Anna Jovanov
50 години, Радовиш
1
2
3

Биографија

Ана е родена и растела во Тарнов во работничкото семејство. Нејзиниот сопруг го запознала на студиите во Краков. Се венчале уште пред да го завршат факултетот и почнале да живеат заедно во студентскиот дом. Во Југославија заминале после четири години. Таму мажот и на Ана веднаш добил работа, но таа долго не можела да најде вработување. Дури по десет години најде работа како шивачка во конфекцијата, потоа уште на неколку места и конечно за постојано – во општината. Има две ќерки. Постарата – Моника – заминала да студира во Полска и таму останала. Помладата – Даниела – студира стоматологија во Штип.

Пред заминувањето

Била воспитана во работничкото семејство во Тарнов како втора од четирите ќерки. Татко и беше работник во фабриката за пестициди, мајка и се занимавала со домот. Живееле скромно. „Немавме премногу дома но сепaк родителите успеаa да не испратат четирите деца да студираме значи не беше пак толку лошо!“. Сите сестри ги завршиле студиите во Краков. Две од постарите емигрирале (меѓу нив таа). Ана го запозна нејзиниот сопруг на политехника. Панче студирал во истата група со братучедот и на Ана. Го склучиле бракот уште во текот на студиите и почнале да живеат заедно во студентскиот дом. Таму е родена нивната прва ќерка – Моника, која сега живее во Полска. Имале две свадби – една полска во 1983 година а следната година во Македонија, во Радовиш – за семејството на младоженецот. Од склучувањето на бракот живееле заедно во Краков. Кога мажот и го завршил факулетот и требало една година да служи во војска Ана остана сама со ќерка и во Полска и на еден период се пресели кај родителите.

Заминувањето - мотивација

„Можеби бев премногу млада и малку не размислував за некои работи, како може да биде“ – вели денес Ана за својата одлука да замине за постојано. Но изгледа дека се шегува затоа што веднаш потоа додава: „Тогаш подобро беше во Југославија и мажот ми веднаш знаел деќа ќе има работа“. И навистина после две недели од доаѓањето мажот и нашол работа во рудникот за бакар во близина. За жал Ана трeбаше да чека за работа цели десет години. Почнала да живее во куќата на свекорот и свекрвата(потоа доградиле спрат на коj што живеат сега) но воделе две домаќинства. Првиот впечаток била егзотиката – жештина, секаде се сушел тутун, турските селани облечени во шарената облека кои доаѓале на пазар во Радовиш. И Ана за македонските соседи била егзотична: „Бев атракција, сите секако знаеле дека дојдов, сакале да ме видат, сите покажувале со прсти – која е таа?“ На свекорот и свекрвата им било чудно дека носи кратки панталони („Жена си, имаш деца, не смееш да се облекуваш вака!“, неа ја чудело дека додека работат надвор сите се облекуваат да се заштитат од сонцето. Исто религиозниот живот и бил чуден – на почетокот им обраќала внимание на луѓето во црква кога почнувале да зборуваат во текот на свеченоста, разговарала со попови што и помогнало подобро да го запознае православието.

Anna Jovanov

Mиграција - прилагодување

Затоа што Ана со текот на години не можела да најде работа а економската состојба во Македонија не била најдобра, семејството Јованови почанло да размислува да замине во Канада или Нов Зеланд. Останале, бидејќи не успеале да добијат виза. Во меѓувреме Ана ја роди уште едната ќерка. Дури кон крајот на деведесетите години успеала да се вработи како шивачка, потоа во продавница а конечно во општината, каде што работи до денес. Се занимава меѓу друго со издавање на градежните дозволи. Наоѓањето на постојаната работа било најважниот момент во нејзиниот живот во Македонија, кој придонел дека останала тука за постојано. Станувала свесна за тоа кога одела во Полска да го посети нејзиното семејство – по една недела две веќе чуствувала дека мора да се врати.: „По извесното време, по неколку години се забележува дека тие таму веќе имаат сопствен живот, други проблеми и така натаму. Јас имам живот овде.“ На Македонците по повеќе од десет години им се чини поблиска и не толку егзотична. Луѓето со кои работи кога го слушат нејзиниот странски акцент најчесто погодуваат дека потекнува од Белград. Можеби уште не е од Радовиш но веќе не е ни странец.

Секојдневниот живот во Македонија

Во домот на Ана сите знаат полски јазик и ги чуват полските традиции. Божиќ се слави два пати. На католичкиот бадник Ана ги подготвува полските јадења, го кршат празничното бело лепче што го праќа ќерка и од Полска а на прв ден на Божиќ воведоа новата традиција – сите македонски пријатели ги посетуваат. Две недели подоцна заедно со свекор и свекрва ги слават православните празници. Постарата ќерка, која живее во Полска била крстена во католичката црква. Помладата – во православната, но откако била мала мајка и ја носела на часови по религијата во католичката црква во Струмица. Сега Даниела не знае дали е католик или праволлавен. Во текот на празници сите одат во црква но иако сите знаат дека Ана е католик за никого не претставува тоа проблем. За да не го заборават полскиот јазик одлучиле во некои денови да разговараат само на полски. Но никогаш потполно неуспеале, на некој ќе му притребал некој збор и требало да се префрли на македонскиот. Децата го научиле полскиот јазик благодарејќи им на годишните одмори во Полска (кај семејството или на кампови) и од телевизија – полската телевизија се гледа често во семејството Јованови. Контактите со Полска се живи, често патуваат во Полска. Ана ги пронашла многуте пријатели на социијалната мрежа Наша Класа. Контактите со Полонијата малку се ослабнати. Биле поинтензивни кога децата биле мали. Тогаш Полјакините се сретнувале на предпразничните средби организирани од Здружението, имало пакетчиња, песнички…Сега Ана го одржува контактот со неколку Полјакини во Македонија, си праќаат честитки, се слушат по телефон, но прилики за средби има помалку одколку порано.

Идентитет

Во Полска се чуствува како Полјакиња, во Македонија – скоро како Македонка, но секогаш се сеќава на своите корени и сепак малку се разликува од Македонците. Кога имаше конфликт во Македонија имала прилика да го покаже нејзиниот патриотизам. „Доаѓам на работа и сите уплашени велат <<Почна војната! Што да правиме? Бегаме во Бугарија…кога ќе нападнат тука…>>А јас застанав пред нив и реков: Па какви патриоти сте вие?! Јас сум Полјакиња и нема да бегам, а кога ќе треба ќе се борам и со Албанците, но нема да бегам! А вие ќе бегате? Нема! Ќе седите тука!“

Pomóż rozwijać etnografię w internecie.

WESPRZYJ NAS