Lefter Miovski
, околу 65 години, Гостивар
1
2
3

Биографија

Лефтер е роден во 1947 година во жешкиот период на граѓанската војна во Грција. Во 1949 година како бегалец заедно со семејството се нашол во Полска. Првите четири години живеел во домот за деца без родители во Полице. Во 1969 година добил можност да емигрира во Македонија. После доаѓањето во Гостивар бил вработен во стручното училиште како учител по физичко образовање. Заминувањето му даде шанса на кариера побрза одколку во Полска, како што самиот вели „поради недостатокот на кадар тука можев да работам во средното стручно училиште. Во Полска немав шанса, можев да работам во основното“. Истовремено почнал да работи како тренер на ракомет во локалниот клуб. Неговиот тим дури успеал да влезе во првата лига. „Секоја година има првенство во ракомет, секогаш имаме 2,3,5,6 место во Македонија. Имав добар спонзор, влеговме во првата лига Веднаш ангажирале други играчи и нов тренер – професионалец. Не сакав да ја напуштам работата во училиштето па бев втор тренер. А потоа парите завршија“.

Пред заминувањето

Лефтер е роден во Грција, во мало село високо во планина. Поради граѓанската војна како двогодишно дете заедно со семејството (мајка му, тетка му, бабата и дедото) бил сместен во кампот за бегалците во Албанија. Одтаму преку Гибралтар дошол во Полска. На почетокот целото семејство било во Шчечин. Кога била донесена одлуката дека бегалците можат да останат за постојано во Полска им бил доделен станот во Згожелец. Слично како другите деца, со оглед на лошите услови за сместувањето бил предаден во домот за деца без родители во Полице. Таму научил да игра ракомет. После 4 години повторно можел да живее со неговите најблиски во Згожелец. Но таму децата не знаеле да играт ракомет. Следните настани сведочат дека од најмладите години на Лефтер му било пишано да стане тренер, како што сам кажува „ги научивме сите таму да играат ракомет. Јас бев многу млад, кога игравме со Германија, бев уште во гимназија, но бев во селекцијата на Згожелец“. Во 1969 година заминал во Македонија.

Заминувањето - мотивација

Како што сам вели – морал да оди во Македонија затоа што се чуствувал Македонец:„Дојдов, затоа што сум Македонец, затоа дојдов“. Додатната мотивација биле и подобрите финансиски услови: „Плата на учителот во Полска беше мала, учителките во Полска кажуваа <<никогаш нема да имам кола>> а овде кога дојдов можев веднаш да си купам на рати“
Истовремено работел како трнер на ракомет во локалниот клуб. Поради тоа што спортот му бил големата љубов, се трудил да се образува и да ги користи можностите кои ги пружеше тогашната Југославија – меѓу друго семинарите за тренери. „Имам дипломи. Многупати бев на овие семинари, со најголемите тренери во Југославија…Знаете, Југославија била многу јака во ракомет а јас научив многу. Не добивав пари за тоа но многу научив, имам високо ниво во ракометот“. За да ги зголеми неговите квалификации во 1980 година се запиша на униваерзитет во Скопје.

Lefter Miovski

Mиграција - прилагодување

Лефтер признава дека на почетокот имал многу проблеми со прилагодувањето кон новите услови. „Јас учев во Полска, бев воспитан како Полјак и не беше тоа само религијата…,јас сум поинаку воспитан, како Полјаците. Балканските обичаи се други, се ми сметаше како да паднев од месечина на земја. Многу ми бепе тешко. “ Ситуацијата ја правило уште потешка тоа дека после доаѓањето локалните жители им биле љубоморни на него и другите егејски Македонци: „на почетокот беше лошо затоа што кога дојдовме добивме работа и стан и одтука излезе љубомората. Некои се трудиле цел живот и не добиле(…) И не не викаат Македонци туку Егејци. И така до денешниот ден…“ Но Лефтер поради работата во училиштето брзо се интегрирал со локалната средина. Го признале како тренер: „Истовремено работев во училиштето и во клубот. И тогаш ме избраа како најдобриот тренер во Гостивар“. Пратејќи го низ улиците на Гостивар може да се има впечаток дека го знае цел град – секој момент го поздравуваат бившите ученици и познатите.

Секојдневниот живот во Македонија

Лефтер сеуште е вработен како учител по физичко обрзовање. Не работи повеќе како тренер. „сакав да работам, но сега нема пари. Можев да работам да соберам од децата по 500 денари, секој родител може да плати 500 денари <<имаш час и половина, тренирај дете>>. Но мене не ми се работи вака, ова година ќе заминам во пензија, ме молат да продолжам да работам. Јас велам ако најдете спонзор да можам јас да направам селекција кој треба да тренира, инаку не. Тука така се работи. Ќе земе 50 деца по 500 денари и ќе му се исплати. Јас така не можам да работам. Затоа што ако работам – работам а не како во детска градинка. Не само во пари е работата. Јас не можам така“. До денес ги одржува контактите со другарите од Полице. Пред се го користи Skype. Во последното време го посетил неговиот најдобар другар од Полска – Војтек, кој „го загубил неговиот најдобар другар некаде на Балканот“. Војтек не го информирал другарот дека планира да го посети, едноставно еден ден се појавил во Гостивар. За Лефтер посетата била големо изненадување. „Го држев часот по физичко и некој ми се јави и вели дека ме чека некој пред гимназијата дека можеби му треба помош зошто најверојатно според регистрацијата е од Полска. И го замолив колегата да ме замени. Гледам – Војтек!“

Идентитет

Прашањето за идентитетот има за Лефтер големо значење. Се чуствува како Македонец и токму тоа беше причина за која се решил да замине од Полска во Македонија. Многу им обраќа внимание на работите како што се топоними или правописот на презимињата. Се чуствува дискриминиран од страната на Грција: „Уште во 1922 во Грција се појави право дека сите топоними, презимиња, сите требаше да сме Грци. Не можеше да е поинаку, не можеше да има друга нација. Не знам зошто јас…Татко ми се бореше против режимот. Но зошто јас? Се што имавме ни го зедоа…и немаме право на тоа, го нема никаде во светот. Имавме куќичка, земја. Немаме на тоа никакво право. Јас на пример имам грчко презиме, но знаев како се презивам. Јас бев Миоски, не можам да сум Михаилидис. А во Полска морав да носам грчкото презиме зошто вака бевме регистрирани. Потоа не го носев повеќе тоа презиме. Кога дојдов го сменив на македонски. Многу ја сакав грчата музика но (…) кон нас тие имаат….За да се вратам во Грција морам да признам дека сум Грк и да имам грчкото презиме. Не можам Миовски. (…)Сега немаме никакви проблеми да дојдеме. Само тие топоними…јас не сакам да мојот град, да моето село е грчко.“