Elena Magdeska
1
2
3

Биографија

Елена Магдеска е родена во 1961 година во Легница. Има завршено економскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методи во Скопје. Има две татковини: Полска – држава на нејзиното детство и Македонија – каде што поминала повеќето од нејзиниот живот. Родителите и се Македонци изгонети бегалци од граѓанската војна 1948 во Грција. Нивните судбини се сретнале во Полска. Таму се венчале и таму се родиле двете ќерки – Елена и сестра и. Многу добро живееле во Полска, но за жал кога Елена наполни единаесет години требало да ја напуштат Полска. Отишле со целата фамилија во Македонија и останале во Кичево каде што се родила најмладата сестра. Елена таму го завршила основното и средното образование. Студиала економија во Скопје. По дипломирањето останала во Скопје и се омажила за четири години постар пријател од Кичево. Работела во трговија а после во туризмот. Сега е вработена во фирма која што нуди обуки меѓу друго за менеџерите. Мајка е на двете ќерки – едната е апсолвентката на архитектура, втората ќе матурира до година.

Пред заминувањето

Родителите на Елена биле едни од илијадниците деца кои по поради граѓанскта војна во Грција морале да избегаат, поточно од Егејска Македонија. Двајцата биле во неколку држави пред да стигнат во Полска. Нејзиниот татко се нашол во полскиот дом за деца без родители уште како мало момче, таму го научил јазикот, го завршил школото што му дало шанси за работа. Мајка и на Елена до нејзините шестаесет години била во дом за деца без родители во Југославија (денешната Србија) се до моментот кога баба и на Елена ја донесе во Полска. Немала образование и не го знаела јазикот, морала да работи тешка физичка работа. Јордан и Кристина (така се викале родителите на Елена) се запознаеле на пикник во Легница, се заљубиле и една година подоцна го склучиле бракот. Елена се родила во градот во кој се запознаеле нејзините родители како најстарата сестра. Има две сестри ама само една од нив е родена во Полска. Елена не одела во градинка, дома имало баба која ја чувала додека нејзините родители биле на работа. Фамилијата добро се снаоѓала и не им недостасувало ништо. Се чуствувале како дома и за Елена тоа бил дом- друг не знаела. Во периодот кога одела во основното училиште се сеќава на како еден од најубавите во нејзиниот живот. Тоа е свет гледан низ очи на дете и можеби затоа е толку убав „Знаете, бев дете можеби затоа ова е вакво најпрекрасното време“. Елена уште како дете зборувала на полски јазик, мислела во овој јазик, си играла тоа што го играле другите деца во Полска. Била свесна за културната разлика на нејзината фамилија, но единаесет години била полско дете.

Заминувањето - мотивација

Дедото и најстариот тетин на Елена од страната на татко и загинал за време на граѓанската војна во Грција. Јордан како најстариот син (имал четири сестри и еден брат) се чуствувал одговорен за мајка му, браќата и сестрите. Сите живееле во Полска. Двете тетки омажени за Грци се решиле да останат во Југославија. Нивните сопрузи спротивно до родителите на Елена не се чуствувале добро во Полска и сакале да се поблизу до својата татковина. После некое време бабата од страна на татко му се решила да дојде кај ќерките. Јордан како човек силно поврзан со роднините, многу сериозно сфаќајќи ја неговата позиција како најстариот маж во фамилијата исто така решил да оди во Југославија. Елена како еденаесет годишно девојче многу силно ја доживеала одлуката за селењето. Завршувала петто оделение во осовното училиште и наеднаш од ден на ден требало да раскине со се што и било важно во животот. За детето ова е смена за 180 степени. Но сепак била само дете и требало да ја прифати одлуката на нејзините родители, не им се лутела затоа што знаела колку им е тешко да го остават животот во Полска. „Ви кажав дека татко ми не си простил никогаш што ја напуштил Полска. Затоа што таму беше дете, таму учеше, таму му започна младоста, кариера…никогаш не си го простил ова“.

Elena Magdeska

Mиграција - прилагодување

Кичево е мал град кој се наоѓа во северо-западна Македонија, на половина пат меѓу Скопје и Охрид. На почетокот на седумдесеттите години таму стигнува Елена со нејзината фамилија. Кичево е тогаш мал град што се развива. Почетоците не се лесни за новодојдените. Елена и нејзините роднини покрај тоа што добро се чуствувале во Полска не биле Полјаци а како што испадна после доаѓањето во Македонија не биле ниту Македонци. „Не викаа Егејци, многу беше чудно во Полска не бевме Полјаци, а тука пак не сме Македонци само те викаат некако поинаку. Но сепак мислам дека ова беше нормално, затоа што не знаеле како да го наречат народот што живеел таму. Кои сме?“ Елена требало да оди во ново школо каде што не познавала никого, да учи на јазикот што не и бил прв јазик. Младите години и помогнале да се прилагоди кон оваа реалност. Го завршила таму основното и средното образование. Во Кичево ги створила пријателствата но овој град и бил премногу мал и чуствувала потреба за вистинска градска гужва, затоа отишла на факултет во Скопје. Живеела во студентскиот дом Гоце Делчев каде што го запознала нејзиниот иден сопруг, кој потекнувал од Кичево. После четириесет години во Македонија се чуствува овде како дома, но сепак го сонува крајот на детството „Ова е носталгија која што не можам да Ви ја опишам, многу е тешко тоа“.

Секојдневниот живот во Македонија

Главен град на Македонија – Скопје го одбрала како место каде ќе живее. Го завршила факултетот, се омажила и заедно со мажот и останале во Скопје. Почнала да работи после раѓањето на првата ќерка. Се занимавала со трговија, но после тоа ја сменила струката во туризам и единаесет години работела во туристичката агенција. Работејќи таму се трудела да воспостави соработка со Полска за да се донесат туристите во Македонија. Со помош на македонскиот конзул во Полска агенцијата на Елена воспостави соработка со фирма од Кросно која организираше транспорт на патници од Полска за Грција да ја рашири понудата за транспорт до Скопје. Во тоа време ги запознала луѓето од полското друштвото и ја запишала ќерка си во полското школо, кое работи во рамките на здружението „Висла“. Сега работи во фирма која организира обуки за менеџери и претприемачи. Во Полска оди толку често колку што може. Заради интернет страната Наша Класа успеала да ги обнови пријателствата со нејзините другари од основното школо. Пред неколку години ги посетила местата поврзани со нејзиното детство. Тоа и помогна да се помири со загубата за која не беше до крај свесна. „Некако се смирив малку. А секогаш нешто толку многу ме привлекувало“.

Идентитет

Елена се чуствува како Македонка и се идентификува со Македонија. Сепак истакнува дека има две татковини, како што сама определува „прва каде што се родив, втора каде што ги живеев годините“.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS