Iraklis Georgiadis
1
2
3

Биографија

Iraklis Georgiadis е роден во 1954 година во Свидница како син на бегалци од Грција – Грк и Македонка. После завршувањето на стручното училиште каде што ја изучувал професијата стругар, почнал да работи во локлната фабрика на вагони. Истовремено одел во музичкото училиште во Валбжих. Во 1976 година отишол во Македонија и останал во Тетово. Во 1977 започна да учи во музичкото училиште во Скопје. Од 1980 година работи во музичкото училиште како учител. Бидејќи македонските учебници не му се допаднале за време на лекциите често ги користел материјалите кои ги донел од Полска – истовремено учејќи ги македонските деца на полските мелодии. Уште во Полска научил да свири на армоника, кога беше во петто одделение. Неговиот интерес за музиката бил доста необичен затоа што неговато семејство не било музикално воопшто. „Имав таква желба, нешто така ми зборува а никој во фамилијата не свирел на никаков инструмент“. Да му ги исполнат желбите на синот родителите го запишале во музички дневен престој во Свидница. И така започнала неговата љубов кон акордеонот, која што трае до ден денес.

Пред заминувањето

Уште во Свидница после завршувањето на основното училиште Ирек почнал да оди во стручното училиште каде што ја изучувал професијата стругар. Образованието го продлолжил во стручното механичко училиште. Истовремено го посетувал музичкиот дневен престој каде учил да свири на акордеон. Во 1974 година го заврши стручното училиште. Ирек не сакал да ја заврши својата авантура со музиката затоа одлучил да продолжи неговото музичко образовање. „Во лето го положив испитот во музичкото училиште за акордеон. Имав подготвена програма која што доста добро ја изведов и ми рекоа дека ме примат“.
Во тоа време почнал да работи во фабриката на вагони во Свидница во технолошката канцеларија. И така две години патувал измеѓу Валбжих и Свидница се поради љубовта кон акордеонот. „Тие денови кога требаше да одам во Валбжих работев седум, не осум часа. Требаше да стигнам до дома да се спремам и брзо на автобус за Валбжих. И така беше две години…трка“Логистичкиот проблем не му бил единствениот . Требаше да купи соодветен инструмент кој се користеше во училиштето а тој беше прескап за млад студент. Затоа заедно со соседот кој исто така започнал да учи во ова училиште купиле еден заедно за да можат двајцата да вежбат на него.

Заминувањето - мотивација

Во 1976 година Ирек дошол во Тетово. Една година го учел јазикот. Веднаш после доаѓањето барал информации за можностите да продолжи да учи да свири на армоника. Во Скопје сеуште не се изучувало свирење на армоника затоа што се сметало дека тоа е народен инструмент. Затоа зе запишал на музичката академија само да ја учи теоријата. Испитите ги положил без проблеми. Почнал да учи во 1977 година.

Во 1980 година почнал да работи во Тетово во музичкото училиште како учител по армоника. „Затоа што одев во полското училиште учев од полските учебници, ги донесов со мене. Кога видов каква литература има овде, не ми се допадна. Почнав да ги користам полските учебници во моето училиште. Така да тие деца кои ги учам, свесно или несвесно ја учат полската народна музика и имам неколку книги каде што има само полската музика да речеме танците кујавиак, оберек, полонез“. Во исто време ја крерирал и групата. Како што самиот истакна многу зависи од самите ученици. „Понекогаш учениците ти дават мотив за работата, а ако не дават, немаш желба“ Пред седум години неговата група ја освои наградата Grand Prix на конкурсот во Битола.

Iraklis Georgiadis

Mиграција - прилагодување

Иако што самиот забележа Ирек само првите месеци имаше проблеми да се прилагоди. Истовремено твдри дека проблемите со прилагодувањето се нешто сосем природно. „За секого е тешко. Ако некој рече дека не е сигурно лаже. Првите месеци…Друга средина, не го знаеш јазикот, немаш пријатели, немаш со кого да разговараш. А јас на таа возраст, дваесет и две години ги оставив сите пријатели од детство. Досега ми недостасуваат. Но мислам дека брзо се снајдов. Уште во декември свирев со групата“ Во прилагодувањето многу важна улога одиграло тоа што одел во училиште и немал време да размислува што оставил во Полска. Истакнува дека не сите се снашле со преселбата од Полска – и порано или покасно се вратиле во држави од кои емигрирале во Македонија.

Секојдневниот живот во Македонија

Ирек чуствува дека неговите контакти со другарите од Полска се ослабнати. Но во Македонија ги одржува контактите со другите музичари. Музичар станал исто така неговиот син иако не можат да се сложат во естетската сфера. „Има сега ваква група, ја свират една модерната музика која што јас не ја разбирам. Ова за мене не е музика тој свири hardcore…ова е за луди музиката не се пее таму туку се вика“ Исто така ја забележува разликата меѓу полската и балканската музика. „Да сосема е различна, се разликува од полската музика. Јас имам корени и малку ја слушав и грчката музика во Полска. Тие балканските ритми во моите уши. Полјаците не ги знат. Јас се сеќавам кога учев да свирам на акордеон беше долг тактот. После тоа научив нешто од слушање, но секој музичар ако не го знае тој метрумот не може да го одсвири…“
Не му недостасува полската кујна затоа што во неговиот дом родителите повеќе ја сакале грчката кујна. Но Ирек има свои кулинарскте слабости:„Сега кога бевме во Полска, сопругата на пријателот направи пирошки…овие пирошки, не можам, и велам на жена ми да го запише рецептот да направи дома кога ќе си дојдеме“.

Идентитет

Ирек не се чуствува ниту како Полјак ниту како Македонец – е Грк. Забележува нешто специфично во неговиот идентитет. Чуствува дека е Грк ама е лут кога некој лошо зборува за македонците. Од другата страна свесен е дека бегалците кои се вратиле во Грција се идентификуваат во Грција како полјаци – не како грци. Во овој контекст вреди да се наведатнеговите зборови „Каменот е најтежок во место каде што стои. Нема корени. Јас го чустбувам тоа во секој момент дека сум…Можеби децата ќе растат нормално ама јас не. Не може да се биде во едно тоа и другото.“

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS