Natalija Gura
1
2
3

Биографија

Наталија е ќерка на Полјак и Македонка. Родена е и растела во Радовиш, но и покрај разводот на нејзините родители и трудот на мајка и – учела полски јазик и учествувала во животот на македонската Полонија. После завршувањето на средноto училиште ги започнала студиите во Краков но летните и зимските распусти ги поминувала секогаш во македонскиот дом. После тригодишните економски студии отишла да волонтира во Индија а после тоа една година работела во Малезија. Таму е крстена во баптистичката црква со која од детството е врзана. Својата иднина ја гледа во Полска ама не со оглед на сентиментот- спротивно на нејзиниот брат (исто полу Полјак) се чуствува како Македонка) но со оглед на економските услови. Во Полска гледа повеќе шанси за себе. Засега распустите ги поминува во Радовиш, од септември планира да најде работа во Лондон или барем да ја посети Англија.

Пред заминувањето

Татко и на Наталија ја запознал мајка и во Македонија каде дошол работно – бил еден од полските инжиниери што дошле да ја организираат работата во радовишката фабрика на замрзнат зеленчук. Останал 12 години – ја напуштил Македонија после разпадот на Југославија, отприлика во половина на деведесетите години. Најверојатно никогаш не се чуствувал добро во Македонија. Според тоа што велат неговата бивша жена и ќерка, никогаш не го научил јазикот и ја напуштил државата кога Наталија имаше 4 години.
Во случај на Наталија беше обратно. Отишла во Полска но детството и младоста ја поминала во Радовиш. Во тој период три пати била на летување организирано за деца со полското потекло претежно од Источна Европа. Ги посетилa меѓу друго Гданjск, Вроцлав и Познан и понела од патувањето убави впечатоци и идеалистичка слика на државата.„ „Тогаш мислев дека луѓето таму се толку отворени…а кога отидов на факултет беше сосем обратно!“
Дома мајка и ја учела полски јазик, ја гледала полската телевизија со неа и се трудeла да ќерка и учествува во животот на македонската Полонија. Наталија до ден денес памети кога требаше да прочита на некоја академија долг текст за херојот Тадеуш Косчиушко чие презиме не можела да го изговори.
Кога ималa 12 години мајка и отишла на неколку години на работа во Италија. Наталија останалa со нејзиниот постар брат и премина во протестантската црква. Брат и отишол да студира во Краков и таму останал. Наскоро треба и Наталија да оди по неговиот пат.

Заминувањето - мотивација

За миграцијата во фамилијата Гурови би можело да се раскажaт најмалку две приказни. Првата е миграцијата на татко и на Наталија во Македонија- втора е миграцијата на Наталија на факултет во Полска. Во меѓувреме мајка и на Наталија мигрира во Италија а самата Наталија после факултетот оди во Индија и Малезија.
Наталија зaпочна да оди во Полска кога имаше 8 години. На почеток на летувањата, после кај татко и и кај брат и кога стурирал таму. Кога заврши средно училиште одлучила исто така да студира во Краков како брат и. Гледала повеќе шанси за себе во Полска отколку во Македонија. Не можела веќе да ги користи стипендиите од полската влада за странци – во нивните рамки би можела првата година на факултет да ја помине учејќи го полскиот јазик и ги положи испитите како Полјакиња на Економската Академија во Краков.

Natalija Gura

Mиграција - прилагодување

Патувала за Полска со големи очекувања, но брзо се разочарала посебно од луѓето. Разликата меѓу Полјаците и Македонците ја опишува вака:„Македонците е топол народ многу отворен и гостопримлив, и кога има помалку е среќен не се жали толку како што Полјаците. Првата мана на Полјаците е дека се жалат од сабајле до вечер.“ Ги научила Полјаците да се забавуваат на балканскиот начин – нејзиниот осумнаесетти роденден во студентскиот дом се памети до денес.
На почетокот имаше проблеми со јазикот, посебно со економските стручни изрази кои не ги знаела ниту на македонски. Но недостатоците во овој дел будиле сожалување кај предавачите, па и кога веќе gо знаеше јазикот кажувала дека слабо зборува на полски и дека е од странство. Сите мислеле дека е од Полска, понекогаш според акцентот се мислеше дека е од Шлонск и сегогаш сите се чуделе кога кажувала дека е Македонка.
Полска ја сака пред се поради еконмските причини :„ За мене имаше повеќе шанси во Полска и веднаш после факултетот може да се најде некаква работа“. Во споредба со Македонија Полска ја оценува како држава што функионира подобро:„ Во Полска имаш повеќе слобода да правиш што сакаш. А тука си ограничен со како да кажам капацитет. Средината не ти дозволува да правиш што сакаш. Сакам да одам да пливам, не можам, сакам било што да правам – не може. Во Полска не си ограничен, може да правиш се на што може да си дозволиш освен ако немаш пари.

Секојдневниот живот во Македонија

Сега доаѓа во Македонија на распуст и на празници. За време на распуст конечно има шанса да се сретне со познатите на кафе. Кога доаѓала од факултетот за празниците имаше слободно време во текот на католичките празници и нејзините православни познати биле постојано во Скопје. Радовиш е сепак премал град за нејзините големи потреби. Нема каде да се спортува, да се забавува дури црквата е премала и премирна.
Наскоро планира да се врати во Полска овој пат за да најде работа. Има предност над нејзините колеги и колешки дека го заврши факултетот на 20 години – родителите ја пратиле во школо кога имаше 5 години. И затоа сега може уште на им посвети 2 години од животот на размислување што сака во животот и на патувања. Се проба веќе како волонтер во Индија но прекина после два месеци кога ја доби работата во Малезија. Скоро една година помина како асистент во една фирма за плин во Куала Лумпур и веќе не сака да се врати во Азија.

Идентитет

После неколку години поминати во Полска со сигурност може да каже дека се чуствува како Македонка со оглед пред се на карактерот: отвореност и позитивно милсење. По татко и а всушност по неговата мајка го наследила само изгледот.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS