Renata Kutera
54 години, Скопје
1
2
3

Биографија

Рената е родена во 1958 година во Стараховице како петто дете и единствена ќерка во семејството. Нејзиното образование е психологијата но нејзиното работно место – музеј. Основното и средното училиште го завршила во родниот град. Студирала во Краков, каде завршила психологија. Во нејзината струка работела многу малку ама не жали, затоа што не се чуствувала исполнета. Сопругот го запознала уште во Краков во текот на факултетот, се заљубиле од првиот разговор а по три години склучиле брак. Почнале да живеат заедно во Скопје. Нивниот син е роден во Полска, но пораснал во Македонија. Рената требало да чека седум години да добие работа и петнаесет години да и го признат македонското државјанство. Многу години работела во Националниот Музеј на Македонија, и во текот на работата почнала да се занимава со музејскиот маркетинг и ја популаризирала македонската уметност. Сега работи во Музејот на Мајка Тереза во Скопје. Цело време се развива во нејзината работа. Не е исклучено дека заедно со сопругот ќе ги поминат пензионерските години во Полска.

Пред заминувањето

Родена е во градот Стараховице, како петто дете во семејството. Била саканата, помлада сестричка на четворицата браќа. Еден од нив починал пред 15 години. Нејзините односи со семејството секогаш биле позитивни и до денес останува во блиски контакти со нив. Има убави спомени од детството, го сакала својот живиот во Стараховице. Таму одела во основното и средното училиште. Имала многу другари и другарки но тие познаништва со текот на време ослабнале, бидејќи многу познати заминале од Стараховице. Нејзините браќа заминале во Варшава и Вроцлав а таа се решила за Краков. Овој град ја привлекувал. Нејзиниот син го одбрал истиот универзитет. Била 1977 година, Рената се запишала на психологија и почнала да живее во краковскиот студенсти дом. Учењето не било лесно, имало многу стручни предмети но за Рената тоа бил убав период во животот: „многу позитивно се сеќавам, и на Краков и на студиие…човек запознава многу луѓе и има чуство дека со секој ден се развива“. Науката требало да се продолжи за неколку месеци затоа што кога била во последната година била воведена вонредната состојба и студиите биле прекинати. Работела како психолог во нејзиниот роден град, но таа работа обилувала во рутина – психолошките тестови за одредени групи. По напуштањето на оваа работа рената не работела повеќе како психолог.

Заминувањето - мотивација

Еден зимски ден во краковскиот студентски дом, во не романтичното место како што е купатило, Рената го запознала нејзиниот сопруг. Тој дошол во Краков со другарот кој имаше девојка во овој град и престојувале во студенсткиот дом. Рената признава дека тогаш многу малку знаела за Македонија, но поради новиот пријател решила брзо да дознае повеќе. Од првиот момент си се допаднале и се договориле да се сретнат: „Седнавме во ресторан Виежинек во Краков и по првиот разговор имав впечаток дека се знаеме сто години“. На почетокот комуникацијата била потешка: „ и кога нешто не разбиравме си цртавме“, но не бил тоа голем проблем бидејќи се чуствувале блиски во размислувањата. Тој се вратил Во Македонија а таа продолжила да студира. Три години биле во врска само со пишување на писма и ретки средби. Во 1983 година Рената дошла на одмор во Југославија и била изненадена кога тој ја побарал за жена. И требало 2-3 недели да размисли за бракот. Кога веќе рекла да, решила да не се враќа. Им напишала на родителите писмо каде објаснила се и замолила да да и ги обезбедат неопходните документи. Во Скопје дошол татко и, но без документи, така да младите имале првин свадба а потоа го склучиле бракот во Полска.

Mиграција - прилагодување

Кога била бремена заминала за подолго време во нејзината родна земја. Сопругот и бил археолог и со неговата работа често патувал а таа сакала во овој период да е поблиску до мајка и. Се вратила во Скопје кога нивниот син имал една година и три месеци. Првиот период од живеењето на новото место била восхитена од се: сонцето, луѓето, културата. Единствено што и пречело било премногу ѓубре на улиците. Живееле во населба каде што имало многу други мајки со мали деца. Јазикот го учела заедно со синот и и се дружела со другите мајки. Заедно со сопругот се труделе да водат активен општествен живот. Контактот со полскиот јазик го одржувала преку разговорите со другите Полјакини кои живееле во Скопје. Од самиот почеток се чуствувала добро во Македонија но и недостасувала работа, која ја добила дури по 7 години. Првото работно место било педагог во Националниот Музеј. Рената одлучила токму во тој правец да се резвива нејзината кариера: „кога почнав да работам во музејот заклучив дека има позитивна страна на животот, тоа е уметноста и музејологијата, така да се пронајдов себе си во музејологијала“. Заклучила дека во Македонија има многу споменици и може да се проба музејскиот маркетинг. Нејзината цел било да се популаризира македонската уметност преку копирање на споменците на пример како Тетовска Менада. Нејзината идеја не била на почетокот добро прифатена, сега секој турист кој доаѓа во Македонија има можност да купи сувенир поврзан со местото.

Секојдневниот живот во Македонија

Многу е поврзана со полските традиции и ги слави празниците така, како што било тоа во нејзиниот дом. Верата е постојано многу важна во нејзиниот живот, оди на мисите во католичката црква. Со синот зборувала претежно на македонски, но тој знае полски благодарејќи им на одморите што ги поминувал кај баба и дедо во Стараховице. Работата во музејот толку ја заинтересирала па одлучила да ги заврши и постдипломските студии на Јагелонскиот Универзитет во Краков за менеџментот во културата. Одкако се преселила во Македонија се здружила со Полјаците кои живеат во Скопје и само кога здружењето на Полјаците организирало на пример изложби на полските уметници (графика, плакат, сликарство) таа со задоволство се ангажирала. Учествувала исто така во промоција на македонската уметност „организиравме изложба на македонските икони…тоа беше изложено во Музејот на Чарториски во Краков, јас го преведував каталогот. Организиравме изложби во Националниот Музеј, потоа во Етнографскиот Музеј во Варшава, таму била изложба посветена на народната култура на Македонија“. Сега има директорско место во Музеј на Мајка Тереза во Скопје. Местото и го додели сегашниот министер за култура поради нејзиниот придонес во развој на Националниот Музеј. Најважни во животот за неа се сопругот и синот и. Заедно размислуваат да ги поминат пензионерските години во мало гратче или во село во Полска за да се поблиску до синот кој сега е на докторат во Норвегија и можеби ќе остане таму.

Идентитет

Рената мисли дека никој не смее да одреди или да му наметне индентитет на друг човек, но самата се чуствува сто на сто како Полјакиња. Се гордее на нејзината држава, Полјаците ги смета за патриоти, кои се спасиле од комплексите и иако се кратко во Европска Унија не се чуствуваат како нација од втора категорија. Мисли дека Полјаците пијат премногу алкохол. Македонците ги гледа како пријателски, топли и непосредни луѓе. Секогаш многу сака да прима гости и без да се најават. Иако вакви посети без да се најават се за неа понекогаш напорни.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS