Blazej Atanasovski
30 години, Скопје
1
2

Биографија

Блажеј е роден во 1983 година во Скопје. Таму живее до денес. Во Скопје ги завршил основното и средното училиште. Факултетот сеуште не го завршил. Тој е информатичар во Институт за филозофија и природа на Универзитетот Св. Криил и Методиј во Скопје. Уште од средното училиште многу го сака хип-хоп. Се занимава со хип-хопот професионално и свири во две групи – Легијата и СТР2. Една година и пол работел во Англија во фабрика и така го има искуството на миграцијата. Сега не мисли да замине, само како турист: „Би сакал да го прошетам малку светот“.

Пред заминувањето

Блажеј е роден во Скопје. Неговите родители се запознаеле во Полска: „Таква е приказната…во тие времиња тоа беше како обичај…во Југославија, не знам, биле побогати луѓето. Можеле да си дозолат да одат на одмор во Полска, или на шопонг оделе таму. Така и татко ми заминал како турист и ја запознал мајка ми, и така испаднало некако…“ По извесното време родителите на Блажеј го склучиле бракот а потоа мајка му на Блажеј заминала во Македонија. Блажеј нема браќа и сестри. Како дете одел на часовите во полското школо каде мајка му била учителка. Од школото сеуште има многу познати, слично како тој и тие потекнуваат од мешаните бракови.

Заминувањето - мотивација

Блажеј е полу Полјак полу Македонец. Но не сеќава по тој повод да му се случило нешто непријатно во животот и воопшто никој не обратил поголемо внимание на тоа.Од време на време некој ќе го потсети на неговите полски корени но секогаш на позитивниот начин. И тој самиот од време на време се повикува на неговиот втор идентиитет, пред се кога се работи за полскиот хип-хоп. Но такви ситуации се ретки. Блажеј го има искуството на миграција. Пред неколку години бил на работа во Англија. Поминал таму година и пол. Така да знае што значи да се е во странската држава, култура, јазик. Не се сеќава позитивно на ова заминување и сигурно не би го повторил.

Blazej Atanasovski

Mиграција - прилагодување

Блажеј во Македонија се чуствува како дома. Пред некое време накратко заминал во Англија, но престојот таму го разочарал. Не можел да се навикне на односи што биле таму или на нивниот недостиг: „(…)нема толку другарство, сите се растрчани, само со тие со кои бев еднаш во Вроцлав, со нив се дружев. Со Англичаните не може да се стапи во поблизок контакт. Јас работев во мала фирма за мрежното поврзување, еден шеф и двајца вработени. Нашата работа беше воспоставување на компјутерските мрежи во новоизградените објекти. Работата не беше лоша но на Англичаните…не можев да се навикнам, знаеш…“. Ова искуство е причина што Блажеј не мисли да замине од Македонија. Покрај тоа во Македонија има постојана работа и како што вели сам „ Таму во Англија имав малку лошо искуство, сега би се плашел, би знаел дека нема да биде подобро. А тука чуствуваш дека работиш нешто…општеството, му припаѓаш. Дека му теребаш, работиш, правиш нешто. “ И поради тоа Блажеј во Македонија е на своето место. Иако тука од економската гледна точка е лошо и малку има перспектива за равој. Но Блажеј знае дека прави нешто повеќе, не само спие, работи и пак спие.

Секојдневниот живот во Македонија

Блажеј работи како информатичар во Институтот за филозофија и природа на Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Со компјутери работи поради татко му на кој уште како дете му помагал додека тој ги поправал.„ И татко ми го работел истото само на друг факлултет, математичкиот(…) Ова јас го работев уште од дете, воопшто не морав да учам.“ Со хип-хопот се занимава после равота. Знае дека работата му ја одзема енергијата и инспирацијата и дека треба да му се посвети на нештото што го сака. Со хип-хоп почнал да се интересира уште како тинејџер, се започнало од слушање а потоа следувале првите обиди да твори. „Во средното училиште, некаде во втората или третата година многу ме воозбуди хип-хоп. Дома пробав да снимам нешто. И тогаш преку интернет да фатам некој контакт. И така почнав со еден постар продуцент да снимам и да се дружам…но треба да се има талент за пишувањето, за текстовите и тие работи. Многу луѓе сакаат нешто да работат но не секој го бива. Јас не сум многу музикален.“ Инспрацијата му биле полските групи, на пример Warszafski Deszcz, Paktofonika, Kaliber44, чии касети си донел од одморот во Полска. До ден денес Блажеј го слуша полскиот хип-хоп и тврди дека полските групи се познати во Македонија. Сам никогаш не снимил ништо на полски, се плаши дека не го знае доволно јазикот. Еднаш само напишал на полски песна но никогаш не ја објавил.

Идентитет

Како што многуте млади лица од мешаните полско-македонски бракови, Блажеј не размислува многу за неговиот идентитет, но повеќето се чуствува како Македонец. Живее во Македонија и тука ја гледа смислата на тоа што го работи. Но Полска е за него важна во животот, барем поради музиката. Во Полска исто така има роднини и пријатели. Но Македонија е место во кое живее и нема значење дали неговата националната припадност е полска или македонска.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS