Barbara Georgievska
63 години, Скопје
1
2
3

Биографија

Барбара е родена во Славково во 1948 година. После завршувањето на основното училиште во нејзиниот град започнала да учи во средното медицинско училиште во Катовице. На факултет заминала во Варшава, каде студирала специјалната педагогика и библиотекарството. По завршувањето на факултетот работела во Хожов а истовремено вонредно студирала во Краков. Во 1977 година на одмор во Бугарија го запознала сопругот. Во 1978 година заминала кај сопругот во Македонија. По една година учење на јазикот и прилагодувањето кон новите услови ја добила работата во градинка. Од самиот почеток на нејзиното живеење во Македонија била ангажирана во работата на полските здруженија. Тоа и представува голема сатисфакција. Многу често и се случувало да не спие ноќе само за да планираниот настан има добра изведба: „Ние Полјакините многу често спиевме по 2-3 часа само поради тоа да покажеме на настанот што требаше да се одржи следниот ден тоа што е за нас најважно, тоа на што се гордееме, нешто полско“.

Пред заминувањето

Барбара е родена во Славково во 1948 година, што коментира на следниот начин: „воопшто не се срамам, многу добра година. Многу паметни луѓе се родени оваа година“. Во Катовице одела во средното медицинско училиште. По завршувањето на средното образование заминала во Варшава но не успеала да ги положи испитите на медицина. И тогаш направила нешто лудо: „се качив на првиот автобус од кај Медицинската Академија и така некако испадна дека се симнав кај Институт на Марија Гжегожевска. Таму се запишав на специјалната педагогика.“ Истовремено студирала библиотекарство. По завршувањето на факултетите добила добра работа како учител по медицина во медицинската гимназија а исто така во гимназијата Никола Коперник во Хожов работела како психолог. „Имав многу желба да учам. И го сакав Краков – требаше да се родам таму но мајка ми ме родила некаде на одмор.“ Потоа добила работа во Шлонск што не и сметало воопшто „имав многу симпатија кон Шлонск. Не знам зошто. Татко ми многу убаво ги раскажувал вицовите за Шлонск. Кога добив работа во Катовице многу се израдував. И бев таму до 1978 година.“

Заминувањето - мотивација

Барбара го запозна сопругот на одмор во Бугарија во 1977 година. Го склучиле бракот во 1978 година: „можевме да бидеме заедно затоа што мажот ми не зборува многу…јас дома зборувам повеќе…“ За нејзиното семејство одлука да замине во Македонија не била големо изненадување: „моето семејство…немаше голем шок (…) потекнувам од семејство во кое многуте членови се во странство. И тоа со години затоа што семејството на татко ми емигрирало во Франција. Тоа биле времиња кога требаше да се оди по работа, така како што другите Полјаци оделе во Америка. Семејството на татко ми заминало во Франција и јас имам таму многу роднини. Семејството од страната на мајка ми во 90% е во Полска, но другите се во странство, во Канада, во Италија. Не беше ништо чудно кога одлучив да одам во Југославија. “ И така, семејството на Барбара и самата Барбара ги привлекувале другите држави уште пред да го запознае сопругот. И бил интересен светот а бидејќи знаела странски јазици можела да посети дел од Европа: „јас уште на факултет научив неколку јазици и имав желба за учење. Дополнително работев во туристичката агенција Орбис. Многу патував надвор од Полска а и Полска ја запознав. Мајка ми некако знаела дека ќе заминам од Полска. Мене секогаш ми се допаѓаше во странство. Секогаш мислев дека таму би можела да живеам. Дека таму е интересно. Секако не заборавав дека и во Полска би можела исто така да живеам “.

Barbara Georgievska

Mиграција - прилагодување

Пред да замине во Македонија Барбара била загрижена: „на почетокот се плашев, но млада бев и да кажеме чуствата победија. Се плашев од средината…ова е огромна бариера: културата, јазикот. Морав да го издржам тоа и да се прилагодам. Се плашев дали ќе успеам. Но успеав – ако работев тука 34 години, мислам дека успеав. (…) На многу културен начин бев прифатена, навистина многу добро. Тоа имаше големо влијание на полесно прилагодување кон оваа средина“.
Во почетниот период многу и помогнало знаењето на српскиот јазик. Но нејзината амбиција била да го научи и македонскиот јазик – го учеше и сама (од книгите, телевизијата) и исто со помош на споругот. Учењето има резултати со оглед на тоа дека денес работи исто така како судски преведувач.
За прилагодувањето и помогнало исто така тоа што знаела да живее со други луѓе, денес зборува за тоа така: „во животот треба малку да си дипломат, малку политик, малку слеп, малку глув, малку да не разбираш. Кога нешто не ми де допадна свекорот (уште кога беше жив) коментираше <<aaa…ако нешто не ти одговара не разбираш>> на моето прашање <<како, како?>>Јас одговарав <<Па не разбирам, од странство сум, па не можам да разбирам>>.

Секојдневниот живот во Македонија

Сега е во пензија но работи како судски преведувач: „Дополнителна работа, но многу е важна за мене бидејќи имам контакт со другите јазици, морам да го надополнувам знаењето за на пример економија иако не сум економист или правник. Па морам нешто да прочитам, да размислам.“ Во слободното време сака да оди на бавча во близина на градот да се грижи са овошниот насад. Од овошјето после прави превкусни мармелади и други производи.
Постојано многу е важно за неа минатото и сегашното дејствување во врска со Полонија во Македонија. Сите тие години многу сакала да ги одржува давните традиции и да предава знаење за нив – меѓу пшријателите и познатите. Заедно со другите Полјаци сакале да им покажат на другите од каде се, каква е нивната култура: „да се сретнеме во Бадник, да се потсетиме какви јадења ги подготвувале бабите, да ги скршиме јајцата на Велигден, да ги пееме послите песни и религиозните и народните. Многу од нас имаме талент за музика, имаме инструменти, свириме, пееме. Не како во опера, ама пеевме, колку што можевме. Ги вклучивме во тоа и нашите сопрузи, работодавци, пријатели. Немаше смисла тие средби да се само за семејствата. Претставувајќи ги нашите обичаи (…) сето тоа што го научивме во Полска, решивме да го прикажеме тоа што ни предадоа наште мајки и баби, тоа што е полското. Многу беше важно да им го покажеме тоа на нашите македонски пријатели. И многу од нив сега многу сакаат варена зелка, компоти, супи, супа од црвеното цвекло многу ја сакаат нашите пријатели.“

Идентитет

Чуството на Полјакиња се манифестира на неколку начини кај Барбара.„секогаш употребувам понекој полски збор…полската традиција. Понекогаш ќе се потсетам како е кај нас. Тука се прави нешто така а кај нас на друг начин. Од ова не може да се избега затоа што засекогаш ќе бидеме Полјаци, нели?. Таму се родивме, од онаа средина сме. Таму не научиле да зборуваме, пееме, пишуваме, играме, готвиме и скако за личната култура. Сето тоа го изнесовме од дома. И тој дом трае, трае, трае се до тука, веќе толку години (…) Така како што реков ќе умрам како Полјакиња, не знам само каде ќе ме погребат“.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS