Henryka Stasiak-Gjinovska
1
2
3

Биографија

Хенрика е апсолвентка на југославистика, учителка на полски јазик, мајка и сопруга. Полска ја има во срцето но нејзиното место на земјата е дом што заедно со мажот и го изградиле во село Беловиште (во северно-западна Македонија). Родена е во 1963 година во Лоѓ. Трето дете е на зоотехникот кој потекнува од околината на Лоѓ и медицинската сестра родена во градот Лоѓ. Во 1981 година после завршувањето на третата година во средно училиште по повод осумнаесеттиот роденден родителите ја пратиле на летување во Бугарија. Таму го запозна нејзиниот иден сопруг Кирко кој потекнуваше од тогашната Југославија. Пријателството кое што после неколку години се претворило во брачна врска и помогна да го одбере факултетот и така во 1982 година Хенрика започнала да студира југославистика на Варшавскиот Универзитет. Поради тоа имала можност да ги научи јазиците кои ги користат јужните Словени меѓу друго и македонскиот – мајчин јазик на Кирко. Бракот го склучиле спонтано во Матично во градот Гостивар во 1987 година. Мажот и работел сезонска работа и само за зима доаѓал кај Хенрика која живеела со неговата фамилија во Беловиште. Отприлика во текот на 2-3 години ја градат куќата, во тоа време им се родила првата ќерка. Во 1989 година се селат со ќерката во Швајцарија. Во 1995 година им се родила втората ќерка а првата требаше да оди во основно школо. Овие околности ги натерале сопружниците да се вратат Хенрика и децата во Македонија во Беловиште. Мажот и ќе ги посетува во секое слободно време исто како и тие него. Хенрика почнала да соработува со Полонија во Македонија. Се нафаќа на тешка задача, едукација на децата, ги учи полски јазик. Секојдневно се занимава со грижата за фамилијата и домот. Во слободното време сака да чита и да ја одржува физичката кондиција.

Пред заминувањето

Хенрика Стасиак (после Хенрика Гиновска – Стасиак) е родена во 1963 година во Лодз. Нејзиниот татко по професија беше зоотехничар а мајка и медицинска сестра. На детството се сеќава како на мирно и нормално детство. После завршувањето на основното школо во Лоѓ почнала да учи во гимназија во истиот град. Нејзините родители за осумнаесеттиот роденден ја праќаат на море во Бугарија. Ова било организирано патување на кое што биле и нејзините другари и другарки од училиштето. Групата беше сместена под шатори во Кранево. Младиот маж од Македонија таму го поминувал одморот со својот колега. Едно утро беше восхитен од поглед на девојка со многу долга коса. „Значи всушност тој ме сретна мене! Јас имав навистина многу долга коса. Тој ме виде, се приближи и рече <<се знаеме ли однекаде?>>“Овој маж беше Кирко – идниот сопруг на Хенрика. За неа тоа не беше љубов на прв поглед. Но сепак мажот беше упорен, успеале заедно со колегата да ја спасат една другарка на Хенрика од рацете на напорен маж а таа како знак на благодарност ветила дека ке ја убеди Хенрика да се сретне со Кирко. Хенрика само што требаше да почне последната година учење во средно училиште, ја чекала матура и не се чуствувала толку зрела да започне сериозна врска со постар девет години маж. Но останале пријатели и тоа пријателство после неколк години се претворило во љубов. Девојката го завршила средното образование и размислувала каде да се запише на факултет. Размислувала околу симпатичниот Македонец од Југославија. На Варшавскиот Универзитет имало југославистика и се решила да се запише таму. Беше 1982 година, Хенрика започнала да студира.

Заминувањето - мотивација

Студиите многу ја занимавале Хенрика, иако одбрани биле под влијание на моментот се погодиле добро. „Многу беа интересни и такви..многу индивидуелни, бевме дванаесет студенти и уште поделени на јазици беше македонскиот, српско-хрватскиот, словенечкиот, по тоа уште бевме поделени на книжевност и лингвистика“ Во втората година почнала да учи македонски јазик што ја потикна да учествува во Летната школа за македонски јазик и култура во Охрид.
Во меѓувреме одржува контакт со Кирко преку писма и телефон. Од време на време тој ја посетува во Полска но тоа се кратки и спонтани посети, секогаш со радост примени од неа и од нејзиното семејство. Во текот на следните години Хенрика и Кирко стануваат поблиски. По четвртата година на факултетот Кирко ја поканува Хенрика на заеднички одмор во Југославија. Уште на првиот ден и кажал какви планови има спрема неа „Веднаш ми предложи брак“. Хенрика беше многу изненадена и не можеле да се реши. Кирко рекол „Те прашав, друг пат нема да прашам да знаеш“. И покрај тоа што сеуште не ја донела одлуката се сложила да одат во неговото родно село, да го запознае неговато семејство и да види од каде потекнува. Во последната година од факултетот Хенрика оди во Загреб на стипедниум. Кирко работи сезонска работа во Швајцарија и ја поканува Хенрика и нејзината другарка во неговата родна куќа за Нова Година. За време на оваа посета Хенрика ја донела одлуката, дека сака да го помине животот со овој маж. Верениците се брзат да стигнат пред да помине рокот на визата на Хенрика. Ги молат родителите на Хенрика да ги обезбедат сите неопходни документи. Отишле во Гостивар да се регистрираат, само со двајца сведоци, без гости (еден гостин беше познајник сретнат на улица), но со многу љубов. Хенрика се вратила во Загреб а после три дена заминала во Полска а нејзиниот сопруг во Швајцарија. Решавајќи се на бракот знаела дека ќе мора да го напушти засекогаш родниот крај. Најблиските го почитувале нејзиниот избор. Фамилијата на Кирко на почеток се плашела дека нема да може да се разбере со снаата, но стравот беше без основи. Во 1987 година Хенрика се сели во Беловиште. Многу брзо се прилагодува. Знаењето што го стекнала на факултетот, познавањето на јазикот и поранешните посети на Македонија прават да не годоживува културниот шок. Сопругот кој што е стручњак во неговата професија гради за нив нов дом. Им се раѓа првото дете, но Хенрика пред да стигне да се прилагоди ќе мора да отпатува на шест години во Швајцарија.

Henryka Stasiak-Gjinovska

Mиграција - прилагодување

Половината на деведесетите години е време кога се појавила на светот втората ќерка на Хенрика а првата оди на училиште. Тогаш Хенрика ја донела одлуката да се врати во Беловиште. Враќањето е свесно и очекувано но исто така и тажно:„Овој крај ми е навистина близок. Вопшто многу ми беше тешко кога се распадна Југославија. Ова беше можеби идеал, нереален, нас никој не не водеве во овие внатрешни конфликити и кога започна распадот и конфликитите во Босна, во Србија итн…Јас многу силно го доживеев сето тоа. Многу“. Распадот на Југославија немаше влијање од економската гледна точка на состојбата на семејството Гиновски. Мажот и на Хенрика постојано работеше во Швајцарија но успеал да отвори фирма. Во тоа време почина свекрвата на Хенрика. Таа и помагала во прилагодувањето една година и пол откако дошла да живее во Беловиште. Враќањето во Македонија беше како враќање дома. И точно ја чекала и куќата изградена за две зимски сезони. Хенрика се чуствува поврзана со Македонија, Гостивар и Беловиште но најмногу со оваа куќа која што беше изградена поради љубовта кон неа а таа поради љубовта се грижи за неа секој ден. „Многу сум поврзана со нашата куќа, иако не е луксусна, сите се чуствуваме тука токму како дома. Сите, и сопругот и ќерките имаат чуство дека се дома, дека ова е нашето гнездо.“

Секојдневниот живот во Македонија

Животот во Македонија може да биде многу пријатен и таков е за Хенрика. И недостасува родниот дом, но се труди барем еднаш во две години да оди во Лоѓ. Понекогаш доволно е да разговара по телефон со некој близок за да почне да и недостасува, но нема време за размислување, мора да се концентрира на секојдневните работи. Ја среќата да има близок контакт со семејството на сопругот. Многуте соседи и се пријатели. Поради отвореноста на нејзиниот партнер како и поради нејзиниот карактер има пријатели од различни страни на светот. За потполна среќа и треба уште сопругот да е со неа секој ден, но откако Кирко има сопствена фирма се труди обврските да ги исполнува во што е можно најкраткиот рок за да има повеќе време да биде во Беловиште. Животот на Хенрика и поминува во грижата за семејството, за животните дома, постојана работа дома, средби со пријателите а исто така се грижи за духовната и физичката сфера. Во слободното време сака да чита, оди на фитнес или долго време го шета кучето. Додека се работи за празници и традицијата во домот на Гиновски има специфичен синкретизам. „Секогаш мислевме со мажот ми дека не се работи за тоа да се живее во некаква една одределена традиција, туку ако нешто ми се допаѓа – го примам. Тоа значи дека ако од некоја култура ми се допаѓа нешто ќе го имплементирам во моето семејство. Така имаме некако свој стил “. Се труди да зборува на полски јазик но не е тоа лесно бидејќи и во Македонија и во Швајцарија немаше контакт со Полјаците. Дури кога ја започна соработката со полското друштво во Гостивар (како учителка за полски јазик) и се отвори прилика да разговара на полски јазик (како и нејзините ќерки). И покрај тоа што Хенрика имала многу желба да предава полски јазик, училиштето за полски јазик било затворено поради недостаток на заинтересираните деца.

Идентитет

Прашањето за инедтитетот е многу тешко. Тешко е да се дефинира нешто за што може да се дадат стотици одговори. Која е Хенрика Гиновска-Стасиак? Сигурно е сопруга и мајка, сестра, снаа итн. Семејството е за нејзе најважно, поради него ги извршува нејзините улоги и поради него се чуствува исполнета. Ако ја прашаме со која држава се идентификува без размислување ќе каже дека со Полска. Веќе многу години живее во Македонија, тука и е саканиот дом и не мисли да се врати во татковината, но Полјакиња ќе остане засекогаш. Со овие зборови се труди да го објасни својот идентитет: „Не знам, мислам дека ова е поврзано со детството, дозревање, учење на нешто, мислење на некој јазик исто така е важно но јас можам да мислам на македонски јазик, а кога мислам кој сум – Полјакиња. Јас сум Полјакиња и моите ќерки ме сметаат за Полјакиња.“Нивните ќерки се идентификуваат со корените како на мајката така и на таткото. Најдобрите карактеристики на Полјаците се според неа гордоста, чест и вистинитост што се надева дека им ги предала тие вредности на децата.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS