Anna Trajanovska
1
2

Биографија

Ана Трајановска е родена во 1953 година во Гижицк каде што завршила основно и средно училиште. По тоа студира економија на транспортот во Гдањск. Во текот на студиите била на тримесечната практика во Македонија и таму го запознала нејзиниот иден сопруг. Мажот и на Ана тогаш студирал југословенската филологија на универзитетот во Скопје, знаеше исто така полски јазик. После враќањето во Полска и завршувањето на факултетот Ана почнала да работи во дирекција на железницата во Гдањск а после тоа во Олштин каде што останала се до моментот на одењето во Македонија, значи до 1979 година. Трајановски го склучиле бракот во Полска во 1978 година. Мажот и на Ана требало да отиде во Македонија да регулира воената служба. Ана требаше да одработи 3 години во Полска после завршувањето на факултетот и во 1980 година засекогаш отишла во Македонија. На почетокот живееле со фамилија на мажот и во маало Топанско Поле. До 1988 година Ана не работела и ја чувала ќерка и. Во овој период станала судски преведувач. Покрај документи и писмени преводи, преведувала усно за време на посетите на полските делегации во Македонија, вклучително и за време на посетата на македонскиот претседател во Полска. По доаѓањето во Македонија заедно со сопругот се ангажирале во активностите на полското друштво „Висла“, со кое издавале билтен под истиот наслов опишувајќи ја дејноста на друштвото. Се занимавале со организација на бројните настани кои ја обединувале Полската колонија во Македонија – проекции на филмови, концерти, полски вечери и активностите на полската школа. Сега покрај работењето околу полското друштво, Ана работи во македонските железници . Од 1992 живее со мажот и во Карпош.

Пред заминувањето

Ана е родена во Гижицк, таму растела, завршила основно и средно училиште. Нејзините родители биле учители. После завршувањето на средно школо се запишала во Гдањск на факултет – економија на транспортот. Во текот на факултетот прв пат отишла во Скопје каде што го запознала нејзиниот иден сопруг – тогаш студент на југословенска книжевност. „Во Полска не беше тогаш толку лошо. Ние бевме воспитани во тој систем и стигнавме да се навикнеме на него. Но во Македонија беше некако поинаку…Ми се допаѓаше таму“ – вели денес Ана. Рзликите меѓу тогашниот живот во Македонија и Полска ги оценува како големи. Рзликата во економската ситуација бепше привлечна. Но од нејзиниот прв престој во Скопје се сеќава на симпатија од страна на луѓето и интересен друг стил на животот.
После завршувањето на факултетот Ана работела во Гдањск во управа на железницата а по тоа во Олштин се до нејзиното заминување во Македонија во 1979 година.
Во тоа време нејзиниот иден сопруг ја посетил во Полска и догаш ја донеле одлуката да склучат брак. Во 1978 година Трајановски се венчале а една година подоцна Ана заминала во Македонија – на почетокот како турист за да се одлучи конечно да остане таму.

Заминувањето - мотивација

Причина за која се одлучила да оди во Македонија беше чисто практична „Со мојата струка имам повеќе шанси да најдам работа во Македонија одколку мажот ми со југословенската книжевност во Полска – и тоа беше решавачки“ – раскажува денес Ана. После склучувањето на бракот во Полска во 1980 година Ана заминала засекогаш во Македонија. Реакциите на средината на нејзината одлука биле позитивни. Симпатијата спрема мажот и на Ана и толеранција спрема нејзината одлука направиле дека немало никакви недоразбирања со нејзината фамилија. „Оваа беше мојата одлука а тие ја почитуваа“ – вели таа. Исто така полсе доаѓањето во Скопје немала никакви проблеми со прилагодувањето.

Anna Trajanovska

Mиграција - прилагодување

Ана многу брзо се прилагоди на новите услови на животот во Македонија. На почетокот живееле заедно со семејството на сопругот, каде што односите им биле многу добри. „Бев изненадена како позитивно ме примија. Можеби сакав на почетокот да им наментам некои мои навики, но не ме сретна ништо непријатно, исто така и со обичаите. Во семејството ги славевме сите празници – католочките и православните“.
На почетокот Ана не зборувала на македонски, но како сама тврди јазикот дојде сам од себе. „Македонскиот јазик дојде сам од себе, од улица. На почетокот полесно ми беше да читам на српски и на хрватски, затоа што списанијата и весници тогаш се издаваа на српски“. Знаењето на јазикот се појави на природен начин.
Како што забележува Ана денес, односот кон странците тогаш беше многу позитивен. „Во Македонија односот кон странците беше многу позитивен и јас бев од тоа изненадена. Понекогаш се однесуваа со мене дури и подобро“.
На почетокот Ана не одржувала контакти со Полјаци, што потоа се сменило, особено одкако се ангажирала во активностите на друштвото „Висла“ и животот на Полјаците во Скопје.
Голема улога во интеграцијата на Појлаците во Македонија отигра и Црквата (католичка или православна). Ана од самиот почеток ги одржувала контактите со Македонците кои живееле близу, со Егејци кои дошле од Полска.

Од почетокот како Појлакиња се сретнала со почит и симпатија од страната на средината и таа состојба траеше многу години кога Ана живеела во Македонија.

На почетокот Ана многу често патувала во Полска – пред се за празниците и за да се сретне со фамилијата. Вистински „полски дом“ почна да води одкако се преселиле од фамилија на мажот и и почнале да живеат сами.

Првите осум години од доаѓањето во Скопје Ана не работела. Тоа бил тежок период кога семејството Трајановски размислува да се вратат во Полска. Се се сменило кога Ана се вработила и стана финансиски самостална.„Кога почнав да работам, кога го создадов мојот свет, кога финансиски застанавме на нозе, почувствував дека можам да живеам во оваа држава. И не размисував повеќе“ – се сеќава денес Ана.

Секојдневниот живот во Македонија

Ана работи во македонската железница како управител на патнички транспорт. Живее со мажот и во Скопје, во Карпош. Имаа една ќерка која денес живее во Краков. Трајановски активно учествуваат во животот на македонската Полонија, се членови на здружењето „Висла“ поради кое има постојан контакт со другите Полјаци во Македонија. Преку здружењето организирале денови на полската култура, проекции на филмови, концерти, денови поврзани со државните и католичките празници.
Дома ги користат двата јазици – полскиот и македонскиот. Мажот и на Ана го знае полскиот јазик иако сега веќе не толку добро како порано. Ана со ќерка и од почеток зборувала само на полски јазик и се трудела да се интересира за Полска и да учествува во полското училиште. Ова беше подржувано со посетите во Полска. Врзување на двете култури и традиции придонесе тоа што во домот на Ана се славеше сите празници- католичките и православните.
На почетокот Ана многу често одела во Полска – сега ја посетува Полска еднаш годишно. Фамилијата на Ана исто така ја има посетувано во Скопје. Ќерка и на Ана сега живее во Полска. Ана го одржува контактот со фамилијата во Полска прку интернет и телефон. Но пријателите ги има пред се во Македонија – а тоа се и Полјаците и Македонците. „Во Полска всушност немам повеќе пријатели. Со познатите одржувам контакт преку телефон но не сме се виделе со години“ – раскажува денес.
Ана преку интернет ги следи вестите од Полска, се интересира за политиката. Следи информации за случувањата во Полска.

Идентитет

Ана е поврзана со Полска, со полската култура и традиција. Иако живее во странство не заборава на од каде потекнува. Ова се одразува во активностите во полското друштво. Исто така се чуствува поврзана со Македонија и има голема симпатија кон оваа држава. Секако е и се чуствува како Полјакиња, одржува постојан контакт со фамилијата во Полска и ја посетува Полска. Тврди дека тоа е нејзината обврска. Но тоа Македонија е место каде што се решила да го проживее животот. „Ја сакам Македонија. Зе заљубив во оваа држава. Овде имам пријатели, тука ми е фамилијата. Во Полска имам исто фамилија, но немам пријатели. Мојот живот е овде. Овде живеам веќе 33 години, во Полска живеев само 25..“- вели денес Ана.
Според Ана Полска и Македонија се разликуваат по менталитетот. Според многуте Македонците за време на Југославија живееле подобро одколку сега. Економската и политичката состојба денес би можеле да се многу подобри, тврди Ана, а Македонците имаат право да се жалат бидејќи изгубиле многу а иднината не изгледа оптимистички. Но Полјаците покрај тоа што добиле многу, постојано се жалат и не знаат да го оценат тоа и покрај тоа што знаат као беше порано и како е сега.
„Навистина кога одам во Полска гледам многу промени. Можеби тие што живеат таму не ги гледат. А најмногу не ми се допаѓа нивото на политичките дискусии“.

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS