Marianna Georgievska
1
2
3

Биографија

Марила е родена во Конин. Потекнува од фамилија со многу деца – имала четворица браќа и четири сестри. По завршувањето на основното училиште започнала да учи во стручното средно училиште за трговија во Коло. Веднаш после тоа отишла во Лесна во Шлонск каде што имала повеќе можности да најде работа. Во Лесна го запознала идниот сопруг – Македонец од Егејска Македонија, кој се најде во Полска како бегалец. После две години го склучиле бракот. Во Македонија отишле во 1975 година. Поканата во Македонија опфаќала исто така и гаранција за вработување и така веднаш по доаѓањето била вработена во продавница.
Им се родиле двајца синови, еден од нив денес живее во Полска, еден во Скопје. Имаат исто така внуци – изворот на големата радост на Марила. Иако емигрирала во Македонија скоро пред 40 години постојано и недостасува земјата на младоста.

Пред заминувањето

Марила потекнува од Конин, имала четворица браќа и четири сестри. Цел живот се чуствувала многу поврзана со нив и после заминувањето многу и недостасувале: „ми било толку тешко…имав сестри…четири, четворица браќа, фамилија, другарки, полно…а овде кога дојдов, немам никој – сама сум“. После завршувањето на основното училиште започнала да учи во средното стручно училиште за трговија, полсе тоа заминала во Лесна каде што го запознала идниот сопруг. После две години го склучиле бракот. Другарките ја предупредувале дека веднаш после венчавката ќе сака тој да оди во Југославија, но Марила се согласила да му е жена. Другарките биле во право, неколку месеци после венчавката сопругот на Марила ги поднесе документите во амбасадата за да добие пасош и согласување за заминувањето.

Заминувањето - мотивација

Кога Марила заминала во Лесна не очекувала, дека таа одлука ќе влијае толку на нејзиниот понатамошен живот. Таму го запозна сопругот- Македонец од Егејска Македонија, кој се најде во Полска како бегалец по граѓанската војна во Грција. По две години склучиле брак. Неколку месеци по тоа тој ги поднесе документите за да замине со семејството во Македонија. Марила вели дека се сложи да ја напушти Полска со оглед на децата. Но признава дека ако не би се согласила мажот и немаше да оди сам без неа и децата.
Заминувањето во Македонија било за неа тешко искуство. Во Полска останале нејзините бројни браќа и сестри со кои се чуствувала многу поврзана. Морала да ги напушти нејзините другарки од школо. Сите тие околности предизвикаа дека на почетокот Македонија не и се допаднала – и недостасувале блиските. Иако во овие времиња било потешко да се одрзжува контакт поради оддалеченоста, Марила долго време успевала да не ги загуби врските што ја врзувале со Полска: „имам многу познати, кога ќе одам…не знам…досега некако бевме во контакт а сега веќе…секој си има фамилија, деца, внуци…не е како порано. Кога бевме помлади беше поинаку“.

Marianna Georgievska

Mиграција - прилагодување

Во моментот кога дошле во Македонија, Марила и нејзиниот сопруг имале обезбедена работа и стан. Но доаѓањето во Југиславија како привилегирани имаше лоши страни. Како жена на Егејец ја сметале за Егејка во Тетово – каде што кон така наречени Егејци, бегалците од Егејска Македонија луѓето во Тетово немале премногу симпатија: „кога работев со тетовчаните цело време само кажувале за Егејците, дека дојдоа тука, им дадоа стан им дадоа работа а тие не кожат ништо да добијат, морат да купат(…) и цело време зборуваа за нас <<вакви сте, онакви сте>>“
Во Македонија многу и смета ѓубрето на улиците и навика ѓубрето да се фрла директно на улици а не во канти кои ги нема. Многу пати пробала да им обрати внимание на децата: „кога дојдов тука се карав, отидов на спортско игралиште со децата, купив портокали, гледам нема никаде канта(…) и некои деца одат и ги фрлат опаковките од бонбончињата <<врати се, крени ја опаковката>>На почеток вака правев затоа што не можев да поднесам, како може ѓубрето да се фрла вака“.
Жали исто така што Македонците немаат навика да играт: „кога има роденден, одиме, музиката прекрасно свири. Велам дека треба да дојдат Полјаците да играт. А овде ништо, секој само слуша и јаде а музиката свири, јас реков – тука им требаат Полјаците“.

Секојдневниот живот во Македонија

Сега Марила е во пензија. Чуствува дека до денес не успеала потполно да му се прилагоди на животот во Македонија. За жал здравствените проблеми не и го овозможуваат патувањето во Полска – оваа година требаше конечно да патува да ја посети фамилијата, но имала несреќа. Како што сама забележува со годините повеќе и недостасува родната земја. Посебно многу емоции предизвикало последното одење на син и во Полска кога видела и фотографиите од местата каде живеела. „На младите години не ми недостасува толку, сега на старите години многу ми недостасува, тешко е, се се памети…Син ми беше сега и ми донесе се, имаше апарат, се е снимено, сестрите, браќата, целата фамилија. Ми донесе компјутер и ми покажуваше се а јас мислев дека ќе ми пукне срцето“ Полска и недостасува посебно многу кога има празници, кога фамилијата и се јавува да и честита а таа не може да е со нив.

Големиот извор на радост денес се за нејзе внуците. Се радува дека тие имаат контакт со полската култура, дека ги знаат песничките. Неодамна внука и беше на излет во Полска и беше восхитена дека има прилика да ги јаде јадењата слични на тие што и ги подготвува баба и. Како што се сеќава марила: Вели <<бабо, истите супи јадов ти што ги правиш>>а јас прашувам, <<подобри или полоши?>> <<Не, ти подобри правиш>>“

Идентитет

Марила се чуствува Полјакиња. Иако 40 години живее во Македонија ги одржува полските традиции и чуствува дека не успеала потполно да му се прилагоди на животот во Македонија. И покрај целата симпатија која има кон сонародниците ги забележува и измените во полското општество. Според неа луѓето станаа поладни и и е тажно што го гледат само сопствениот интерес.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS