Agnieszka Milewska
33 години, Скопје
1
2
3

Биографија

Агниешка е родена во Плонск близу до Чиеханов во 1979 година. После завршувањето на средно училиште во Чиеханов започнала да студира полонистика на Јагелонскиот Универзитет во Краков. Таму го запознала нејзиниот сопруг, Американец, кој дошол да студира во Краков. Во 2005 година го завршила факултетот, нејзината магистерска работа била за изучувањето на полски јазик како странски јазик. Но сама вели дека не и било судено да работи во струката. Во 2006 година заминала со сопругот во САД, од каде по два месеци подготовки по повод на работата на мажот и заминале во Монголија. Таму живееле до 2008 година. Потоа се преселиле во Индонезија, каде што живееле половина година и од таму се вратиле во САД. Но по половина година во САД пак знаеле дека сакаат да заминат некаде: „ Во САД е поинаку, таму живеев во Тексас, ова е огромно место каде што никаде не можеш да одиш пешки. Таму во продавница која се гледа треба да одиш со кола затоа што нема тротоар и мораш да се пребиеш преку три автопати, јас не можев да го поднесам тоа, бев уморна, бев како во кафез дека морав да чекам за кола да ме однесе некој. Немам возачка, во Краков никогаш не ми требаше – зашто ќе ми беше таму?“ И така во 2010 година дошле во Македонија. По доаѓањето Агниешка била изненадена дека тука никој не игра: „многу сум изненадека дека Македонците не играат, мислам дека тоа е едноставно грешка. Тоа е за мене шок, големо изненадување и разочарање затоа што мислев дека одам на Балканот <<Боже, оваа музика, колку ќе се игра таму>> И нема. Не можам да замислам дека одам во клубот и до 4 наутро стојам и гледам како стојат другите. Се случи пред две недели, бевме да играме и навистина помал впечаток ќе направивме ако водевме стадо слонови. Тоа е за мене најголемото изненадување

Пред заминувањето

Во 1998 година после завршувањето на средно училиште Агниешка почнала да студира во Краков. Токму таму го запознала нејзиниот сопруг Џејмс. Бидејќи после завршувањето на факултетот нејзиниот сопруг добил работа во САД заедно одлучиле да се преселат таму. Но судбината сакала поинаку кога ненадејно се појавила можност да заминат во Монголија: „во моментот кога јас веќе дадов одказ на работа, ги однесов сите мои работи кај родителите во Чиеханов се јави мажот ми, тогаш вереник, дека добил работа во Монголија. И јас на тоа одговорив <<добро, ќе се снајдеме>> И така одејќи во Америка знаев дека ќе бидам таму само два месеци, затоа што на 1 октомври требаше да сме во Улан Батор. (…) Ме запроси на аеродромот, бев вереница 5 дена, на 23 август дојдовме во Америка, на 28 август се венчавме. И цел септември се подготвувавме за заминувањето во Монголија, значи завршувањето на сите работи во Америка, кола, купување на било каква зимска облека, во Тексас немаше скоро никаква…“Во Монголија поминале две години на кои со сентимент се сеќава Агниешка можеби поради тешкотиите кои и ги придонел животот во функција на домаќинка. После завршувањето на договорот во Монголија заедно со сопругот заминале во Индонезија, а потоа се вратиле во САД.

Заминувањето - мотивација

Кога Агниешка со сопругот пак се вратиле во Америка на почетокот одлучиле да останат таму и да купат куќа „со бела ограда“. „Ги донесовме сите работи од Индонезија, мебелот и ситници од ратан кои се таму популарни. Сето тоа го донесовме во САД. И одевме со намера да купиме куќа и да останеме засекогаш.“ Но како што се сеќава Агниешка по половина година испаднало дека ова место не е за нив: „Едноставно ни беше досадно. Двајцата сме создадени за да патуваме во следните години(…) и затоа се влечкавме со гледање на куќа за купување, живеевме кај свекрва ми со која имав многу добар контакт, нејзината куќа беше голема и навистина добро живеевме тројцата таму. Но нешто ни недостасуваше, авантурите…Мене ми беше тешко од леснотијата на животот во Америка. По тоа дека на пример во Монголија за да купам јајца требаше да претрчам пола Улан Батор и ако успеав да ги купам четирите продукти од осумте на списокот веќе беше успех. Во САД имаш избор на 10 илијади врсти на корнфлејкс и навистина не знаеш што да направиш во продавницата. И тоа ни беше грозно. И за мажот ми кој е Американец. “ По шест месеци почнале да размислуват за некое друго место. „Можеби Египет …но на крај испадна Скопје и решивме дека супер е.“ За две недели ги спакувале куферите и отишле во 2010 година во Македонија.

Agnieszka Milewska

Mиграција - прилагодување

По доаѓањето во Македонија на почетокот Агниешка се чуствувала малку како во Полска во деведесетите години. По неколку месечното престојување во не најдобар стан успеале преку агенција за недвижности (водена од Полјакиња!) да изнајмат куќа со двор. Дворот и бил многу важен на Агниешка затоа што во ноември вдомиле куче скитник. Затоа што кучето било најдено во Охрид му го дале името Климент.
Кај Македонците понекогаш и пречи „балканското сфаќање на времето, моите македонски пријатели имаат тенденција дека ако го наведат времето на пример за средба не го почитуваат. Имав ваков случај со еден пријател, бевме договорени на кафе во 13 часот. И јас излегов половина час порано затоа што сакав уште да ги платам сметките за телефон, таму има и канцеларии на t-mobile. И му напишав порака<<слушај, јас сум тука, 15 минути до еден, чекам ред но ако дојдеш во еден или ќе почекаме уште има тројца пред мене или едноставно ќе излезам и ќе седнеме некаде>>. Тој одговара <<ама јас можам да бидам во 13.30>>Јас на тоа:<<Нели се договаравме во 13? Но во ред, имам уште да ја платам сметката за кабловска, така да речеме во 13.30, ќе го испијам кафето и ќе те почекам.>>Во 13.20 кога се веќе завршив тој се јавува и вели<<можам ли да дојдам по тебе во 14.30.>>“

Секојдневниот живот во Македонија

Денес Агниешка се занимава пред се со куќата но истовремено се труди да се развива. Во текот на престојот во Македонија ги заврши постдипломските студии за меѓународните односи и дипломатија во Варшава. Во Македонија има многу мешано друштво со оглед на националната припадност. На последната журка организирана по повод роденденот на сопругот имало тринаесет националности ( на триесет присутни). Меѓу нив има и Македонци: „Има, можеби не толку затоа што во текот на викендот имаат семејни обврски. Ние сме потполно слободни и не сме врзани да ја посетиме бабата или да правиме ајвар некаде во село. Ние го немаме тоа“. Истакнува, дека се грижи и за контактите со луѓето во Полска. Многу и се допаѓа во Македонија, пред се Старата Скопска Чаршија која ја смета за најубавото место во Скопје.: „Да ми беше поблизу ќе пазарев таму секој ден затоа што квалитетот на производите во споредба со цените е феноменален. Секогаш ќе излезам од таму на пример со 5 кила карфиол, од кој не знам што да направам…ама ќе го јадеме следните четири дена, а јас го купувам за 30 денари. Да не се лажеме – јас го обожавам тоа!“

Идентитет

Агниешка постојано се чуствува многу поврзана со Полска – се грижи за контактите со пријателите од Полска. Но многу лесно им се прилагодува на новите услови. Како што сама забележува: „Домот…има една поговорка – домот ти е таму каде што е срцето. И ние сме тука, живеме, среќни сме, сме семејство и тоа е нашиот дом. Дури моите родители велат <<Би можела да дојдеш дома>> Но јас сум дома“.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS