Justyna Gnoińska
52 години,Струмица
1
2
3

Биографија

Потекнува од Долниот Шлонск од Твардогора. Ги завршила политичките науки во Вроцлав. Една година работела во училиште во нејзиниот роден град. Во Македонија дошла за постојано во 1984 година, поради љубовта кон мажот и кој го запозна на плажа во Бугарија. Во Струмица ги работела различните работи – била продавачка, имала сопствена фирма за трговија, била во раководството на фабрика за мебел а конечно станала директорка на домот за хендикепираните лица во Банско кај Струмица. Има две возрасни ќерки – Бранка и Јадвига.

Пред заминувањето

Родена е и растела во Твардогора, мало гратче во Долниот Шлонск. Таму го завшила економското средно училиште. На факултет се запишала во Вроцлав – каде што ги завршила политичките науки на универзитетот. Кога била во третата година на факултетот, започна вонредната состојба. Со оглед на политичката ситуација се откажала од новинарството и ја одбрала педагошката специјализација. Веднаш по факултетот работела преку една година како директорка на гимназијата и учителка по историја и општество. Во 1981 се разболе од тешко воспаление на белите дробови. „Се сеќавам во 1981 година кога имаше атентат на папата и кога во мај гледавме на телевизија а јас бев во кревет“. Докторот и препорачал да оди каде што е потопла климата. На одмор отишла со сестра и во Бугарија и таму го запознала нејзиниот сопруг.

Заминувањето - мотивација

Идниот сопруг на Јустина ја забележал на плажата, се истакнувала со плава коса и фризурата и воопшто не влегувала во вода (поради неодамна поминато воспалението на белите дробови). Се познавале само една недела, потоа си пишувале писма но тоа најверојатно ќе завршило ако не чудни случаи. Првиот: следното лето Јустина пак отишла на Црното Море на истото место во Бугарија. „Бевме таму со сестра ми“ се сеќава, „влегуваме во ресторанот, јас така погледнав, сепак се сеќавав на ланската година, го знаев момчето но ни се прекина контактот и така натаму. Гледам…тој седи на маса со другарите. Јас гледам, тој гледа…и сите столови беа превртени во ресторанот!“. Но потоа пак пишувале и ретко разговарале по телефон. Порано другарка и на Јустина се омажила за Македонец и отишла во Битола. Кога дознала дека и Јустина запознала Македонец (како што испаднало биле колеги на факултет) решила да ја покани кај себе. „Јустина, може да се сретнеш со Митко, ќе дојдеп кај мене – ако сака тој да се видите, дојдете во Битола“. Јустина била тогаш веќе директорка во училиштето но решила да оди во Југославија за времето на зимскиот распуст. Митко тогаш служил во војска во Хрватска. Му рекла само дека ќе оди во Југославија кон крајот на јануари без да наведе конкретниот датум. На патот отишла од Катовице, а кога во Белград се качила во возот од Загреб до Скопје слушнала позади нејзе познат глас: „Јустина, ти си?“ Еве тоа бил вториот сплет на околностите и следната случајна средба. Митко уште во возот и рекол дека нема да оди во Битола и дека ќе ја земе во Струмица. Се сложила и се симнале заедно во Скопје. Од тој момент Митко ја претставувал Јустина како неговата вереница. Уште истата недела неговото семејство ја организирало веридбата. Јустина се вратила во Полска со прстен – што правело во нејзината држава голем впечаток. Требало да ја заврши работота во гимназијата и да се подготви за заминувањето.

Justyna Gnoińska

Mиграција - прилагодување

За постојано дошла во Македонија на неколку месеци пред да го склучат бракот. Била 1984 година и таа дошла со двата куфери – во првиот имала неколку лични работи а во другиот – венчаница. Иако дошла скоро без ништо била добро примена од страната на семејствотот на мажот и. Почнале да живеат заедно во семејниот дом на мажот и во центарот на Струмица. Неколку години живееле во доста тешки услови заедно со свекорот и свекрвата и семејството на брат му со три деца. Јустина ги родила во тоа време двете ќерки – Бранка и Јадвига. Но конечно целото семејство се сложило да ја продадат старата куќа во центарот на Струмица и да купат за тоа три станови. Дури тогаш Јустина се почуствуала како дома. Четири години по доаѓањето ја добила првата работа – како продавачка во Југопромет. Тешко е да се каже дали ваква работа придонесувала сатисфакција на лицето со високо образование, но за среќа накратко потоа била преместена во книговодството. Потоа почна распадот на Југославија и државните претпријатија се затварале, затоа Јустина се решила да отвори сопствен бизнис – ги носела од Полска производите од сребро и слики од кожа. Но фирмата не и успеала и некое време пак работела како продавачка. Потоа го добила местото на директор на производството во големата фабрика за мебел. Се откажала кога фабриката била откупена од страната на грчкиот инвестор. Конечно во 2007 година станала директор на домот за хендикепираните лица – и тука се исполнила работно.

Секојдневниот живот во Македонија

Сега Јустина и обраќа големото внимание на работата. Дури одморот, во текот на кој го водевме овој разговор го поминала на работа, подготвувајќи патување за Хрватска за неколку лица од домот. Неколку пати имала одено со ќерките во Полска, каде што воспоставила соработка со слични домови, организирала исто така патување за посета кај папата Бенедикт XVI. Има две возрасни ќерки, постарата, Бранка отишла во Полска, каде го завршила факултетот. Помладата, Јадвига сеуште живее со родителите и студира во Македонија. Двете го научиле добро полскиот јазик – Јустина тврди дека без нејзиното учество, најверојатно од телевизијата. Дома Јустина обрќала големо внимание на традициите и патриотизам (како полскиот така и македонскиот). Секогаш ги слават празниците два пати и цело семејство учествува во нив. Се венчале во православната црква но ќерките ги носела во грчко-католичката црква, каде што специјално за нив организирале и свеченото прво причестување во белите фустанчиња. Со другите Полјакини во Македонија не одржува многу често контакт иако самата дејствува во здружењето Висла – оди во Скопје на средби по повод од различните државни празници, порано и самата организирала средби за Божиќ во Струмица. Поради работата има контакт со Полска. Покрај патувањата за деца што ги организира успеала со поддршка од полската амбасада да добие грант од полското Министерство за надворешните работи за изградба на базенот во домот во Банско.

Идентитет

Јустина се чуствува како патриотка и полската и македонската. „Никогаш не можам да кажам каде ми е подобро. За неме секогаш најубавата и најдобрата земја ќе биде Полска. И мојот роден град. Ја ценам и Македонија, затоа што тука живеам, тука ги родив децата, тука имам семејство.“На прашањето дали мисли да се врати во Полска одговара: „Ние би знаела сега да живеам во Полска. Не би сакала да ме разберете погрешно. Сум големиот полски патриот. Но да заминам таму…гледам колку се изменило во Полска (…) не би можела. “

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS