Krystyna Risteska
55 години, Скопје
1
2
3

Биографија

Кристина Ристеска е родена во 1957 година во Лохов. Детството и младоста ги помина измеѓу Кобилка, каде што живеела со семејството и Варшава, каде што учела и се дружeла со пријателите. Во главниот град на Полска го завршила средното училиште, продолжила на висока школа, но требало да се откаже од образованието поради семејни проблеми. Многу брзо нашла добра работа во рамки на која успеала оа замине на неколку месеци во Либија, каде го запознаела нејзиниот сопруг. Бракот го склучиле во Полска. Кристина дошла во Македонија во 1981 година одкаде слушнала и за вонредната состојба во Полска. Заедно со сопругот планирале живот во Полска, ама поради комплицираната политичка состојба одлучиле да останат и да пробат во Скопје. На почетокот им било тешко, Кристина не можела да најде легално вработување, и недостасувало семејството, но кога се појавиле децата, кога ситуацијата во Полска се стабилизирала малку и родителите можеле да ја посетуваат во новиот дом нејзиниот живот се подобри. Потоа неколку години живеела со сопругот во Полска но се вратиле во Македонија. Сега многу често патува во татковината поради нејзината работа, но нејзиниот дом е во Скопје. Работи во државна институција.

Пред заминувањето

Родена е во Лохов, но нејзиното дество и младоста и поминале на патувањето измеѓу Кобилка (каде што живеела со семејството) и Варшава (каде што учела, студирала, работела, се дружела). Ја завршила гимназијата Болеслав Хробри во варшавското маало Прага Север. Сонувала за биологија но започнала да учи во центар за странските јазици. Поради семејните проблеми морала да го прекине образованието. Студиите ги продолжила вонредно затоа што требало да оди на работа. Во слободното време сакала да оди со пријателите во диско а кога немале доволно пари го поминувале времето на свеж воздух „Шетавме дури на Мазури, одевме во Татри“. Многу ја сакала работата а на работа многу ја цениле и почитувале неа. Како награда за добра работа заминала во Либија со цел да стекне поголемо искуство. Во таа арабска земја на плажа Кристина го запознала идниот сопруг – Македонец од Прилеп. И покрај проблемите со јазикот љубовта меѓу нив се родила многу брзо. После еден месец Кристина требало да се врати во Полска но продолжиле да контактираат преку писмата.

Заминувањето - мотивација

Кристина случајно се нашла во Македонија. По околу половина година младите решиле да се венчаат и да живеат во Полска. За брачното патување сакале да одат во Грција. Кристина одкако го добила пасошот дошла во Македонија а две недели подоцна во Полска била прогласена вонредната состојба. Бидејќи во Југославија ситуацијата била подобра одколку во Полска, Кристина со сопругот одлучиле да почекаат и да живеат во Македонија. Почетоците на животот во Македонија биле за неа тешки затоа што не можела да најде работа и била одалечена од нејзиното семејство, не го зналела јазикот. И покрај сите тие проблеми Кристина ја гледала иднината со оптимизам: „Треба само да се знае да се прилагоди и да се направи или чеклор напред или назад“. На почетокот исто така за нејзиното семејство во Полска било тешко да се помират со разделбата и затоа со скептизам гледале врз бракот со странец. За среќа со текот на годините го прифатиле изборот на Кристина, а таа заедно со сопругот и децата поминала и неколку години во Полска. До денес се трудат да се малку „овде“ и малку „таму“.

Mиграција - прилагодување

И недостасува Полска но веќе се прилагодила на животот во Македонија. Ги воспоставила контактите со полското здружение, каде што заеднички се организирани разни свечености за Полјаците. Веќе над 10 години има добра работа која и овозможува чести контакти со Полјаците и патувања во татковината. Сопругот и децата исто така се чуствуваат поврзани со Полска и полската култура. Тројцата многу добро зборуваат полски, синот студирал во Полска, ќерката многу би сакала да ги положи испитите во филмската академија во Лоџ, а мажот и го викаат на работа „Полјак“. Празниците ги прави на полски начин што многу го сакаат нејзините најблиски, затоа што ја обожаваат полската кујна. Кристина многу брзо го научила јазикот и од самиот почеток се чуствувала добро во средина на Македонците. „Мене ми се чини дека Македонците се слични со Полјаците. И Полјаците се многу гостопримливи.“ На почетокот и недостасувала атмосфера на голем град, значи таква каква имала во Варшава. Но Скопје пред неколку години почнало динамично да се развива што и помогнало да се почуствува како дома. „Нама многу разлика, но ако би можела да бирам, би се вратила во Полска. И климата се сменила сега стана овде многу жешко. Но во Полска не би отишла сама“.

Секојдневниот живот во Македонија

Нејзиниот секојдневен живот во Македонија е концентриран околу работата и дома. Могу ја сака нејзината професија и нема време да се досадува. „Оргазнизирам контакти меѓу луѓето“. Домот кој се наоѓа на крајот на градот, е нејзиниот азил, каде што може да се релаксира и да се радува на семејната атмосфера. Во таквите моменти сака во тишина да чита добра книга или да гледа филм со сопругот. Но само ако има прилика оди и дома во Кобилка, во Полска. Исто така времето поминато во Прилеп од каде потекнува сопругот е за неа многу пријатно. Се радува дека во Скопје има католичка црква каде што еднаш месечно има миса на полски јазик, затоа што религијата е доста важна во нејзиниот живот. Двете деца се крстени во католичката црква. Со семејството секогаш се труди да зборува на полски. Се чуствува како „во расчекор“ меѓу едното место и другото. Сега многу добро и се живее во Македонија но врски со татковината се многу јаки. Кога мисли на пензија се гледа со мажот и во Полска, но истовремено не би сакала да го напушти семејниот дом во Скопје.

Идентитет

Кристина се идентификува со Полска, но мисли дека Полјаците и Македонците се слични во врска со културата. Во двете нации ја цени гостопримливоста и жела за забава. „Се знае дека има различни луѓе но јас мислам дека сме слични. Има разлики ама има и многу заеднички карактеристики“.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS