Stanisława Banowska
1
2
3

Биографија

За почетоците на судбината на Станислава тешко е да се каже нешто конкретно – уште како дете се нашла во домот за деца без родители во Русија: „јас ништо не знам, ниту презиме ниту датумот на раѓање. Ме прашале дали сакам да се презивам Липска или Василевска. Јас одбрав Липска. Така да не можев никој да барам затоа што не знаев што и како. Знам дека децата за време на војна биле однесени да се спасат“ Во 1946 година се врати од Русија во Полска. Од патувањето во сеќавањето не и останало многу. „Четириесет и шестата година, во мај, партувавме со товарните возови, дури на покривите седеле луѓе. Се сеќава Германците работеле на пруги. Една жена одеше по вода – немаше ни вода не можевме да се миеме. Жената одеше со кофи и таман тргна воз и ги пресече нозете, ја завиткале во чаршаф. На оваа несреќа се сеќавам“.
После враќањето во Полска се нашла во домот за деца без родители во Луциен, потоа во Гостинин живеела во домот за младите. Ја започната науката во педагошкото училиште но се откажала за да стане побрзо самостојна. Поради тоа што имаше талент за уметност се нашла во училиште за ќерамика. „Полагавме испит, ја ставиле една глава кој добро ја прецртал, положил“. Во 1954 година во училиштето во Болков го запозна нејзиниот иден сопруг – Македонец од Егејска Македонија. Во 1958 година веднаш по завршување на училиштето го склучиле бракот. Во 1976 година отишле заедно во Македонија. Имаат три деца. Син живее со нив во Скопје а ќерките се преселиле во Австралија. Во скоро време Бановски ќе одат да ги посетат.

Пред заминувањето

Сеќавањата на Станистава од времето на младоста се поврзани со престој во различните домови за деца без родители, интернати. Шегите и анегдоти се преплетени со раскажувањето за тешките услови во кои се нашло сираче после војната. За пример може да послужи слатка и горчлива приказна од домот за млади во Гостинин. „Дојдоа од Плоцк, се грижеа за нас, од пиварата во Плоцк. Ни донесоа пиво, сокови, тоа значи за празниците. И еден Стасиу, едноставно се заљуби во мене. Стариот беше. Трчаше. Девојките веднаш беа љубоморни. Тој велеше <<ти ќе му бидеш жена на синот ми>>[смеење]. Гледам 8 мај- пакетче за мене стигна. Жена му направила колачи, бонбончиња. Тоа пакетче го памтам до денес, никогаш ништо не добив од никого…а тоа пакетче ми остана во памет цел живот“
Сопругот го запозна во ќерамичкото училиште во Болково – о од тогаш не се делат. Како во вистинската врска не ја одминале и драматичните настани. Како се сеќава сопругот на Станислава – Ришард на почетоците на нивната врска? „Како се запознаевме? Не би требало да се зборува [смеење]. Ми се допадна жената(…)секој имаше своја маса за цртање. Таа имаше другарка од домт за деца без родители. Јас секогаш застанував кај другарката за да подобро ја гледам Стасиа. А другарката мислеше дека ми се допаѓа. Кога почнавме со Стасиа да одиме заедно таа и се налути <<ми го зеде момчето!>>.

Заминувањето - мотивација

Чуството на осаменост во Полска, недостиг на корените и потеклото било многу тешко за Станислава. Затоа што сопругот имал фамилија во Македонија го убедувала да ја напуштат Полска. Додатна мотивација беше и драматична ситуација во Полска, недостиг на основните прехранбени продукти. Разликата со тогашната Југославија била огромна. За жал доаѓањето во Македонија многу ја разочара. Условите во кои се нашле тогаш со сопругот и три деца беа ужасни. Живееле заедно со другите фамилии на бегалците во Кисела Вода во Скопје. Им дале еднособен стан со заедничко купатило во ходникот. Двајцата непријатно се сеќаваат на овој период во животот. Но со текот на време благодарејќи на тешката упорна работа успеале да ги обезбедат подобрите услови за живеењето.
Кулинарните вештини и се нашле кога почнала да работи во ресторан во кујната: „знаев да готвам една жена кажувала дека кога готвам цел хотел мириса на мојот ручек. Обожавав да готвам уште во училиштето ја водев тетратката каде што запишував за јадење рецепти, цртав како и што. Кога ме виде директорот кога рече што мислиш само вакво јадњње ќе готвиш? Што пишуваш? И навистина беше толку тешко ама некако издржавме…“’

Stanisława Banowska

Mиграција - прилагодување

Условите за живеење во кои требало да живеат веднаш после доаѓањето биле многу скромни. Станислава на почетокот многу тешко ја поднесувала селидбата во Македонија. Како сама вели „Почнав да го мразам јазикот и Македонија и тие нивните песни, ги мразев затоа што ме излажа. Но сега се ми се допаѓа и песните и фолклорот и се и ората. Се помина, тоа што беше најлошото“ Не го знаела јазикот и требаше да го научи директно од луѓето. До ден денес од непознатите луѓе слуша дека не е од тука. „кога одам на пазар и зборувам нешто <<ти си Русинка?>>. Благодарејчи и на работата во ресторанот запознала неколку Македонки кои ги научила да готват полско јадење на пример супа од цвекло. Нејзините јадења многу ги цениле другарките. На сугестии од сопругот да се вратат во Полска одговара дека „на старите години не можеш да организираш се од почетокот, целиот живод од ново да почнеш. И таму се се сменило и луѓето, изумреле другарите, другарките веќе го нема тоа што било, ќе биде тешко да се прилагодиме во новата средина“

Секојдневниот живот во Македонија

Денес е веќе во пензија. Сака да се подсетува на минатото, да се сеќава на времиња кога живееле со сопругот во Полска. Се гледа дека овие се убавите сеќавања. Кога зборува за тоа се чини дека има насмевка кон лицето со кое била тогаш и уште не знаела што ќе и придонесе судбината. Извор на нејзината радост се ќерките кои емигрирале во Австралија и многу добро се снашле таму. Посебно заминувањето на постарата ќерка се одвивало во доста тешки услови и заминувала само со едно мало куферче а сега има во Австралија две куќи. Контактот со децата го одржува преку современата технологија, како што е на пример skype Кога зборува за внуците има насмевка на лицето. „Легнавме да спиеме а внуката вели да ја почешам по грбот пред спиење и сега кога се слушавме преку интернет прашува дали кога ќе дојдам ќе ја почешам пред спијење а исто така и Силвија – така заспиваше.
Во нивната куќа секој ден се пие чај што е доста необично во Македонија а со ручек обавезно има супа со главното јадење.

Идентитет

Се чуствува како Полјакиња. Последниот пат беше во Полска пред две години.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS