Monika Risteska
24 години, Скопје
1
2
3

Биографија

Моника е родена во Воломин кај Варшава. Неколку години живеела во Кобилка, каде што била чувана од баба и. Од овој период не се сеќава на врсниците, си памети само дека си играла сама, гледала цртани филмови, се сеќава на јадења што ги готвела баба и. Пред да почне да учи во основното училиште заедно со целото семејство се преселиле во Македонија, во Скопје. Почнала да учи на македонски јазик и полека се навикнувала на смената на местото. Иако секогаш сакала да се врати во Полска во Македонија добила диплома како новинар и ја студира филмската продукција.
Би сакала да најде време да живее во Кобилка, место од младоста одкако ќе го заврши факултетот.

Пред заминувањето

Моника до нејзините шест години живеела во Кобилка кај Варшава. Најдобро се сеќава на баба и, заедничките пшрошетки во црквата, игри. Таа зборува за овој период: „Таа ме чуваше. Мајка ми одеше на работа. Цели денови ги поминував со баба ми и во зима и во лето, таа измислуваше различни игри, заедно се шетавме, шиевме, правевме накит, ме учеше да правам колачи, се правевме заедно“. Моника се сеќава на вкусот на некои полски јадења. Се сеќава и на улицата на која живеела, „не беше асфалтирана, мислам до ден денес не е само ваков црниот песок, камчиња, еднаш кога паднав си го повредив коленото, камчињата на патот беа толку остри. “ Во овој период дома зборувале на два јазици. Иако родителите ги учеле јазиците, Моника се сеќава дека на децата им се обраќале секој на свој јазик. „Јас почнав да зборувам во истото време на полски и на македонски, не можам да се потсетам точно“ – тврди денес. Децата биле покрстени во католичката црвва и додека биле во Полска ги славеле претежно католичките празници.

Заминувањето - мотивација

Заминувањето во Македонија не било нагло. Родителите на Моника ја граделе куќата во Скопје. Целото семејство доаѓало неколку пати да се провери дали состојбата на градбата е во ред и да се подготват за преселувањето. Моника од периодот пред селењето се сеќава на баба и која се обидувала да ја подготви внуката за разделба. „Некако уште од мала бев свесна дека нема да живееме во Полска и дека ќе се преселиме во Македонија“. Патот помеѓу Кобила и Скопје го поминале со кола. Денес и се чини тоа невозможно со оглед на тешкотии на патувањето со двете мали деца (Моника и малку постар нејзин брат) а исто така со оглед на количината на багажот. Не знам како успеавме бидејќи сега кога патуваме на одмор не можеме да собереме се што планираме, не знам како беше тоа дали одевме еднаш или два пати. Не можам да се потсетам ниту не знам со каква кола патувавме.“ Од самиот почеток на животот во Македонија Моника не памети премногу. Македонските песни кои ги пеела сама играјки си на улица затоа што во близина немало деца на нејзината возраст, омилените кукли кои ги оставила во Полска и конечно радост од сопствената соба која ја добила во новата татковина.

Monika Risteska

Mиграција - прилагодување

Моника лесно се навикнала да живее на новото место. Цело време се сеќава дека пред заминувањето и велела на баба и: „Бабо, не сакам“. Се сеќава дека и велела вакво нешто, дека сакала да си игра секој ден и дека и било убаво. „Не можев да разберам дека ќе се најдам во новата средина и таму веднаш ќе треба да одам на школо. И тоа на друг јазик, иако јазикот го знам, но новите деца, новите луѓе. Не можев да си замислам како ќе изгледа сето тоа, знаев дека ќе ме чека комплетна измена, дека ќе бидам разделена со баба ми и со моите секојдневни игри.“ И покрај тоа лесно се навикна на новиот свет. Во училиштето каде одела имало многу ромски и албански деца. Така да не била искучок во врска со различната вера или потеклото. Се случувало дека ги поканувала децата дома да пробат полските јадења. Многу им се допаѓал колачот направен од изварок но на желе не се навикна никој.

Секојдневниот живот во Македонија

Моника и покрај нејзините млади години знае што сака да прави во животот. И затоа иако и недостасува Полска не се вратила таму. Од таа причина што во време кога почнувала да студира немало рекрутација на нејзината струка. Затоа во Скопје прво го направи лиценцијатот по новинарство а сега ја студира филмската продукција. Со тоа сака да се занимава во иднина. Се труди да е активна во животот на Полинија, учествува во конкурсите, ја застапува Фондацијата на Млада полонија во Македонија. Од нејзиното потекло се труди да направи предност. Чита книги, гледа филмови и дури не се срами дека ги знае диско поло хитовите иако не ги слуша. „исто така ги знам, би се срамела ако не ги знам <<гаќички со точки охохохо>>“. Празниците ги слават само во кругот на најтесното семејство и само понекогаш ќе дојдат некои пријатели да ги пробат специјалитети што ги подготвува мајка и. И недостасуваат братучедите и братучедките што ги има во Полска и со кои немала прилика подобро да се запознае. Во себе го врзува и тоа што е полското и македонското. Многу се гледа тоа во нејзиниот пристап кон јазикот. „Кога размислувам, мислам дека не размислувам на никаков јазик, барем така ми се чини, сум на истото ниво и со полскиот и со македонскиот јазик, но мислам дека би требало повеќе да читам затоа што некако полскиот ми исчезнува од глава и морам постојано да го освежувам. Исто така понекогаш имам проблеми да се изразам и на македонскиот јазик, затоа што размисувам за премногу работи наеднаш и ми недостасуваат зборови. Кога сме дома зборуваме мешано, иако повеќе на македонски. Многу зависи и од мислата која ќе се појави во глава.“

Идентитет

Моника иако би сакала да се врати во Полска да живее малку во куќата од нејзиното детство се чуствува истовремено Полјакиња и Македонка. Истакнува дека нејзините чуства се менуваат: „не можам тоа да го објаснам бидејќи како што растев се менувале моите мислења и токму вакви полско-македонските чуства. Понекогаш заклучувам дека сум дете на светот и дека нациите не постојат, како да се каже тоа, дека нема граници меѓу националностите, затоа што според мене сите нации и националности се измешани така да не постои вистински Полјак, вистински Македонец, Американец…Американците се од Велика Британија, разбирате ли за што зборувам? Имало толку војни и револуции, нациите се измешале, народите патувале од едните места на други така да според мене не постојат чисти националности и токму од оваа причина јас се чуствувам како светско дете. Не знам и не можам да знам кои биле моите корени.“

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS