Józef Obrębski

Биографија

Јозеф Обрембски (роден во 1905 година) бил етнограф, етнолог, славист. Добро зборувал неколку словенски јазици. Ги водел теренските истражувања меѓу друго на Балканот и на Полесие. Бил еден од учениците на прочуениит антрополог Бронислав Малиновски. Кога ја добил магистерската титула на универзитетот во Краков во 1930 година, Обрембски почнал да се интересира за истражувањата за културната издржливост и измените меѓу селското население на Балканот. На докторат заминал во Лондон. Меѓу 1931-32 година престојувал во селото Волче а исто така и во други планински села во Македонија каде ги запишувал податоците за структурата на населението и ритуалите. По враќањето во Лондон го одбранил докторатот во 1934 година и веднаш потоа заминал во Полска да предава на Варшавскиот Универзитет. Неговата кариера била неколку пати прекината поради светските случувања. Во текот на втората светска војна Обрембски се поврзал со движењето на отпорот и предавал на подземниот универзитет. По војната не гледал место за севеси во социјалистичка Полска. Во 1946 година решил да ја напушти татковината за постојано. Работел меѓу друго во London School of Economics, Brooklyn i Queens, college CW Post University. Починал на 62 години на 28 декември 1967 година.

Пред заминувањето

Македонија воопшто не била регион кој би бил интересен за антрополозите, но на почетокот на 20. век се нашла во центарот на вниманието на етнографите и другите истражувачи на општествените науки. Јозеф Обрембски бил човек воспитан во кругот на словенската култура „Јас сум и бев Словен, кој се роди и порасна на најархаичниот регион во Европа“ и ги насочил неговите истажувања токму на такви места како што е Балканот и Полесие. Заклучил дека за да се спроведат антропоошките истражувања за културата на Европа воопшто не треба да се заминува на друг континент. Во Европа сеуште може да се сретнат села каде што општествениот живот на луѓето со векови остана неизменет и остана во својата архаична форма. Заклучил дека пронајдувањето и разбирањето на патриархалните општества во сопствената средина овозможува подобро разбирање на современите случувања во Европа. Обрембски, знаејќи веќе неколкуте словенски јазици и со искуството од истражувањата на Балканот се решил за заминувањето во Македонија.

Заминувањето - мотивација

Mиграција - прилагодување

Во текот на докторатот Обрембски се подготвувал за заминувањето во Македонија. Функционализам како истражувачката метода му стана многу близок, затоа решил да замине на терен на неколку месеци за да го запознае подобро животот на локалното население. На крајот на 1932 и почетокот на 1933 година бил во Македонија во регионот Порече. Неговите теренски истражувања траеле осум месеци а повеќето од нив биле спроведени во село во близина на Гостивар. Селото се викало Волче. Таму ги правел истражувањата и живеел кај луѓето кои го прифатиле скоро како член на семејство. Формата на теренот и недостиг на соодветната инфраструктура предизикале тешкотии, Обрембски сакајќи да стигне од едно место на друго честопати пешачел по 4-5 часа во еден правец. Се што го интересирало запишувал и фотографирал. Поради добро знаење на словенските јазици немал проблеми со комуникација со жителите на Волче и околината. Во истражувањата се концентрирал на влијањата предизвикани од религијата, магијата и местото на жена во општеството.

Секојдневниот живот во Македонија

Материјалите кои ги собирал требало да покажат како религиозните и магичните практики влијаат на животот на локалното патриархално население. Се концентрирал на улогите кои во опптествениот живот имале мажи и жени. Обрембски тогаш им покажал на тогашните истражувачи од Европа дека не морат да заминуват на другите континенти за да го проследат процесот на културните измени. Докажал дека и покрај нивните архаични практики, жители на Волче и околината не се разликуват од луѓето кои живеат во метрополите као на пример Лондон, Њу Јорк или Варшава. Неговите истражувања станале инспирација за другите научници за да се заинтересираат за Македонија и нејзиното културно наследство. Досега постојат истражувачки проекти кои се базираат на неговите научни достигнувања, меѓу друго студентите од Варшавскиот Универзитет ги водат истражувањата на Порече. Анализите и заклучоците собрани од Обрембски постојано можат да бидат инспирација, затоа што тоа што го опишал може до денес да се забележи на Порече. За македонските истражувачи неговата научна работа е голем извор на знаењето за нивното сопствено културно наследство. Сеќавањата на полскиот истражувач до денес се живи меѓу жителите на Порече, а доказ за тоа е споменик кој му го изградиле.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS