Renata Gałązka-Vasiliev
1
2
3

Биографија

Рената е родена во Гројец во војничката фамилија. Таму жевеела само една година – нејзината фамилија се пресели во Нови Двор Мазовиецки, каде што Рената го заврши основното и средното училиште. Студирала биологија во Сиедлце, таму го запознала нејзиниот иден сопруг – тогаш студент од Југославија на Варшавската Академија за Уметност. После завршувањето на факултетот склучиле брак и отишле во Македонија. На првите години во Југославија се сеќава како на тешки поради финансиските услови во кои живееле. Но кога мажот и го добил станот во Струмица а после тоа Рената ја добила работата во државното земјоделско претпријатије, ситуацијата се подобри. После распадот на Југославија и банкрот на фирмата во која работела, отворила продавница со здрава храна во центарот на Струмица. Водела исто така сопствена емисија на телевизија за здрава исхрана. Болеста на сопругот ја принуди да се откаже од кариерата. Сега се труди да ја организира културна размена меѓу Полска и Македонија, преведува поезија – неодамна во Полска се издаде прва книга од македонската поетеса со превод на РЕНАТА ГАЛАЗКА-ВАСИЛЕВ.

Пред заминувањето

Рената Галазка е родена во 1955 година во Гројец. Во тој град живеела многу кратко, татко и беше офицер во Полската Армија и кога имаше една година се преселиле во нови Двор Мазовиецки. Детството го поминала во Тврдината Модлин, потоа нејзиното семејство се преселува во самиот Нови Двор. Таму го заврши средното образование. Студирала во Земјоделско-Педагошка Висока школа во Сиедлце, каде што ја добила дипломата – биохемичар на животните. Во текот на студиите дејствувала во студентскиот клуб „Лимес“ каде што се занимавала со организирање на изложби. Таму го запознала нејзиниот иден сопруг – Ниче, млад југословенски сликар од Академија на Уметност во Варшава. Оделе заедно на изложби и на театар, често го поканувала на ручек кај нејзините родители. После една година одлучиле да склучат брак. Долго размислувале каде ќе живеат заедно, Рената имала понуда за работа во Нови Двор како наставничка по биологија а исто така во Сиедлце во криминалистичка лабораторија, но на крај го одбрале родниот крај на Ниче.

Заминувањето - мотивација

Рената и Ниче го склучиле бракот во Полска. Не сакале никакви свечени цереминии – зетот дури заборавил на цвеќињата! Родителите на Рената настојувале да се организира барем скромна свеченост на која беа поканети само фамилија од страната на невестата. На кратко после свадбата се преселиле во Македонија и покрај тоа што двајцата се чуствуваат поврзани со Полска. Ниче дури го прашал неговиот професор од Академија на уметност и тој го убедил да одат во Македонија. Во Полска ситуацијата постојано се влошуваше (токму тогаш се раѓаше Солидарност и во краток рок требаше да има вонредна состојба), во Југославија нивото на животот беше повисоко – тоа беа аргументи што зборуваа за миграцијата во Македонија.

Renata Gałązka-Vasiliev

Mиграција - прилагодување

Уште пред заминувањето другарките на Рената кои студирале славистика ја предупредувале дека Македонија се разликува од останатиот дел на Југославија со оглед на културата и обичаите. Исто така и сопругот на Ана имаше негативен однос кон своите сонародници.Пред да одат во Македонија биле на омор во Пула. Струмица – за жал – и направи на Рената лош впечаток: „Кога стигнав во Струмица на автобуската имаше толку многу прашина и горештина од сонцето. Бев многу уморна и тоа ми делуваше многу негативно.“ Накратко по тоа се убедила дека не е толку лошо. Нивото на животот беше слично, друштвен живот развиен. „Кога еднаш прочитав во некое студентско списание – ако сакаш да видиш каде е рај на светот оди во Југославија. Не беше тоа лажна вест. Ја видов разликата меѓу економските стандарди и видов дека луѓето тука се среќни“.
На почетокот живееле во родниот дом на Ниче во струмичкото село Дабиле. Првите денови ги запознавала сите жители во селото. Доаѓале како договорени по три фамилии во денот. Свекрвата ја примила многу срдечно, но на самиот почеток ја прашала дали Рената знае да пере. На раце, затоа што дома немаше машина за перење. Рената не била навикната на традиционалната балканска поделба на работа и примитивните услови за живот, затоа накратко после раѓањето на ќерката отишла во Полска. Таму чекала мажот и да добие добра работа и веќе ветениот стан. После неколку месеци услеал – Ниче станал сценограф во театарот и Рената се вратила веќе за постојано во Македонија.

Секојдневниот живот во Македонија

Првото работно место во Македонија (тогаш уште во Југославија) беше државно земјоделско претпријатије кое се занимаваше со продажба на земјоделските производи. Рената сакаше во рамките на претпријатијето да отвори лабораторија за контрола на квалитетот на семето, но не успеа да ја убеди управата. Затоа наместо да работи тоа што го учеше се занимаваше со снабдување на мрежата на земјоделски аптеки. По распадот на Југославија ја изгуби работата, но накратко полсе тоа ја отворила продавницата со здрава храна во центарот на Струмица. Така започнала нејзината кариера како експерт за здрава исхрана. Ја водела емисијата на таа тема на почетокот во регионалната телевизија а потоа во А1. Станала препознатлива. Емисијата и ги донесе купувачите во нејзината продавница. Луѓето и доаѓале на консултации – кои многу сакала да ги дава – поретко купувале и почнале да ги користат артиклите дури кога имале веќе здравствени проблеми. Слично беше со мажот и – секој ден му спремала макробиотски ручек а тој скришно одел после тоа на кебапи и плескавици. Тоа завршило со сериозна болест и операција. Дури тогаш мажот и го оценил трудот на Рената. Таа требаше за се откаже од работа и од кариера за да се грижи за него. Сега работи дома а со макробиотика се занимава само практично. Исто така преведува поезија на полски јазик – во 2010 година се издаде книга со поезија на Весна Ачевска а сега планира да издаде преведената полска поезија на македонски јазик. Се труди да остане во контакт со Полска преку културна размена – ги поканува полските уметници на Меѓународна ликовна колонија во Струмица.

Идентитет

Се чуствува како Полјакиња. Во принцип не се чуствува поврзана со Македонија, покрај тоа што нејзината фамилија во Полска и вели дека многу примила од македонската култура – сака да игра оро најчесто на свадби и други свечености, ги употребува понекогаш македонските зборови…Постојано размислува да се врати во Полска. Сега кога мажот и е во пензија ништо не ги држи во Струмица. Ја боли дека Македонците постојано се сеќаваат на Полјаците како на трговци кои доаѓале за време на Југославија.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS