во текот на втората светкса војна дејствувала во антифашистичкиот фронт на жените. Поради тоа требало да се оддели од семејството и секојдневно да се пријавува во полиција во Бугарија. Тој во тоа време бил со баба му во градот Кочани. Тоа не биле лесни времиња но Стефан не се плашел и во ногавицата од панталоните им носел на партизаните кои се криеле во тој регион писма. Како мало момче одел во училишта каде се учел на три јазици: бугарски, македонски и српски. По војната се вратил во Скопје. На петнаесетгодишната возраст се запишал на курсевите за учители а потоа по вонредно положената матура ги започнал педагошките студии. Работел неколку години како учител. На почетокот во село а потоа во Скопје. Бил добар педагог и на самата работа се сеќава позитивно, но сакал да работи нешто друго во животот и така во меѓувреме почнал да студира новинарство. Сликал уште како дете, а први изложби имал уште на факултет. Многу го сакал животот во Скопје, но земјотресот го сменил обликот на градот. „Скопје имало свој имиџ пред земјотресот“ – вели. Животот во Скопје пред оваа трагедија во неговите сеќавања личи на аргентинските филмови: „А дали го виде аргентинското танго во тие мали кафичи? Доаѓаа мажи и жени…и јас доаѓав. Може да се танцува? И танцувале.“ Некое време работел како новинар, потоа бил директор на манекенките во Македонија. Во 1970 година во Белград добил стипендија од владата на Југославија, во рамки на кое заминал на тримесечната практика во модната куќа Yves Saint Laurent.

Заминувањето - мотивација

Кон крајот на шеесеттите години се разделил со првата сопруга, со која имал две ќерки. Почуствувал потреба за промени во неговиот живот и така кога добил предлог за стипендијата во Париз без размислување ја прифатил. Во Франција дошол на 2 јануари 1971 година. Јазикот го знаел благодарејќи на татко му, кој студирал право на Сорбона. Во Париз живеел во ателје на руски сликар во куќата на руската војвотка од Романовци. Живеел таму две години без да плати кирија затоа што руската војвотка чуствувала голема симпатија кон него. По практиките во модната куќа Yves Saint Laurent добил понуда за работа во телевизија. Се занимавал со интервјуа со познатите луѓе меѓу друго со Mirey Matie. Во меѓувреме бил во врска со жителката на Кувајт. Таа му ја претставила нејзината учителка по француски јазик – Полјакиња, која предавала на Сорбона. Двајцата имале сличната возраст и интелектуелно си личеле, сакале сличен начин на животот и така одлучиле да се земат. Стефан живеел во Париз 5-6 години. Го сакал неговиот живот во Франција – богатиот општествен живот, средбите со интересни луѓе и неговите сопствени изложби на Монтмарт, а исто така во Кувејт, Торонто, САД. Жена му имала проблеми да се врати во Полска, но кога во 1976 година го добила консуларниот пасош решиле да заминат во нејзината родна земја.

Stefan Popovski

Mиграција - прилагодување

Стефан заедно со сопругата одлучиле да заминат во Варшава. Таму живееле на Јерозолимските булевари спроти хотелот Форум. Првите впечатоци од Полска не биле за него многу пријатни, сакал што побрзо да се врати во Париз. На улиците био сиво, луѓето нерасположени, сосем нешто друго одколку во Франција. За среќа на неговиот пат сретнал луѓе кои му покажале дека животот во Варшава може да биде убав. „Се што се случувало тогаш во Варшава се случувало по куќи, имало љубов, радост, пеење…“. Да го научи јазикот не му било проблем за некој кој веќе знаел неколку словенски јазици. Подготвувал уште една изложба во Кан а кога се вратил одлучиле со сопругата да останат во Полска. Тоа се случило во март 1977. Во тоа време немал сопствена галерија но со помош на добри луѓе ги наоѓал купувачите за неговите слики. Во осумдесетите години тогашниот директор на зградата Intraco II му предложил да отвори кај него галерија со неговата уметност. Во висококатницата се наоѓале канцелариите на странските претпријатија, што имало позитивно влијание на финансиите на Стефан. Во Македонија патувал ретко, кога ги посетувал ќерките во Белград или кога ги носел на море. Откако добил тешка срцева болест се разделил со втората сопруга, но и покрај се се решил да остане во Полска. „Имам многу пријатели, имам голем сентимент кон Полска, кон луѓето, кон нивниот менталитет, повеќе ми одговара одколку во Македонија“. Во 1993 година ја добил поканата за отварање на музејот „Наивната ументост“ во Париз. Тогаш како државјанин на Југославија му била потребна виза но не требало да чека долго време. Случајно сретнав еден од пријателите во кафе, кој рекол дека Стефан толку долго живее во Полска дека би можел да добие државјанство. Пријателот се викал Лех Фаландиш и му помогнал да се забрзат формалните процедури. Така од пред дваесет години Стефан е полски државјанин.

Секојдневниот живот во Македонија

Животот на Стефан актуелно се одвива меѓу Полска и Македонија. По третиот развод се вратил во место од кое потекнува, но не се чуствува таму добро. Се поврзал со членовите на полското здружение и секогаш со радост учествува во уметничките настани кои ги организираат. Во Скопје се неговите пријатели од младоста и кога има време се среќава со нив на муабети. Не му се допаѓа сегашното Скопје и архитектурата на градот. Тоа е веќе друг менталитет, а иднината на самата Македонија ја гледа во темните бои. На есен планира да ја продаде куќата и да се врати во Полска. Му недостасуваат пријателите од таму и полскиот менталитет повеќе му одговара. „Тука се живее монотоно и затоа сакам да се вратам во Полска“. По преселувањето сака да подготви неколку изложби со неговите дела. „Со моето враќање сакам да организирам изложба“. Би сакал исто така да ги напише спомените од неговиот живот а исто така да изгради во близината на Варшава куќа отворена за сите што ја сакаат уметноста…„сакам да го реновирам, да го направам големото ателје, отвореното ателје…“ За Стефан Македонија засекогаш ќе му биде блиска но со текот на годините се навикнал на Полска. Во младоста бил скопско момче, а сега Стефан е зрелиот маж од Варшава.

Идентитет

Македонија е место од кое потекнува и блиска му е на Стефан, но Полска е за него татковината по избор. „Јас Полска ја сметам за мое второ семејство, уствари првото а Македонија е на второто место“. Го добил полското државјанство во 1993 година.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS