Ewa Dombrowska-Galabowska
1
2

Биографија

Ева две третини од животот а можеби малку повеќе ги помина во Македонија – во Берово и во Делчево. Првите дваесет години (родена е во 1948 година) во Познањ каде што уште пред да матурира го запознала нејзиниот иден сопруг. Во Македонија отишла една година после завршувањето на средно училиште, во 1968 година и во Берово направиле скромна свадба. Накратко после тоа се преселиле со мажот и во Делчево и таа таму започнала да работи. И се родиле двајца синови – Александар (1970) и Игор (1977). Првите осум години во Македонија немала југословенско државјанство и требаше да го продолжува престојот во Одделот за надворешни работи во Белград. Дури во 1976 година го добила државјанството под услов дека ќе се откаже од полското. Неколку години се труди да и се врати полското државјанство.

Пред заминувањето

Ева првите 20 години ги помина во Познањ. Родена е во 1948 година во работничкото семејство како најстарата од четирите сестри. Живееле во зграда близу до Малтанското езеро. Мајка и потекнува од Вилно (зборуваше полски и литвански) и се занимавала со домот, татко и беше вработен во Полмос а после тоа во фабриката Поллена. Во Познањ во 1967 го заврши средното образование и започнала да работи во познањскиот оддел на банката ПКО. Но тогаш веќе го знаела нејзиниот иден сопруг. После четири месеци работа, во мај 1968 година се пресели во Југославија.

Заминувањето - мотивација

Нејзиниот сопруг го запознала на плажа, но спротивно до многуте жени кои отишле на Балкан, Ева не требаше да оди во Бугарија. Плажата ја имаше над езерцето Русалка во Познањ и тоа Митко – сега мажот и – дошол во Полска на практика (студираше економија во Скопје). Двајцата се сеќаваат дека се запознале благодарејќи и на помладата сестра на Ева која беше повеќе смела и ги запозна меѓу себе. Неколку недели се видувале, по тоа Митко отишол во Југославија и само допишувале. Следната година откако матурира, Ева дошла на одмор во Југославија. Покрај родниот град на нејзиниот вереник биле во Белград, Скопје и Струмица. После една година дошла за постојано во Македонија. Мајка и не можела до крај да се помири со заминување на ќерка и. Кога дошол Митко да ја земе во неговиот роден крај уште на вратата велела: Размисли, имаш уште време да се решиш!. Но Ева била веќе решена – заљубена, одела за да го склучи бракот и да остане со мажот и. Се венчале во Берово во јули и живееле во станот на мажот и.

Ewa Dombrowska-Galabowska

Mиграција - прилагодување

Срдечно била примена, иако со семејството на сопругот и немала многу контакти – кога го склучиле бракот тој имаше веќе сопствен стан. Неговата мајка починала уште кога бил ученик а татко му се грижел за четворицата негови помлади браќа и сестри. Две години живееле во Берово а по тоа сопругот ја добил работата во Делчево и се преселиле таму, накратко пред раѓањето на нивниот прв син Александар. Ева, која што го учела јазикот и без југословенското државјанство долго не можела да најде работа. Благодарејќи на пријателствата што ги имал мажот и конечно по две години успеала да се вработи во фабриката Фротирка која произведуваше крпи. Работеше во книговодство. Комплицираните формалности кои требало да ги повторува за да го продолжи нејзиниот престој во Југославија ја натерале да ја започне процедурата за југословенското државјанство. Успеала да го добие дури во 1976 година – но требало да се откаже од полското државјанство. Во 1977 се родил вториот син – Игор кој денес живее во Франција, каде што завршил студии (фотографија и филм – втор факултет после туристичкиот во Македонија) и се оженил.

Секојдневниот живот во Македонија

Во претпријатието Фротирка Ева работела до 2000 година кога фабриката беше приватизирана. Сега се занимава со дом и го чува единаесет годишниот внук (во што и помага мажот и – необичнио за македонските услови). Заедно со мажот и често одат во викендицата во Берово каде што имаат и бавчи со свежо овошје и зелечук. Често го поминуваат времето со пријатели (иако со текот на годините тие контакти слабнат) имало и вакви недели каде што ниту една вечер не останувале сами дома…
Покрај тоа што Митко и Ева добро зборуваат на полски, дома секогаш го користеле македонскиот јазик. Од време на време ја гледаат полската телевизија. Со синовите разговарале пред се на македонски јазик, но се трудиле да ги научат и полскиорт. Помладиот син имал повеќе желба за овој јазик, сакал дури да студира во Полска, но сега кога живее во Франција полскиот јазик не му е потребен многу.
Ева постојано контактира со Полска – сега главно преку интернет на Skype разговара со нејзините сестри во Полска и со синот во Франција. Порано сестрите ја посетувале но сега тоа патување им е предолго и прескапо. Затоа Ева со мажот и од време на време одат во Познањ да ја посетат фамилијата – порано патувале со кола, денес овој пат им е предолг и патуваат со авион, па не можат да донесат од Полска премногу сувенири.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS