Lambro Bandilov
1
2
3

Биографија

Ламбро е роден во 1939 година во Черешница (сега под грчкото име Polikeraso). Неговото образование е геологијата. Државата во која е роден е Грција, за својата татковина ја смета Полска, а живее во Македонија. По раѓањето е Македонец но по избор е Полјак. Првите девет години ги поминал во Черешница но политичката ситуација во Грција станувала се понесигурна. Ламбро заедно со најблиските требаше да побегне од државата каде што се родил Од 1948 година живеел во разни градови во Полска, каде што се до завршувањето на градежно средно школо останал згрижен од домот на деца без родители во Жешов. Неговите родители дошле во Плска од 1950 година но немале доволно услови да се грижат за сите свои деца. Ламбро студирал геологија на АГХ во Краков. После завршувањето на факултетот живеел во Легница и се оженил со девојка која ја запознал во текот на факултетот. Во 1972 година со оглед на здравствена состојба на мајка му отишол заедно со фамилијата во Југославија. Заедно жеивееле во Скопје но жена му не можела да се снајде во новите животни услови па заминала за Австрија. Се разделиле како пријатели а после неколку години Ламбро се оженил пак. Со втората жена имал две деца – син и ќерка. Сега после 32 години работа во геолошкиот институт е во пензија. Живее во Скопје.

Пред заминувањето

Каде почнува Ламброва приказна? Во 1939 година кога е роден во местото Черешница? Во март 1948 година во текот на бегањето од родното место? А можеби во Полска каде што се нашол после неколку месеци барање место? Еве авторот на приказната – тој го одредува моментот а ние ја слушаме неговата историја. Е зима 1949 година и малиот Ламбро проба да се најде во новата реалност. Бил во Ладек Здрој во зградата со име „Убава“, која што им служила на децата со слични доживувања како неговите за новиот дом. Во истото градче живееше една од неговите сестри. Тоа бил за него многу тежок период. Живееше во домот за деца без родители, беше во туѓа држава, сите зборувале на странски јазик. Не беше сигурен дали неговите родители кои не успеале да отпатуваат со децата сеуште се живи. За среќа децата брзо се прилагодуваат. Ламбро го научил новиот јазик и започнал да учи во основно школо. Дошле и неговите родители кои после краток престој во Долни Сласк се преселиле во Биешчади. Тешко било да се напушти Ладек Здрој а што повеќе измеѓу 1950-53 година Ламбро дури четири пати го сменил место на живеењето. На крај успеал да се смести во Крошчиенко во домот за деца без родители, поблиску до неговите родители. После завршувањето на основното училиште се запишал на средно градежно училиште останувајќи под грижа на домот за деца без родители. После завршувањето на средно училиште отишол да работи во Краков во претпријатије за санитарни инсталации. После неколку години имал желба да продолжи со образование:„ Се запишав, ги положив испитите на АГХ на геологија“.

Заминувањето - мотивација

Краков: многу учење, излегувања со пријатели во градот, студентски летувања, културен живот, пријателствата створени во овој период кој Ламбро ги одржува до ден денес. Таму исто така ја запознал неговата прва жена, која студираше на Јагеллонскиот Универзитет. Финансиски му било тешко но во слободно време работел во клубови и наоѓал работа во студентските посредништва. Животот на студент толку му се допаднал па решил да го продолжи за една година престој во овој град. Магистрирал во 1969 година после тоа отишол во Легница каде живееле неговаа мајка и сестра. Успеал да најде работа како геолог во рудникот „Лена“ близу Злоторија. Условите не биле лесни но занимањето се покажало како полна сатисфакција. Се оженил во 1970 година, жена му се пресели во Легница и почна да работи како правник во транспортно претпријатије. Ламбро многу го сакал неговиот живот во Полска но мајка му се разболела а и тој самиот имал проблеми со реуматзам и докторот на двајцата им препорача дека би било добро да ја сменат климата на потопла. Имале можност да се преселат во Југославија.

Lambro Bandilov

Mиграција - прилагодување

Првите години во Македонија се позитивниот периот во животот на Ламбро. После неколку месеци по доаѓањето се вработил во Геолошкиот институт. Градот стигнал да се крене после земјотресот, биле изградени новите згради меѓу нив големиот трговски центар. Многу продавници, роба, немаше редици – пријатно изненадување за тие што растеле во комунистичка Полска. Не сите се чуствувале добро. Жена му не можеше да добие дозвола за работа а професионалната работа и беше потребна како на риба водата. Се чуствуваше толку несреќна па се решила да емигрира во Австрија. Таму се преродила, решила да го викне и сопругот но тој не можеше да ја остави мајка му која беше многу болна. Оваа ситуација заврши со развод. За двајцата тоа била тешка одлука но чуствувале дека немаат друг избор: „Да, таа беше тука толку несреќна и воопшто не и се налутив што замина“. Ламбро си ја сакал неговата работа, се запознал со Полјаци кои живееле во Скопје. После неколку години запознал друга жена и се оженил. Им се родил син (1984) и ќерка (1985). Во 1985 година почина мајка му. Во 2005 година после 32 години работење во геолошкиот институт Ламбро отишол во пензија.

Секојдневниот живот во Македонија

Животот на Ламбро во пензија е мирен. Понекогаш има финанскиски проблеми, ќерка му сеуште учи и треба да се грижи за неа. Кога е во можност оди во Бугарија да го посети гробот на татко му. Уште пред неколку години сакал да го посети родното село но не му беше дадена дозвола за влез во Грција. Сега иако би имал ваква можност не се чуствува доволно физички и емоционално подготвен. Од роднините знае дека куќата ја нема а гробот на дедо му беше уништен. Во Македонија никогаш нема да се почуствува како дома:„Знам, толку време сум во Македонија но сеуште мислам на полски јазик, да бев помлад ќе се вратев во Полска, но сега можам да се радувам на секоја посета во оваа земја“. Му недостасува полското море, езера, планини. Му недостасуваат пријателите од таму, кујната. Се труди да учествува во средбите што организира Полонија во Македонија во Скопје. Ќерка му одеше во полско школо во рамките на полското здружење. Кога го замолиме да ги затвори очите и да мисли на Полска прво мисли на полските јаболка и сливи а Полска чуствувана со сетила има за него вкус на јаболката и сливите

Идентитет

Македонија е место каде што живее, Полска е домот што го има во срцето. „Сите овие домови каде што бев во Полска во Ладек Здрој, во Згожелец, во Полице и во Устжики Долне засекогаш ми се во памет и никогаш нема да заборавам на нив. Дури се сеќавам на воспитачите што се грижеа за нас“. Се чуствува полу Македонец полу Полјак. Во Полска ги помина најубавите години од неговиот живот. Кај сонародниците не му се допаѓа само тоа дека претеруваат со алкохол. Секоја година мора да оди во Полска инаку се чуствува болен, понекогаш ако го прашуваат за државјанство одговара дека е Полјак.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS