Barbara Gil-Šumarov
60 години, Струмица
1
2
3

Биографија

Барбара ја поминала младоста во Горниот Шлонск, таму студирала, почнала да работи. Во 1973 година на одморот во Бугарија го запознала нејзиниот иден сопруг. Се венчале три години подоцна, но Барбара заминала во Македонија за постојано дури во 1982 година. Еден период не работела, потоа се вработила како продавачка во стоковна куќа. После распадот на Југославија заедно со семејството заминала на една година во Германија. По враќањето во Македонија го почнала сопствениот бизнис- шиела завеси. Од пред неколку години нејзината здравствена состојба не и дозволува да работи. Има двајца синови. Постариот, роден во Полска, живее во Швајцарија, помладиот заминал во Полска.

Пред заминувањето

Барбара е родена и раснала во Гливице иако по потекло не е од Шлонск. Мајка и потекнувала од Подкарпачие а татко и – офицер во армијата и бивш секретар на партијата – од Честохова. По завршувањето на средното училиште Барбара си направила пауза во обрзаованието и почнала да работи како секретарка на Политехника Шлонска. И тогаш откако матурира, отишла со неколку другарки на одмор во Бугарија. Таму го запознала нејзиниот сопруг Илија. Потоа Барбара го започнала факултетот на Вискоа Економска Школа во Катовице а со идниот сопруг се гледала само преку лето – понекогаш во Македонија, понекогаш тој доаѓал во Полска. И често си пишувале писна, на германски. Конечно, во 1976 година, после три години го склучиле бракот во Полска. По венчавката се вработила и сеуште живеела со родителите во Гливице. Нејзиниот сопруг доаѓал од време на време на два три месеци. Потоа им се родил првиот син, Мартин.

Заминувањето - мотивација

Барбара планирала да живее со сопругот по склучувањето на бракот. Но кога дошла првиот пат во Струмица била уплашена од Македонија. И од условите во кои би требало да живеат. Бројните браќа и сестри на мажот и, свекорот, свекрвата со кои би требало да живеат во малата куќа. Го сметала тоа за премногу тешко и одлучила да остане во Полска до време кога мажот и ќе добие стан. Кога веќе одлучила да замине, добила пасош и била подготвена за селењето започнала вонредна состојба. Не можела да замине, пасошите престанале да важат. Барбара требало да поднесе во Варшава ново барање…но за да оди во главнот град требаше да добие одобрење за патување со воз…Единствен начин на контакт со сопругот било тогаш пишувањето на разгледници- телеграми и телефони не работеле, писмата патувале многу долго. Конечно успеала да ги заврши сите формалности и во март 1982 година заминала во Југославија. Не била сигурна дали возот со кој патувала во Белград нема да биде запрен на некоја граница.

Mиграција - прилагодување

Почнале да живеат заедно во стан на крајот на градот Струмица. На почетокот живееле само од платата на мажот и и свекорот и свекрвата се трудиле да им помогнат. Многу срдечно ја примиле Барбара. Неговите сестри не толку: „За се ме распрашувале, дали сум домаќинка, дали нешто ќе правам со толку долги нокти, мислеле дека не знам ништо да правам“ – се сеќава. „Дали е се направено така како што им се допаѓа, на пример дали имам во фиока весник под вилушките. Јас не користам весници. Дали е избришана машина за перење по перењето…“. Преку првите две години на престојот во Македонија Барбара одела во Полска еднаш за неколку месеци. Во 1984 година добила работа, како продавачка во стоковна куќа но не била задоволна. Кога ја пренеле во канцеларија се почуствувала подобро. После осум години стоковната престанала да работи и Барбара ја изгубила работата. Одлучиле со мажот и да одат во Германија, сакале да останат таму, но не успеале. По една година се вратиле во Македонија. Мислеле да заминат во Полска: „немав веќе сила за селење“. Тогаш помладиот син отишол да студира во Вроцлав во Полска,а постариот заминал во Швајцарија. Сакал да дојдат кај него родителлите но Барбара помислела: „што ќе правам сега во Швајцарија?“ И конечно му рекла на сопругот дека не сака повеќе да замине, дека повеќето живеела овде одколу во Полска.

Секојдневниот живот во Македонија

Останале. Барбара го отворила сопствениот бизнис – шиела завеси и ги продавала во сопствената продавница во стариот дел на градот. Но здравствената состојба ја натера да се откаже од работа. Сега двајцата се во пензија. Доста често патуваат во Полска и кај синот во Швајцарија. Контактот со Послка многу и го олеснува интернетот. Скоро секој ден го пие утринското кафе разговарајќи на скајп со пријателката од Гливице.
Контактите со Полјакињите во Македонија порано биле поинтензивни, сега не се толку. Барбара се сеќава, порано, пред да пораснат децата, со сите Полјакини од Струмица и нивните семејства се сретнувале на Бадник. За времето на прочуениот струмички карневал организирале средби на Полјакините од цела Македонија, секоја година доаѓале над десет лица. Дома Барбара ретко зборува полски. Кога децата оделе на школо, едниот прва смена, другиот втората, требало да им помага во учењето и самата тогаш учела македонски. На полски разговарала само со другите Полјакини. Синовите го научиле мајчиниот јазик на мајка им патувајќи во Полска (помладииот син одел на кампови организирани од полската амбасада) а потоа од телевизијата, мајка им понекогаш им купувала полските книги со бајки. Барбара сама вели дека ако подолго време не оди во Полска почнува да го заборава јазикот и и се менува акцентот. Ги одржува полските традиции – секогаш два пати ги слави Божиќните празници, полските и македонските. На полскиот бадник ги подгитвува дванаесеттите јадења, се чита Библија, на македонските празници го прави традионалниот леб со паричка. Оди во православната и во католичката црква (грчко католичка – таа ја има во Струмица). Помладиот син бил крстен во православната црква но се причестил во католичката.

Идентитет

„Јас се чуствувам Полјакиња. Но мислам дека мажот ми повеќе се жали на Македонија од колку јас. Јас едноставно се навикнав”.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS