Katerina Mikrut
32 години, Скопје
1
2

Биографија

Касиа е родена во Полска во Краков. Не сака да зборува за нејзиното семејство и за минатото. Повеќето гледа во иднина, животот го планира тука и сега. Во текот на студирањето живеела во Краков, заврши чешки јазик. Уште во текот на студиите почната да работи во архитектонска канцеларија каде што можела да го искористи знаењето на чешкиот јазик. Во тоа време почнала исто така да го учи македонскиот јазик. Во 2007 година заминала за постојано во Македонија, во малото гратче Ресен во југо-западниот дел од државата. Веќе 5 години живее во Македонија, во март 2012 година се преселиле со сопругот и со ќерка и во Скопје. Работи како моден дизајнер и бара постојана работа.

Пред заминувањето

Касиа не сака да зборува за нејзините сеќавања и кратко раскажува за нејзиниот живот во Полска. Не гледа во минатото, многу се концентрира на тоа што е сега. Не се чуствува многу поврзана со земјата на нејзиното потекло. Ако да, тоа само поради нејзината дванаесегодишна ќерка Алиција, на која и недостасува Полска, баба и дедо и татко и. Касиа младоста ја поминала во Краков, таму студирала бохемистика, работела во архитектонска канцеларија, учела македонски. Кога имала 27 години решила да си го сврти животот за 180 степени. Заедно со ќерка и заминала во Македонија.

Заминувањето - мотивација

Слично како другите Полјакини кои што живеат сега во Македонија за Касиа причина за миграцијата биле чуствата. Уште кога била на факултет почнала да учи македонски со целта овој јазик да не и се најде никогаш во животот, сакала да го учи за сопствената сатисфакција и забава. Учењето и желбата да се запознае оваа воопшто непозната во Полска држава ја донеле во Македонија 8 пати во текот на година и пол: „На факултет требаше да учиме уште еден од словенските јазици. Имавме за избор словенечки и македонски. Јас имав толку желба да учам јазик, кој никогаш за ништо нема да ми се најде во животот. Словенечкиот, се знаеше дека можеше да се најде, Словенија не е далеку од Полска па некоја соработка во трговијата или нешто слично сигурно ќе беше можно. А во Македонија…просечен човек тука ниту не знае каде е тоа. И така се запишав на македоски а покрај тоа работев тогаш со полно работно време а часовите по македонскиот јазик беа кон вечер и можев да ги стигнам. Така почнав да одам на тие часови, јазикот ми се допадна многу, многу учев првиот период и повеќе одколку на часот. Во меѓувреме почнав да се интересирам повеќе за Македонија, за историјата, културата, фолклорот. И се појави и желба да одам таму. После шест месеци одкако почнав да го учам македонскиот јазик се појави можност – Семинар на македонски јазик, литература и култура во Охрид. Тоа ми беше првото патување во Македонија“. Недолго потоа преку интернет го запознала нејзиниот сопруг. Решение за заминувањето го донела многу брзо. Немала во Полска ништо што би ја врзувало а и мислела дека со една плата нема да имаат доволно услови за живеењето. Во 2007 година по одобрувањето на заминувањето од страната на таткото на ќерка и Алиција, заминале во Македонија.

Katerina Mikrut

Mиграција - прилагодување

Од тоа време четири години живееле во Ресен, мало гратче во југо-западна Македонија. Спротивно до другите раскажувања што ги слушнав ова не беше баш позитивно. На живеење во Ресен Касиа се сеќава многу лошо. Селењето од големиот град како што е Краков во мало градче, немање на работа, седење дома без можноста да се излезе барем во парк, малограѓанската атмосфера – биле чинители кои од една страна ја доведоа Касиа речиси во депресија од другата страна и отвориле многу време да му се посвети на творештвото. „Знаев дека немам таму никакви шанси за работа и почнав да се занимавам со тоа што го работам до денес, дизајнирање и изработката на облека, мнодни додатоци, накит. Се изработувам рачно“.
Во текот на разговорот не се пожали на семејството на мажот и, соседите или дека била лошо прифатена. Едноставно заклучи дека не одговарала таму: „Цело време знаев дека јас не можам да живеам во мало место, не можам да се навикнам. Без разлика дали би било тоа во Полска или на друго место. Едноставно не можев. Не знам како издржав скоро 5 години, знаев дека не можам да се навикнам на животот на луѓето таму.“ Со нејзината кратка коса, екстравагантната облека, потреба да работи и да излегува – таа секогаш била и е човек од голем град. Во тоа време неколку пати размислувала да се врати во Полска. Со преселувањето од Ресен во Скопје во март 2012 година Касиа се преродила. И тоа е момент кога се почуствувала како дома. Како што сама вели не е важно дали живее во Полска, Македонија или Австралија, најважно и е да има занимација, работа, простор и можности за избор.

Секојдневниот живот во Македонија

По преселувањето во Скопје Касиа се труди да го развива нејзиното уметничко работење. Секој ден работи по барем осум часа на изработката на нејзините уникати – плете, сече, измислува. Другото време го поминува правејќи ги фотографиите, одржувајќи ја сопствената веб продавница. Бара постојана работа но истовремено сонува да може да се занимава со модата и дизајнирањето. Ги бара местата каде што може да ја изложува нејзината облека. Е дизајнерка и менеџерка. Покрај тоа ја воспитува ќерка си и помага во учењето, заедно шетат покрај Вардарот или низ центарот на Скопје. Еднаш неделно оди на часови по аргентинското танго кое почнала да го учи тука во Скопје. Со Полска ги одржува контактите пред се со оглед на семејството, кое не може да ја посетува во Македонија. До сега одела барем еднаш годишно во Полска во време на летниот одмор на ќерка и. „Ми недостасува почестиот контакт со семејството и пријателите и би сакала да можам да ги видам почесто одколку еднаш во година. Кога доаѓам еднаш годишно на десет дена немам време за сите и морам навистина добро да се организирам и секогаш со некого нема да стигнам да се видам и така натаму.“ Касиа не е многу поврзана со традицијата, празниците или други елементи што можат да покажуват на нечиј идентитет.

Идентитет

Касиа е пред се Касиа. Е дизајнерка, мајка, независна и храбра жена. Идентитетот нема тука големо значење. Не се чуствува Македонка, истовремено не знае да одреди што значи да се биде Полјакиња. Не размислува на тоа многу, важно и е тоа што го работи сега.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS