Magdalena Jovčevska
23 години, Скопје
1
2
3

Биографија

Магдалена е родена во 1989 година во Скопје, главен град на Македонија. Студира психологија, се развива како лонгвист. Мајка и на Магда е Полјакиња и потекнува од градот Стжегом. Во осумдесетите години дошла во македонскиот град Дебар да ја посети роднината на шурата. Таму го запознала татко и на Магда кој потекнува од Дебар но студирал во Скопје. Нејзините родители останале во Скопје. Магда има постар брат. Детството го помина во околината на Ѓорче Петров во Скопје, во слободно време учествувала во курс по карате и во часови по англиски јазик. Дома мајка и често зборувала со децата на полски јазик па полскиот јазик и станал втор после македонскиот. Исто така двете патувања за Полска (едно кога имаше неколку години и едно како тинејџерка) и помогнале да и го приближат јазикот и културата на мајка и. Го заврши средното училиште со струка фризер-козметичар што и овозможи да се вработи во студиото на брат и кој што исто така е фризер. Но чуствува дека не е тоа за нејзе и сега студира психологија а во иднина сака да продолжи со студирањето во Полска.

Пред заминувањето

Мајката од Стжегом а таткото од Дебар. Двата мали грaдови со комплицирана историја. Стжегом (гер. Striegau) е градот лоциран во југо-западна Полска близу до границата со Чешка Република (околу 30 км). Дебар е градот на многу култури и традиции. Со вековите им припаѓал на различните царства но најголемо влијание има соседна држава – Албанија како и вклучување на овој град во Отоманската Империја. Отприлика пред 30 години млада жена од Стжегом се појави во Скопје. Млад маж кој студирал во Скопје токму тогаш патувал за родниот град Дебар. Кога се качувал на автобус Скопје-Дебар не претпоставувал дека ја сретне неговата идна сопруга. Таа била мајка и на Магда која одела во Дебар да ја посети другарката. „ Кога се качил на автобус татко ми единствено слободно место имаше покрај мајка ми, така да татко ми седнал до неа и почнале да разговараат…“Љубовта може да се изгради со години пријателство ама сито така е работата на случај или на среќа, ако имаше во автобус повеќе слободни места родителите на Магдалена немаше да се запознат.

Заминувањето - мотивација

Родителите на Магдалена поминале малку време заедно пред да се вратила во Стжегом мајка и. Таа не знаела македонски а тој не зборувал полски но за среќа знаеле двајцата руски. Пред да ја започнале врската беа пријатели. Секоја љубов има свое индивидуелно темпо на развојот. Нивната љубов се развиваше во писмата пишувани на руски јазик. Во тој период татко и на Магда дошол во Стжегом бидејќи многу сакал да ја види неговата сакана. Се вратил во Македонија и продолжиле со писмата. На крај мајка и се решила да замине во Македонија. „Ги пишувале писмата и конечно мајка ми дојде тука и се венчале“. Родителите на двајцата млади го одобриле бракот иако не без отпор, но на крај ова бил нивниот животот. Според Магда баба и беше тажна поради далечината. Исто фамилија на мажот и не беше најсреќна поради изборот на Полјакиња за снаата„Сакале да е од Дебар, да е тука и наша, затоа што религијата е малку поразлична но на крај му дозволиле да прави што сака“. Младите одлучиле да останат во Југославија, затоа што тогаш имаше таму подобри услови за живот. Останале во Скопје. Им се родиле две деца – син и ќерка.

Magdalena Jovčevska

Mиграција - прилагодување

Во семејството Јовчевски се живеело добро, биле во Ѓорче Петров – наслеба во Скопје. Можеле да си дозволат посети во Полска. Се се сменило после распадот на Југославија. Магда имала 2 години кога Македонија стана независна држава. На пазарот на трудот беше многу тешко да се најде работа, платите беа се пониски. Мајка и на Магда никогаш не можела да најде легална работа затоа што кога се решила за емиграција одби да го откаже полското државијанство за да го добие југословенското. И покрај сите тешкотии фамилијата се снаоѓала само што посетите во Стжегом станале поретки. Магда има многу добри сеќавања на детството и се чуствува поврзана со населбата во која живеела. Исто така има многу добри сеќавања на посетите во Полска. Откако била мала веќе знаела дека нејзината фамилија се разликува од фамилиите на другарите и другарките. Мајка и се идентификува со крај од кој потекнува и децата исто така се чуствуваат поврзани со него. Магда чуствува дека нејзините врсници чуствуваат дека е „поинаква“. „Знаат дека не изгледам како типична Македонка, дека не сум типична Македонка и ме прашуваат дали мајка ми е од Србија, од Далмација. Можеби имам нешто во мене, дека гласно зборувам дека не сум Македонка“ Мајка и и татко и многу би сакале да заминат во Полска, чуствуваат дека таму има подобри услови за нив. Желбата се зголеми во време на конфликтот со Албанците во 2001 година, кој прерасна во граѓанска војна. Магда имала тогаш дванаесет години и многу се плашела но не чуствува отпор кон албанското малцинство. Израсна во лице отворено кон „нешто друго“ и толерантно. „Јас потекнувам од двете различни култури, двете религии, така да не можам да гледам на човекот преку религијата и преку националноста. За мене човек е човек важно е дали е добар или лош“.

Секојдневниот живот во Македонија

Каков е живот во Македонија? Според Магда е добар затоа што е сигурен. Не се плаши да се враќа ноќе сама дома. Луѓето си обраќаат вниманије во позитивната смисла се грижат едни за други. Гледа и минуси- проблеми на пазарот на трудот, непотизам, ниски плати, ѓубре на улици. Студира психологија во Скопје и сама заработува на себе. Во слободното време сака да чита и да учи странски јазици. Сака да танцува ама повеќе од ноќните клубови ги сака средбите на кафе, каде што не треба да се надвикнува музиката да може да се празговара. Би сакала да студира во Полска и можеби да остане таму. На Полска гледа преку очите на Стжегом и нејзината фамилија со која се чуствува поврзана. Би сакала да живее како насловниот лик од полската серијата „Магда М.“ Свесна е дека тоа се соништата но соништата се затоа да се исполнуваат. „За мене таа беше едноставно Полјакиња. Ова беше животот на Полјакиња. Мене многу ми се допадна. Си помислив да бев во Полска ќе беше така некако, дека таков ќе биде мојот живот“. Нема многу контакти со Полјаците во Скопје. Знае неколку луѓе на нејзината возраст затоа што мајка и се трудеше да ги одржува релациите, но со текот на време сите имаат што помалку време за средби. Кога полското здружење организира некакви празници заедно со мајка и учествуваат, понекогаш оди во католичката црква и се чуствува поврзана со религија на мајка и иако сама не е крстена.

Идентитет

Магдалена не се чуствува ниту како Полјакиња ниту како Македонка. Вели дека е пола на пола. Полјаците ги сака за отвореноста и дирекноста но ја иритира претерувањето со алкохол. Македонците ги сака за нивниот мирен и грижлив караткер.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS