Bilijana Martinoska-Balazoska
30 години, Охрид

Биографија

Билјана е родена во 1977 година во Валбжих, градот во југо-западна Полска. Половина година по нејзиното раѓање нејзиното семејство заминало во Македонија, во Охрид. Во Охрид, прекрасниот град во Западна Македонија Билјана живее до денес со сопругот, синот и родителите.

Заминувањето - мотивација

Билјана дошла во Македонија уште како бебе, така да не може да памети никакви проблеми кои би биле поврзани со селењето од Полска во Македонија. Не се сеќава на никакви непријатни искуства од детсвото кои би биле поврзани со нејзиното мешано потекло. Единствено што било чудно, дека мајка и и зборувала на друг јазик. Мајка и, Гражина, кога дошла во Македонија не го знаела уште јазикот а покрај тоа сакала на нејзините ќерки да им зборува на мајчин јазик. Но ниту тоа ниту другите различности не биле причина на никакви непријатни ситуации. Ова било повеќе како атракција затоа што покрај двата јазици во домот на Бијлана се празнувало два пати Божиќ и Велигден, дома често имало гости од Полска. Билјана се сеќава дека тоа секогаш било добро прифатено од средината и истакнува дека Македонците се претежно пријателски и отворени. Мултикултурализмот е во Македонија нешто секојдневно, така да зборување на два јазици, другите празници и обичаи се интересни но нормални. Во Македонија живее одкога била бебе така да растела во македонската средина, не требало да се навикнува на средината. Се на што требало да се навикне мајка и Билјана го имала дома, во училиште, меѓу пријателите

Bilijana Martinoska-Balazoska

Mиграција - прилагодување

Македонија е за Билјана дом. Тука растела, тука живее нејзиното најблиско семејство, пријателите. Така да не требало да се прилагодува како што морала мајка и. Секогаш била свесна и секогаш му обраќала внимание на своето двојно потекло. Можеби одлуката на мајка и придонесе, дека и таа сама размислува да замине, да ги види другите држави, места, да учи јазици и да ги запознава луѓето.

Секојдневниот живот во Македонија

Билјана работи во казино. Затоа цело време е ненаспана и се смее дека се чуствува малку како вампир. Кога свети сонце таа спие и станува попладне или навечер. Иако има документи за да работи како туристички водич, не работи во таа струка бидејќи тешко и е да се пробие на пазарот. Од време на време ги води пријателите, семејството или случајни туристи од Полска кои дошле кај нив дома. Мајка и на Билјана, Гражина издава соби во Охрид. Нивниот дом долго време бил како центар за средбите на Полјаците во Македонија. Билјана често и помагала на мајка и во организирање на средбите, обично по повод на празниците или други важни настани. На овие средби а исто така на кампови за полските деца нашла пријатели. Од време на време оди во Полска. Кога била помлада одела во Полска на кампови, сега ги посетува пријателите и роднините. Тоа е секогаш прилика да ги посети и новите места. Омилениот град на Билјана е Гдањск и таму би можела да живее. Исто така го сака Валбжих каде сеуште живее дел од нејзиното семејство. Иако објективо овој град е грд, таа го сака. Роднините и пријателите му ги дават на градот другите димензии. Иако ја посетува Полска го заборава јазикот. Секојдневно нема прилики да го користи. Но една работа не знае да ја прави на македонски, да му пее на синчето додека го заспива. Му пее полски песни. Нејзината страст е музика. Во средното ушилиште учела да свири виолончело. Сега нема време за тоа но сака да слуша разновидна музика. Сака да ги пее полските божиќни песни. Според неа тие ја прават празничната атмосфера. Тогаш празниците имаат посвечен карактер одколку нивното православно издание. Празниците во домот на Билјана се празнуваат два пати, според католичкиот и праволславниот календар. За католичките празници со мајка и ги подготвуваат полските традиционални јадења. Цело семејство ги сака. Билјана најмногу ги сака руските пирошки и би можела да ги јаде секој ден.

Идентитет

Тешко е да се каже кој е. Секојдневно е Македонка, била покрстена во православната црква, но сега религијата не и е толку важна. Зборува главно на македонски. И се случува да зборува на полски и да ги вметнува полските зборови во македонскиот јазик. Живее во Охрид но не мисли дека тоа ќе биде така засекогаш. Би сакала да замине некаде, да има поубава работа. Сака да е во Македонија и со сигурност тоа е нејзиниот дом. И недостасува Полска, посебно по секое вреќање од таму и би сакала да се пресели во Полска. За Билјана секое место на светот е убаво за живеење. „Важно е да имаш со кого да го подепиш животот, со некој што те сака, те разбира, да имаш во животот пријатели со кои можеш да одиш на пиво и да поразговараш. Тоа не зависи од место. И најгрдиот град може да биде убаво место за живеење, пред се со оглед на луѓето кои те обклопуваат, со оглед на работата која ја работиш. Човек кој е затворен пред другите нема да се снајде никаде. “ На Билјана тешко и е да се определи како се чуствува. Најважно за неа е семејството, пријателството, работата а на идентитетот воопшто не размислува.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS