Lena Angelkoska
60 години, Скопје
1
2
3

Биографија

Лена Ангелкоска Димовска е родена во 1950 година во Ташкент, тогаш во Советски Сојуз. Нејзините родители беа Македонци од Егејска Македонија. Во текот на граѓанската војна во четириесеттите години биле комунисти партизани. Верувале во обединувањето на нациите и право да се биде Македонец во Грција, и затоа морале да побегнат. На шестгодишната возраст Лена со нејзините родители заминала од Ташкент за Полска. По четиринаесетдневното патување се нашла во Варшава од која се сеќава на палатата „Лазиенки“. По следните десет дена целото семејство завршило во Вроцлав каде што останале на следните единаесет години. По тоа време целото семејство пак отишло на пат за Југославија, Македонија. Од ова време Лена живее во Скопје. Завршила историја на Универзитет Св. Климент и Методиј во Скопје. Работи како водич во Музеј на Македонија, ги води музејските работилници за децата и млади. Мажена е и има син. По заминувањето во Македонија само еднаш била во Полска во тажниот период на осумдесетите гогини. Постојано приметува дека брои на полски јазик.

Пред заминувањето

Животот на Лена почнува во Ташкент. Таму е родена, не во Грција ниту во Македонија, поради комунистичката дејност на нејзините родители, Македонци од Егејска Македонија. Постариот брат на Лена, како што и повеќето деца на Егејските македонци бил одделен од неговите родители. Се нашол во Полска во домот за деца без родители, потоа со помош на Црвениот Крст дошол во Ташкент кај семејството. После неколку години целото семејство се решило да замине во Полска. Најпрво после четиринаесетдневното патување доаѓаат во Москва. Од Москва Лена го изнесе сеќавањето на многу грди памучни хулахопки со риги. „Тогаш ми купиле толку одвратни хулахопки, такви памучни со риги. Одвратни. Прв пат носев такви.“ Од Москва доаѓаат на неколку дена во Варшава а потоа во Вроцлав. Следните 10 години живеат во Вроцлав. Лена се сеќава на овој период како на најсреќниот за целото семејство. Конечно сите заедно, во добрите услови и мир. Иако на почетокот Лена имала комплекс на руска девојка. „Јас на почетокот имав комплекси, дојдов како Русинка, но јас сум таква, веднаш сите ме засакаа и веднаш почнав да зборувам полски.“ За два месеци го научила полскиот јазик играјќи си во дворовите и урнатините на поствоениот Вроцлав. Првото одделение го заврши со четворка по полскиот јазик што било за неа повод за плач. Во следните години ќе биде само подобра и подобра. Истото се однесувало на математика или физика. И покрај тоа што била добро прифатена од страна на Полјаците кои ја сметале за нивната „Ленка“, секогаш се чуствувала малку поинаква. Во гимназија тоа било и повод за гордоста, била единствена Македонка во гимназијата бр. 2 во Вроцлав а нејзиниот татко сопственик на работилница за чевли правел за неа и за целото семејство најубавите чевли во градот. До време кога полагала на факултет Лена и нејзиното семејтво го воделе животот на среќни Македонци од Вроцлав, познавајќи го јазикот, обичаите и вкусот на тогашните времиња.

Заминувањето - мотивација

Матурата на полски јазик Лена ја положила со одличен резултат. Потоа наспроти волјата на нејзината класна учителка како и учителка по физика пробала да полага на Академијата за уметност а не на молекуларната физка. За жал не успеала, исто така и брат и. Можеби имал влијание фактот што татко и еднаш фрли со партиската картичка и дека не биле грчките комунисти. Главна инспирација сепак бил соработникот на татко и, Евреин, Јозеф, кој пак го почуствувал ветерот на омраза (антисемитизмот) и во шеесеттите години решил да замине со неговото семејство во Израел. Во тој момент родителите на Лена решиле да се вратат во Македонија. Го напуштиле пријателскиот Вроцлав, пријателите, братучедите и заминале на следниот животен пат. Биле сместени во Гостивар во западна Македонија каде што се обиделе да им се прилагодат на новите услови и животот помеѓу Албанците. За Лена, слично како и за татко и шок бил менталитет на Македонците и Албанците. Лена не можела да прифати друг однос кон жените кон постарите лица и не можела да се навикне на сиромашноста на македонски јазик: „Еве го менталитетот (…) како се однесуваат со жените, младите луѓе седат во автобус, јас никогаш не седев кога патував секој ден со трамвај во гимназијата. Или оваа радост кога ќе се роди машко дете…момче, син. (…) Ова беше за мене шок, за татко ми исто така.“. За татко и најтешко било немањето работа. Во Вроцлав работел од седум наутро до седум вечер а во Македонија требало да оди во пензија. Покрај тоа што семејството Димовски било зависно од социалната помош живееле во сиромаштија која не ја знаеле во Полска. Плус било дека имале пасоши и можеле да заминат. Брат и на Лена веднаш ја искористил таа можност и заминал во Австралија. И Лена сакала да замине но но починал татко и што ја натерало да остане во Македонија заедно со мајка и. Во прилагодувањето и помогнале студиите по историја во Скопје, како и срдечноста и оптимзмот кои ги наследила по мајка и.

Lena Angelkoska

Mиграција - прилагодување

Со започнувањето на факултетот Лена се преселила во Скопје, поголем град од Гостивар. На факултетот и во студентскиот дом брзо успеала да најде пријатели. Сретнала многу луѓе кои слично како неа живееле во Полска или во Унгарија. Сама вели дека не се сеќава точно на момент во кој се почуствувала како дома. Тоа бил процес. Студиите, страста кон уметноста и археологијата, првото вработување во училиште а потоа во музејот, љубов – биле чинители благодарејќи на кои се почуствувала во Македонија како дома. Но сеуште живее некаде помеѓу. Често ја викаат Полјакиња поради познавањето на полскиот јазик и акцентот. Но не се сомнева дека сега нејзиниот дом е Македонија. Сама се смее дека се наоѓа таму каде што е тешко. Можеби ова е типично за нејзиното семејство: „Процес, процес. Јас сакам, се сакам. И Полска, ја обожавам. Ја обожавам современата полска поезија, полскиот хумор, полската литература, историја. Се научив, знам многу и можам да споредувам. И секогаш споредувам нормално, знаете, оваа е млада држава.“ Цело време ги забележува разликите меѓу Полска и Македонија, Полска ја има во сеќавањата а во Македонија живее секој ден и покрај сите проблеми научила да живее во Македонија и да му се радува на животот.

Секојдневниот живот во Македонија

Денес Лена работи во Археолошкиот музеј. И останале уште 2 години да се пензионира. Засега се занимава со водење на екскурзии, меѓу друго и од Полска. Се занимава со едукативната дејност и ги води работилниците по археологија и историја на ументост за деца и млади. Порано била учителка во училиштето во Гостивар. Археологија и историја на ументост се двете гранки од кои живее и за кои раскажува со вистинската страст. Има сопруг и син но тие не биле во Полска. Полска е за Лена сеќавањето на среќното детство и младоста, лектирата на книгите кои ја оформиле. Иако тешко и е да каже која книга на кој јазик ја прочитала. Не се сеќава на „Идиот“, дали го читала на руски, на полски или на македонски. Сега ќе се пресели и ќе види кои книги ги има на полски. Сонува да го има учебникот од кој го учела полскиот јазик. Ги моли повремено нејзините пријатели во Полска да и го најдат. Постојано ги одржува контактите со неколку лица од Полска. Сите се нашле благодарејќи и на социјалната мрежа „наша класа“. Со нејзината пријателка од Полска понекогаш зборува на телефон по неколку часа. Со другите контактира преку Facebook. Во Полска била само еднаш, во тажните осумдесетите години. Се сеќава на празните полици во продавниците и вкусот на киселата зелка: „Јас ја обожавав киселата зелка, си купив едно кило и изедов по пат. Овде нема ваква сецкана кисела зелка“. Сега Полска повеќето ја посетува Лена. Во лето многу често ги води екскурзиите, патници воодушевени од Македонија и Балканот. Раскажува на полски јазик за комплицираната историја, уметноста, археолошките откритија. И за себе. За Македонката од Ташкент, која зборува на полски.

Идентитет

Лена е Македонка. Секогаш била. Во Ташкент, во Полска или во Македонија. Имајќи неколку години и објаснувала на учителката зошто се вика Димовска иако нејзините родители потекнуваат од Грција а таа е родена во Ташкент. Од тоа време секогаш објаснувала, што е Македонија и зошто таа е Македонка. Лена го сака полскиот јазик, литературата, уметноста, кујната. Македонија е сепак на првото место. Можеби ова е поради родителите кои го истакнувале потеклото и повод за кои се нашле во Полска. Прв пат се почуствувала поинаква кога не отишла да се причести како другите деца. Потоа тоа чуство прераснало во гордоста. Но првите моменти во Македонија придонеле разочарување. Разликата била пред се во менталитетот, кој не може да го разбере иако би требало. Постојано е Македонка во расчекор.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS